Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш денеска изјави дека забраната за патувања воведена поради ковид-19, која изолира која било земја или регион, „не само што е длабоко неправедна и казнена, туку е и неефикасна“.

Говорејќи пред новинари во Њујорк, Гутереш рече дека единствениот начин за намалување на ризикот од пренесување на вирусот, а истовремено да се овозможат патувања и економски ангажман е да се тестираат патниците неколку пати, со примена на други дополнителни соодветни мерки чија ефикасност е потврдена.