Author: Sashko

Вчера на територија на Град Скопје беа санкционирани 44 возачи кои возеле побрзо од дозволеното и 20 возачи кои немале возачка дозвола. Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 161 мерка. Меѓу нив има и 10 мерки за вградени неатестирани фолии, осум за нерегистрирани возила и четири за користење на мобилен телефон. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Read More

Најмалку пет лица загинаа во терористички напад, а 15 се повредени и пренесени во болница по силната експлозија што утринава се случи во центарот на сомалиската престолнина, Могадишу. Според локални медиуми, во експлозијата загинале осум лица, а се повредени најмалку 23 лица. Експлозијата во близина на крстосницата К4, во срцето на Могадишу, беше толку голема што ги урна ѕидовите на блиското основно и средно училиште Мукасар, а во нападот се уништени и голем број автомобили. Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде групата Ал Шабаб која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда. Цел на нападот бил конвој на Обединетите Нации…

Read More

Ирак и САД во јули се договорија до крајот на годината да се повлечат сите американски борбени трупи. Агенцијата „Анадолија“ пренесува дека според овој договорот, странските сили ќе го напуштат Ирак во рок од 15 дена. Генерал-мајор Тахсин ал-Кафаџи, портпарол на заедничката оперативна команда, за ирачката државна агенција кажа дека заминувањето на странските сили се одвива според планот. Тој, меѓутоа, додаде дека во воената база „Аин ал Ашад“ ќе остане ограничено странско присуство. Поголемиот дел од борбените сили го напуштија Ирак, оставајќи ги само советниците и оние кои работат во областа на разузнавањето, извидувањето и обуката, додаде Ал-Кафаџи. На покана…

Read More

Политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета, рече привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во речиси едночасовното интервју за БНТ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ. Јанев, исто така, рече дека пред да ја преземе преодната влада во мај оваа година, позицијата не била јасно соопштена. Нема да отстапиме од нашата позиција, изјави премиерот на Бугарија Стефан Јанев.

Read More

Македонските власти земаат биолошки материјал од роднините за ДНК анализи. Тезата за тубите е шпекулација, бугарските обвинители работат на истрагата, изјави државниот обвинител на Северна Македонија, Љубомир Јовески за БТВ и објасни дека при увидот на опожарениот автобус на автопатот „Струма“, видел пластични туби кои не изгореле. Јовески објасни дека во моментот се зема биолошки материјал од роднините на загинатите во С. Македонија за ДНК тестови и идентификување на телата. Тој рече дека македонското обвинителство ќе се активира дури откако случајот ќе биде истражен од бугарските обвинители, бидејќи тие нема да најдат ништо паралелно. Македонското и бугарското обвинителство во моментот…

Read More

Делницата од автопатот „Струма“, на која во вторникот рано наутро изгоре автобус при што загинаа 45 лица, била „послана“ од македонска компанија пред неполни 20 години, изјавија сообраќајни експерти од Ќустендил за нова.бг кои се запознати со реализацијата на проектот, пренесе БНР. Дизајнерот е бугарска фирма, Македонците беа само изведувачи. Оваа делница кај селото Боснек не е магистрала, туку автопат. Неговата изградба, по добиен тендер, беше доверена на македонска компанија. Но, оваа комплицирана ситуација со чешмата не ја предвидоа Македонците, туку бугарскиот проектант и патните служби, коментираат експертите. „Значи, не е виновен изведувачот. Инаку, трасата е во добра состојба и…

Read More

Либиската изборна комисија ја отфрли кандидатурата на Саиф ал Ислам Гадафи, син на поранешниот шеф на државата Моамер ел-Гадафи, за претседателските избори што се закажани на 24 декември. Саиф ал Ислам Гадафи е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за ’злосторства против човештвото. Тој ја поднесе својата кандидатура на 14 ноември и еден е од 25-те одбиени кандидати, се наведува во соопштението на Високата изборна комисија (ХНЕК). ХНЕЦ образложи дека 25-те кандидатури се одбиени врз основа на повеќе законски одредби, како и дописи од државниот правобранител, началникот на криминалистичката полиција и претседателот на Управата за пасоши и државјанства. Изненадувајќи ги…

Read More

Идентификацијата на 45-те загинати во завчерашната тешка сообраќајна несреќа ќе се прави по земање на биолошки материјал од роднините на жртвите. Целата процедура се очекува да трае најмалку седум дена по што ќе биде организирано пренесување на нивните посмртни останки од Бугарија во земјава. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на вчерашната средба со надлежниот главен обвинител во Софија, разговарал за забрзување на процесот на собирање на биолошки материјал од роднините, кој треба да се спореди со ДНК на жртвите, за што во Скопје ќе биде пратен бугарски тим истражители. По завршување на идентификувањето на загинатите, МНР односно државата, рече…

Read More

Продолжува неизвесноста за вработените кои сè уште не се вакцинирани против ковид-19. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) е против барањето за тестирање на невакцинираните работници на свој трошок, а за коморите е неприфатливо претпријатијата да плаќаат за тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат. Одлука за невакцинираните ќе донесе Владата на наредната седница. Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа во ниту една своја одредба не укажуваат на ваквата можност, напротив секое барање и инсистирање на работодавачите во врска со здравствената состојба на работниците изречно во законите е наведено дека е на…

Read More

Германија ја надмина бројката од 100.000 смртни случаи од ковид-19 и објави рекордно високо ниво во бројот на новозаразени и бројки за инциденца од седум дена. Бројките од Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“ (РКИ) објавени рано утрово покажуваат дека од почетокот на пандемијата во земјата починале 100.119 луѓе од или со ковид-19. Бројот на регистрирани новозаразени во еден ден, исто така, за првпат е над 70.000, поточно здравствените власти пријавија 75.961 случај за 24 часа, што е за преку 10.000 повеќе во споредба со една недела претходно (65.371). Последната седумдневна инциденца е 419,7, што претставува уште еден рекорд…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени, а максималната од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени. Под влијание на влажен бран, од утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Read More

Децата и адолесцентите се под помал ризик од тежок облик на ковид-19, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО), при тоа упатувајќи апел до државите да ги споделат вакцините со сиромашните држави во рамките на програмата КОВАКС. СЗО укажа на ретката појава на воспаление на срцевиот мускул кај помладите лица по примање на мРНК вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“, но нагласи и дека последиците се благи и луѓето кои имале несакани ефекти добро реагирале на лекувањето на миокардитот. „Бидејќи многу делови од светот се соочуваат со недостиг на вакцини, земјите кои вакцинирале многу луѓе треба прво да ги споделат вакцините…

Read More