Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Компанијата „Ауди“ склучи договор за купување на групацијата Мекларен, соопшти „Autocar“. „Ауди“ ќе ја преземе контролата врз целата компанија, вклучувајќи го и тимот на Мекларен кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот. За потсетување, „Мекларен Груп“ претходно продаде дел од Ф1 тимот на „MSP Sports Capital“ кој стекна 15 проценти од акциите, а уделот до крајот на 2022 година ќе порасне на 33 проценти. Тимот на Мекларен е втор најстар учесник во Формула 1 и втор најтрофеен по Ферари.
Норвешка пријави појава на високопатоген птичји грип Х5Н1 на фарма, објави денеска Светската организација за здравје на животните (ОИЕ). Епидемијата во регионот Рогаланд усмрти 221 парче живина, додека остатокот од јатото од 7.000 птици е заклано, соопштија од ОИЕ, повикувајќи се на извештај на норвешките власти, а пренесува „Ројтерс“. Белгиската влада, исто така, воведе состојба на зголемен ризик од птичји грип, бидејќи вирусот се шири низ Европа, се вели во соопштението на белгиската агенција за безбедност на храна. Од понеделник, живината мора да се чува во затворени простории, откако беше идентификувана високо патогена варијанта на птичји грип кај дива гуска…
Две деца паднале од голема висина од висококатница во Стокхолм, а едно од нив починало на лице место додека другото е во тешкам состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Шведската полиција соопшти дека уапсила маж и жена како осомничени за убиство. Децата, кои наводно се брат и сестра, и двете помлади од 10 години, итно биле префрлени во болница, но едното починало, додека другото дете има повреди опасни по живот, соопшти полицијата, пренесува АП. Таблоидот „Експресен“ објави дека таткото ги избодел децата пред да ги фрли низ прозорецот на стан во Западен Стокхолм во неделата вечерта. Случаен минувач…
Американскиот новинар Дени Фенстер е ослободен од затвор во Мјанмар, објави неговиот работодавец во понеделникот, само три дена откако беше осуден на 11 години затвор за поттикнување кршење на законите за имиграција и тероризам. Веста на Твитер ја објави Сони Све, издавач на онлајн магазинот Frontier Myanmar за кој работеше Фенстер, без никакви други детали. Друг извор од магазинот ја потврди оваа информација. Околностите за ослободување на новинарот не се јасни. Портпаролот на армијата на Мјанмар, Зау Мин Тун изјави за „Си-Ен-Ен“ дека новинарот е „ослободен и депортиран“. Подоцна ќе објавиме детали зошто е ослободен, додаде тој. Според соопштението објавено…
Советот на Европската Унија (ЕУ) денеска ја прошири законската рамка со која се овозможува воведување на санкции против Белорусија, наведувајќи дека тоа е одговор на инструментализацијата на луѓето што ја спроведува белорускиот режим за политички цели. Со оваа одлука се прошируваат критериумите што ќе овозможат поединци и субјекти кои ги организираат или придонесуваат за активностите на режимот на Лукашенко за овозможување на нелегално минување на надворешните граници на ЕУ, да се најдат на листата на санкционирани. Денешната одлука ја одразува решителноста на ЕУ да се спротивстави на инструментализацијата на мигрантите за политички цели. Ова е реакција за нехуманите и незаконски…
Едно лице загина во експлозија на бомбаш самоубиец во такси возило во Ливерпул. Преживеа таксистот кој е најзаслужен што е избегната поголема трагедија со оглед експлозивот бил активиран пред болница. Надзорните камери го снимиле моментот на експлозијата. На снимката се гледа како такси возило влегува на паркингот на болницата и експлодира во моментот на паркирање, пишува „Дејли Мејл“. https://www.youtube.com/watch?v=68DKKEKeRzk Се чини дека таксистот Пери (45) бил заложник на бомбашите и дека им дал знак на граѓаните да не се приближуваат кон автомобилот, бидејќи на видеото се гледа како само неколку секунди по експлозијата, маж притрчал до возилото и го извлекол.…
Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо го коментираше поразот од Србија (1:2) во мечот од последното 10-то коло во квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Фудбалот постојано ни покажува дека понекогаш најтешките патеки водат до најпосакуваните резултати. Вчерашниот пораз беше тежок, но не доволен да нè одведе на погрешен пат. Нашата цел е да стигнеме до Светското првенство и знаеме што треба да направиме за ова. Нема оправдувања. Португалија ќе оди во Катар, порачува Роналдо. Португалија заврши на второто место во групата во квалификациите и ќе игра во баражот за Светското првенство во Катар. Србија како првопласирана во групата обезбеди…
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска ќе поднесе кандидатура за изборите следната година, изјави денеска неговиот портпарол, но тој нема да се натпреварува со својата ќерка која се кандидира за потпретседателската функција. Портпаролот Хари Роке изјави пред новинарите дека Дутерте одлучил да се кандидира на изборите, без да каже за која функција, пренесува „Ројтерс“. Тој нема право на нов претседателски мандат, меѓутоа може да се кандидира за сенатор, за конгресмен, за градоначалник или за гувернер. Дутерте беше градоначалник на градот Давао пред да се кандидира за претседател во 2016 година. Сепак, изјавата на портпаролот на претседателот е во спротивност со изјавата…
Француското знаме (сина, бела и црвена) веќе една година не е сосема исто. Ова, конкретно, се однесува на сината боја од август лани е со потемна нијанса. Претседателот Емануел Макрон донесе одлука за промена на бојата на француското знаме што, според „Јуроп 1“, е детал кој малкумина го виделе, а, сепак, е многу важен. Франција сè уште ги има истите бои на знамето (сина-бела-црвена), но сината не е баш иста во Елисејската палата веќе една година. Сега е темно сина и се наоѓа на сите згради што се придружба на Палатата. Одлуката на претседателот Макрон во јули 2020 година предизвика…
цената на струјата во речиси цела Европа надмина 200 евра за мегават/час, покажуваат податоците на платформата „Енерџилајв“ на вчерашното затворање на европските енергетски берзи. Зделките имаат датум на испорака до денеска. Најскапа струја денеска има во Грција – 241,3 евра за мегават/час, а потрошувачите во Романија и Унгарија плаќаат 228,79 евра за мегават/час. Најевтина струја повторно има во Полска – 116,28 евра за мегават/час. Следува Шпанија со 180,57 евра за мегават час. Во Португалија енергичната енергија сега се продава за 180,88 евра за мегават/час и тоа се единствените европски земји во кои цената на електричаната енергија денеска е под 200…
Австриската банкарска групација „Рајфајзен Банк Интернешнал“ (Raiffeisen Bank International) го напушта бугарскиот пазар и ја продава својата подружница ЕАД. Според официјалното соопштение, ЕАД е продаден за 1,015 милијарди евра на белгиската банкарска групација КБЦ. РБИ најавува дека парите од продажбата на банката во Бугарија ќе ги инвестира во нејзините деловни операции во други земји. Одлуката за напуштање на бугарскиот пазар, покрај профитабилноста, се заснова, пред сè, на можноста за добивање на дополнителен капитал за одбрани пазари, со цел да се искористат атрактивните можности за раст, велат од РБИ. Продажбата треба да заврши до средината на следната година, а РБИ и…
Прославениот македонски и југословенски фудбалер Дарко Панчев со свој коментар за српските медиуми по победата на Србија над Португалија во квалификациите за СП 2022, но и за пласманот на македонската репрезентација во мундијалскиот бараж. Вчерашниот ден беше за уживање во екс-ју фудбалот. Се почна со Хрватска која имаше тежок натпревар против Русија на „Пољуд“, но успеа да слави и обезбеди место на Светското првенство во Катар. Потоа се надоврза Македонија која го постигна најголемиот успех што се однесува до квалификациите и пласманите во бараж, а шлаг на тортата беше Србија, истакна Панчев. Поранешниот соиграч на српскиот селектор, Драган Стојковиќ-Пикси во…