Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Претседателот Стево Пендаровски изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска во Бугарија. Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил. Тој очекува надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која, како што наведува, не се памти во нашата понова историја. „Во деновите на жалост што следуваат, посакувам мирен покој на…
Автобусот, кој рано утринава целосно изгоре во сообраќајна несреќа во Бугарија, при што загинаа најмалку 46 лица, е на агенцијата „Беса транс“ која организира туристички и шопинг тури за Истанбул. Според првичните информации, во автобусот се превезувале млади лица кои се враќале од екскурзија во Турција. Претходно, и премиерот Зоран Заев за МИА изјави дека се работи за страшна трагедија во која 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. „Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев кој веќе ги посети луѓето. Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој…
Времето денеска ќе биде претежно облачно, во претпладневните часови и со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен, ветар од северен правец што ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје ќе биде облачно, со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне 10 степени. Прогнозата на УХМР за утре и за четврток е дека ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а ноќта кон…
Премиерот Зоран Заев потврди дека веднаш заминува за Бугарија да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во која, според првичните информации, животот го загубија најмалку 45 лица, а седум се повредени. Со Заев за Бугарија заминаа и министерот за здравство, Венко Филипче и шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Заев информира дека во Бугарија се упатени и надлежни екипи од Северна Македонија. Тој изрази сочувство за загинатите во несреќата за која лично бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев. Кон местото на несреќата, како што јави БТА, се упатил…
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји преку Твитер изрази сочувство за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа најмалку 46 лица. „Ужасни вести за трагична автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите, како и со луѓето и властите на Северна Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“, напиша Оливер Вархеји на Твитер.
Автобусот скинал околу 50 метри од заштитната ограда, изјави градоначалникот на Перник, Станислав Владимиров пред новинарите во близина на местото на несреќата во која загинаа 46 лица. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Владимиров, делницата е влажна, а причините за несреќата можат да бидат многу. Патот е влажен. Овој дел има голема надолнина. Од вчера врне слаб дожд. Не може да се каже дали причината е лошото време, но причините може да бидат многу, рече Владимиров. Според градоначалникот на Перник, на овој дел од патот често се случуваат несреќи. Оваа рута е една од најтешките во Бугарија,…
Во автобусот со македонска регистрација, според првичните информации, патувале 52 патници и возачот, изјави директорот на Националната полиција на Бугарија, Станимир Станев за БТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стаев додаде дека македонскиот автобус синоќа во 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево“. Тој патувал преку автопатот „Тракија“, а потоа преку автопатот „Струма“ до границата со Северна Македонија во правец на граничниот премин Ѓуешево. Според Стаев, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот. Тој потврди дека загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е, додаде Стаев, што меѓу…
Во болницата „Пирогов“ во Софија, по несреќата со автобусот на автопатот „Струма“, се примени 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави доктор Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа за БТА. Според неа, сите се надвор од животнозагрозувачка состојба. Девојчето и петмина од возрасните се примени на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата. Несреќата се случи на магистралниот пат „Струма“ нешто по 2 часот, кај селото Боснек. Автобусот со македонски таблици сообраќал во правец на Северна Македонија. Возилото во Бугарија влегло од Турција. Малку…
Премиерот Зоран Заев изрази сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која според првичните информации животот го загубија најмалку 45 лица. Во изјава за БНТ, Заев рече дека за несреќата бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев, јави дописникот на МИА. Заев кажа дека веднаш заминува за Бугарија, а таму се упатени и надлежни екипи од Северна Македонија. Станува збор за несреќа на автобус со македонска регистрација. Во него имало 53 патници, од кои 45 го загубиле животот, неколкумина се преживеани и се пренесени во болницата…
Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје. Според првичните информации, во несреќата има и преживеани. Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по полноќ на автопатот „Струма“ на правецот Софија – Благоевград. https://www.youtube.com/watch?v=_qfhLmjuH68 Како што изјави началникот на пожарникарската служба Николај Николов за бугарските медиуми, во автобусот патувале 53 лица. Загинале 45, а останатите се пренесени во болница. Автобусот е опожарен, а на местото на…
Увозот на електрична енергија во Албанија годинава достигна рекордна вредност, највисока досега во историјата на државата, за што од јануари до ноември се потрошени 213 милиони евра, се наведува во анализата на весникот „Монитор“. Како што јави дописничката на МИА од Тирана, во анализата се додава дека за да се разбере финансиската дупка предизвикана од ситуацијата во финансиите, доволно е да се каже дека оваа сума претставува 44,42 отсто од вкупниот приход на Електродистрибуција. Цените на увозот по денови и недели се движеле од 220 до 320 евра по мегават. Доколку хидролошката ситуација не претрпи тековно подобрување, на компанијата ќе…
Холандскиот премиер Марк Руте ги нарече идиоти демонстрантите кои беснееја низ земја во текот на викенд во протестите против епидемиолошките мерки. Повеќе од 100 луѓе се приведени во трите ноќи на насилство, а полицијата во петокот пукаше во Ротердам. Тоа беше чисто насилство маскирано како протест, рече Руте, коментирајќи ги најлошите немири околу затворањето од јануари. Руте: Не прифаќам идиоти кои дивеат затоа што се несреќни „Има многу немири во општеството, затоа што толку долго се бориме со бедата на короната. Но, никогаш нема да прифатам идиоти кои користат чисто насилство само затоа што се несреќни“, рече Руте. Околу 30…