Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен е за дискусија за задолжителна имунизација: Вакцини за деца во ЕУ од 13 декември

0
By Sashko on December 1, 2021 СВЕТ
Фото: france24.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 1, 2021 20:44

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека вакцините за деца против ковид-19 произведени од „Фајзер“/„Бајонтек“ ќе бидат достапни во Европската Унија (ЕУ) на 13 декември.

На прес-конференција посветена на текот на пандемијата и појавата на новата варијанта Омикрон, таа исто така рече дека се согласува во ЕУ да се одржи „дискусија“ за задолжителната вакцинација.

Во време кога новиот сој на вирусот Омикрон го загрижува светот, Фон дер Лајен во однос на задолжителната вакцинација оцени дека е „соодветно и разумно да се разговара сега“, наведувајќи дека тоа е нејзин „личен став“.

Тоа би барало заеднички пристап, но мислам дека тоа е разговор што треба да се одржи, рече таа.

Според неа, ќе бидат потребни околу 100 дена за научната заедница да го приспособи одговорот на вакцината на новиот сој на вирусот. Во врска со вакцините за деца, Фон дер Лајен изјави дека вчера добила „добри вести“ од „Фајзер“/„Бионтек“.

Тие се во можност да го забрзаат производството. Со други зборови, вакцините за деца ќе бидат достапни од 13 декември, додаде Фон дер Лајен.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) денеска препорача децата на возраст од пет до 11 години да се вакцинираат против ковид.

Наведено е дека приоритет треба да се даде на деца со висок ризик од развој на тешки форми на болеста, но дека и децата без ризик фактори можат да развијат и потешки форми и да бидат хоспитализирани и оти сите деца на таа возраст треба да бидат вакцинирани.

Од Центарот истакнаа дека уделот на хоспитализација на деца на возраст од пет до 11 години со ковид расте, како и за сите други возрасни групи, но останува на многу пониско ниво отколку кај возрасните.

вакцинација деца ЕК ЕУ Ковид-19 Свет Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.