Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува неизвесноста за невакцинираните: Кој ќе плаќа за ковид-тестови, компаниите или лицата?

0
By Sashko on November 25, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: news-medical.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 25, 2021 07:50

Продолжува неизвесноста за вработените кои сè уште не се вакцинирани против ковид-19. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) е против барањето за тестирање на невакцинираните работници на свој трошок, а за коморите е неприфатливо претпријатијата да плаќаат за тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат. Одлука за невакцинираните ќе донесе Владата на наредната седница.

Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа во ниту една своја одредба не укажуваат на ваквата можност, напротив секое барање и инсистирање на работодавачите во врска со здравствената состојба на работниците изречно во законите е наведено дека е на трошок на работодавачите, велат од ССМ.

Оттаму нагласуваат дека нема да дозволат непочитување на законите и нивно произволно толкување, а со тоа и создавање на целосна правна несигурност на работниците и граѓаните.

Од Сојузот на стопански комори потенцираат дека е целосно неприфатливо товарот за задолжително тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат со бесплатни вакцини да падне на компаниите, зашто, како што посочуваат, тие и така се наоѓаат во лоша финансиска состојба со сериозно намалена ликвидност, бидејќи голем дел од обврската за задржување на вработените и одржување на деловната активност во услови на криза е токму на работодавачите. Велат, ако Владата да ја спроведе оваа мерка, тогаш би требало и трошокот да биде на нејзин товар.

Со најавената задолжителна вакцинација во приватниот сектор се добива впечаток дека проблемот се префрла од Министерството за здравство кон деловните субјекти. Во услови кога не е спроведена целосна вакцинација на медицинскиот персонал, потребна е сериозна кампања на Министерството за здравство преку која ќе се споделат релевантни информации за вакцините и ќе им овозможи на луѓето секој индивидуално да донесе одлука базирана на факти, велат од ССК.

Стопанската комора на Северна Македонија, пак, неодамна предложи сите невакцинирани работници од јавниот и приватниот сектор еднаш неделно да прават тест против ковид-19, но тоа да бидат брзи евтини тестови што работниците сами ќе ги плаќаат и побара од Владата да ги замрзне цените на брзите тестови.

Владата, пак, на наредната седница ќе одлучува за мерките за невакцинираните што ги предложија Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, со кои се предвидува сите вработени во јавниот сектор да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа што ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе треба да приложат потврда за прележан ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.

Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои сè уште не се вакцинирани. Одлуката првично требаше да биде донесена во вторникот, но нејзиното носење беше одложена по автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 наши државјани и прогласувањето тридневна жалост во државата.

Последниот 24-часовен биланс, пак, покажува нови 442 случаи со ковид-19, 373 оздравени пациенти и пет починати, сите во болнички услови, од кои најмладиот на 57 години, а најстариот на возраст од 84 години.

Досега во земјава се направени вкупно 1.456.023 милиони тестирања на ковид-19. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а на активни случаи изнесува 8.339. Според епидемиолошките анализи, најмногу активни случаи (3.832) во моментот има во Скопје, а најмалку само два во Дојран.

Влада Ковид-19 Македонија мерки невакцинирани тестови трошоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.