Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Академијата е храм на образованието во правосудниот систем

0
By Sashko on December 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 1, 2021 20:35

Реформите во правосудството не се само критериум за ЕУ, туку се основата за владеење на правото, што е клучно во просперитетот, напредокот и благосостојбата на државата и нејзините граѓани, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ на одбележувањето на 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители.

Во срцето на овие реформи се независни, одговорни и професионални судии и обвинители, кои ќе се резултат на квалитетна модерна обука и образование. Тука Академијата ја игра најважната улога. Таа е „храм на образованието во правосудниот систем“, изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри. Но, може да се каже и дека е појдовна точка за целокупниот правосуден систем со значајна улога на чувар на достоинството и кредибилитетот на судиите и јавните обвинители, рече Маричиќ во поздравниот говор.

Како што нагласи, од нејзиното формирање, па сè до денес, Академијата за судии и јавни обвинители се соочуваше со разни предизвици кои на површина ги извадија недостатоците на постојниот закон, кој многупати досега трпел измени.

Лоцираните слабости кои навистина претставуваа пречка за поефикасно функционирање на Академијата за судии и јавни обвинители, за нас беа показател дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон, кој произлезе од реформите кои се спроведуваат континуирано, имплементирајќи ги паралелно препораките од Прогрес извештаите кои претставуваат клучен приоритет во пристапното партнерство кон Европската Унија, посочи Маричиќ.

Измените и дополнувањата на Законот за Академија на судиите и јавните обвинители, додаде, се во насока на исполнување на заложбата и ангажманот на Владата и Министерството за правда, но и на Академијата во процесот на креирање на независен, непристрасен и ефикасен правосуден систем кој одговара на европските стандарди.

Академијата и понатаму останува единствена точка за влез во судството и јавното обвинителството, каде судиите и јавните обвинители во континуитет добиваат стручно усовршување на теоретските и практичните знаења според однапред подготвени програми, дизајнирани според потребите на целните групи. Ова е формулата која носи квалитет во правосудниот систем бидејќи продуцира кадри на судии и обвинители кои покрај домашното законодавство, ја знаат и применуваат Европската Конвенција за човекови права и слободи, законодавството на ЕУ и други меѓународни стандарди, истакна Маричиќ.

Според него, важна улога во целокупниот развој на Академијата одигра придонесот на меѓународната заедница и меѓународните организации, особено на Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, Делегацијата на ЕУ и Америкснаката амбасада и нивната поддршка во процесот на институционализација на продолженото образование на судиите и обвинителите, кое, како што рече, несомнено е клуч за непречено функционирање на правната држава.

Академијата за судии и јавни обвинители, има целосна поддршка од Министерството за правда, кое и во иднина останува нејзин партнер и заедно со сите правосудни актери кои даваат свој печат во нејзиното работење, ќе ја продолжиме соработката, со заеднички влог за зајакнување на нејзините капацитети, и во градењето профил на европски судија, што во крајна линија ќе доведе до враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, потенцира Маричиќ.

Тој ги повика сите чинители, пред сè, правосудните институции, да се надминат различностите по различни основи и за темите од суштинско значење кои го засегаат секој граѓанин, и да се обединат во ставовите, насоките и правецот за реформата на правосудството. Нагласи дека грижата на Владата се гледа во буџетот за наредната година во кој се предвидени повеќе средства за судството меѓу кои и за зголемување на платата на вработените во правосудните институции.

Директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска рече дека уште во далечната 2006 година се етаблираше како респектабилна институција со посебна улога и значајно место во правосудниот систем и уште од самото основање воведе нов концепт на независна селекција за прием со цел постигнување независно, непристрасно и високо професионално и ефикасно вршење на судиската и јавно обвинителската функција.

До денеска, како што кажа, шест генерации со вкупно 130 кандидати ја завршија почетната обука на Академијата и од нив  66 веќе ја извршуваат судиската, а 64 јавно обвинителската функција. Во моментов обука следат 59 слушатели од седмата генерација го следат практичниот дел на почетната обука, а 97 слушатели од осмата генерација догодина ќе ја започнат обуката.

Беса Адеми, претседателката на Врховниот суд рече дека отворањето на Академијата за судии и јавни обвинители е позитивен чекор за воведување на европските стандарди во судството. Академијата, како што кажа, продуцира едуцирани кадри со европско ниво на знаење и претставува одржлив модел на континуирана едукација и обука на кадрите за создавање идни квалитетни судии и јавни обвинители.

Љубомир Јовески порача дека сите траба да се сигурни дека имаат еднакво право на законито судење и дека се еднакви пред правдата.

Токму ние обвинителите и судиите треба да ја обезбедиме еднаквоста на правдата. Секој од нас треба да и погледне на вистината во очи и да не бараме оправдувања за долгото траење на постапките. Токму долгото траење на постапките не ја остварува правдата. Затоа на оние судии и обвинители кои се раководат од други принципи не им е местото со нас, рече Јовески.

Додаде дека реформата на судството треба да носи промени во навиките и оти Академијата е таа која треба да ги избере најдобрите кандидати.

Претставниците на дипломатскиот кор во земјава истакнаа дека Академијата игра клучна улога во реформата на судскиот систем во земјава и посочија дека едуцира стручен кадар со многу голем ентузијазам. Најавија дека ќе продолжат со нивната поддршка на Академијата.

Академија Бојан Маричиќ Јавни обвинители Македонија судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.