Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат посветено да го имплементираат Договорот за добрососедство и да ја зајакнуваат соработката во позитивна насока и со поголема волја за решавање на сите предизвици, истакнаа на денешната средба првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов. Груби му се заблагодари на амбасадорот Ангелов за брзата интервенција на бугарските власти во насока на целосно расветлување на трагичниот настан во кој животот го изгубија 45 патници од Северна Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните. Брзото и успешно затворање на спорот меѓу двете…
Во последната студија на службите на Европската комисија е пресметано дека земјите членки на ЕУ во просек изгубиле 134 милијарди евра по основ на приходи од ДДВ во 2019 година поради „фискална оптимизација“. Поради фискална евазија, но и административни грешки при пресметки што ги чинат земјите членки значајни приходи, Европската комисија бара таргетирани и ефикасни политики за да се одговори на оваа појава. За Европската Комисија изгубените приходи од ДДВ имаат „екстремно негативни последици“ врз капацитетот на владите да инвестираат во јавните добра како образование, здравство и транспорт, посебно во контекст на економската криза предизвикана од пандемијата, како и климатската криза.…
Кинеските власти денеска дадоа дозвола за летање на технички надградениот авион „Боинг 737 Макс“ по повеќе од две години, откако моделот беше приземјен низ светот поради две фатални несреќи. Кина е последниот голем пазар од кој „Боинг 737 Макс“ чекаше одобрение, откако САД дадоа дозвола за летање во декември 2020 година, а Европската Унија во јануари оваа година. И Бразил и Канада, исто така, го одобрија продолжувањето на летањето на овој модел на авион од нивните аеродроми. Државите одлучија да ги забранат летовите на моделот на Боинг по смртта на 246 лица по уривањата на авиони на компанијата „Лајон Ер“…
Кина го забрзува истражувањето и развојот на вакцината против ковид-19 конкретно насочена кон варијантата Омикрон, изјави денеска здравствен претставник. Досега, во Кина не се пријавени случаи на зараза со најновиот сој на коронавирусот. Врз основа на различни технологии, ние забрзано работиме на истражување и развој на вакцини против варијантата Омикрон, рече Џенг Жонгвеи, шеф на специјалната група за развој на вакцини против ковид-19. Потенцијалната вакцина против Омикрон можеби нема да треба да се користи, но неопходно е Кина да се подготви, рече Џенг. Досега нема цврсти докази дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат со вакцинација, но се очекува дека повеќето…
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ изразува поддршка за одлуката за зголемување на цената на кесите во маркетите што стапи во сила од денеска на што се гледа како прв чекот во борбата со пластичното загадување. Притоа апелираат до трговците да стимулираат користење на торби за повеќекратна употреба или хартиени кеси, но изразуваат и надеж дека во иднина ќе се забрани употребата и на останатите пластични производи за еднократна употреба како чаши, прибор за јадење и цевки. Ја поддржуваме одлуката за преземање на мерки за да се намали употребата на пластични кеси и очекуваме таа да има…
Ситуацијата во Авганистан продолжува да се влошува и оди кон хуманитарна катастрофа, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов. Хуманитарната ситуација во Авганистан брзо се влошува, а за жал, земјата ита во хуманитарна катастрофа, рече Кабулов, кој е и директор на Вториот азиски оддел на руското Министерство за надворешни работи. Рускиот претставник за ситуацијата ги обвини западните земји кои ги блокираа државните средства на Авганистан. „Така, од една страна, Светската банка деблокираше 500 милиони долари од авганистанските резерви, но пред неколку месеци ги исклучи локалните банки од платниот систем СВИФТ, оневозможувајќи им да склучуваат меѓусебни зделки“, нагласи рускиот дипломат.
Повлекувањето на гас од подземните складишта во Европа во ноември достигна рекорд од 2011 година, покажуваат податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ). Потрошувачката на гас од складиштата во Европа во ноември изнесувала околу 11,68 милијарди кубни метри. Ова е втор врв од 2011 година, а првиот беше во 2016 година, кога од европските складишта за гас беа повлечени 11,78 милијарди кубни метри. Така, вкупното полнење на европските складишта на крајот на претходниот месец се намали на 68,05 проценти и сега изнесува околу 73,46 милијарди кубни метри.
Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш денеска изјави дека забраната за патувања воведена поради ковид-19, која изолира која било земја или регион, „не само што е длабоко неправедна и казнена, туку е и неефикасна“. Говорејќи пред новинари во Њујорк, Гутереш рече дека единствениот начин за намалување на ризикот од пренесување на вирусот, а истовремено да се овозможат патувања и економски ангажман е да се тестираат патниците неколку пати, со примена на други дополнителни соодветни мерки чија ефикасност е потврдена.
Бугарија ќе обезбеди експертска поддршка на Северна Македонија во подготовката на законодавството од областа на трудот и здравјето и безбедноста при работа, согласно барањата на Европската Унија (ЕУ). На овој начин Бугарија ќе го поддржи патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ и социјалната политика, соопшти Министерството за труд и социјална политика на Бугарија по средбата во Софија на бугарскиот вицепремиер и министер за социјала Галаб Донев и неговата македонска колешка Јагода Шахпаска. Како што јави дописникот на МИА од Софија, размената на искуства во подготовката на прописите ќе биде дел од програмата за соработка во областа на вработувањето…
Зоран Кардула, на покана од „Божиновски часовници и накит“, го изработи првиот локализиран дизајн на Своч (Swatch) часовникот на кирилица – Дениција. Познатиот уметник и графички дизајнер во изјава за Фронтлајн вели дека мотивот е во негов препознатлив стил, односно лик на жена како инспирација од македонската поезија. „За некој ден и официјално ќе биде промоцијата на часовникот кој излегува по повод 30 години од самостојноста на нашата држава и 30 часовници ќе бидат понудени на аукција. Мотивот овој пат е Дениција како инспирација од македонската поезија. Ликот е впечатлив, силна, борбена жена облечено во црвено во позадина има мотиви во…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека вакцините за деца против ковид-19 произведени од „Фајзер“/„Бајонтек“ ќе бидат достапни во Европската Унија (ЕУ) на 13 декември. На прес-конференција посветена на текот на пандемијата и појавата на новата варијанта Омикрон, таа исто така рече дека се согласува во ЕУ да се одржи „дискусија“ за задолжителната вакцинација. Во време кога новиот сој на вирусот Омикрон го загрижува светот, Фон дер Лајен во однос на задолжителната вакцинација оцени дека е „соодветно и разумно да се разговара сега“, наведувајќи дека тоа е нејзин „личен став“. Тоа би барало заеднички пристап,…
Реформите во правосудството не се само критериум за ЕУ, туку се основата за владеење на правото, што е клучно во просперитетот, напредокот и благосостојбата на државата и нејзините граѓани, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ на одбележувањето на 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители. Во срцето на овие реформи се независни, одговорни и професионални судии и обвинители, кои ќе се резултат на квалитетна модерна обука и образование. Тука Академијата ја игра најважната улога. Таа е „храм на образованието во правосудниот систем“, изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството…