Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји преку Твитер изрази сочувство за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа најмалку 46 лица.

„Ужасни вести за трагична автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите, како и со луѓето и властите на Северна Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“, напиша Оливер Вархеји на Твитер.