Author: Sashko

Еврокомесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји ги презентира извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан и Турција пред европратениците и повика итно да започнат преговорите со Скопје и со Тирана, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што стои и во самите извештаи на Европската Комисија (ЕК) оваа година, еврокомесарот Вархеји пред европратениците од Комисијата за надворешни работи повтори дека одлагањето на преговорите со Северна Македонија и со Албанија е штетно за кредибилитетот на ЕУ. Работиме одблизу за да ја деблокираме ситуацијата и да го решиме проблемот за оваа тешка тема. Засега не бевме успешни,…

Read More

Во текот на изминатите години во граѓанска војна во Јемен се убиени или ранети над 10.000 деца, соопшти денеска УНИЦЕФ. Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, сепак, додаде дека оваа бројка сигурно е многу поголема, бидејќи не се пријавени многу смртни случаи и повреди на деца. Од 15 март во 2015 година до 30 септември оваа година, официјално се регистрирани 3.455 смртни случаи, а повеќе од 6.000 деца се повредени. Елдер како срамен го оцени фактот дека најмалку четири деца умираат или се повредуваат секој ден во оваа земја. Обединетите Нации (ОН) проценија дека војната во Јемен, што трае од 2014…

Read More

Рејтингот на американското државно раководство во светот пораснал во првите шест месеци од претседателството на Џо Бајден, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Галуп“ спроведена во речиси 50 земји.  Најновата анкета на „Галуп“, аналитичка компанијa со седиште во Вашингтон, е насловена „Рејтинг на светските лидери – САД наспроти Германија, Кина и Русија“. На прашањето на „Галуп“ каков е впечатокот за раководствата на САД, на Германија, на Кина и на Русија, Германија го зазела првото место кај учесниците во анкетата од Европа, од Азија и од Јужна Америка, додека раководството на САД го зазело првото место само во Африка (53 отсто…

Read More

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан го поддржа укинувањето на таканаречената национална епидемиска ситуација, објави „Тагешау“. Како што потврди портпаролот на Министерството, Шпан го истакнал тоа за време на консултациите во однос на прашањето на коронавирусот со министрите за здравство на федералните провинции. Одлучувачкиот аргумент во изјавата на Шпан е дека ризикот од вакцинација и ризикот од преоптоварување на здравствениот систем, според институтот „Роберт Кох“, е умерен. Институтот веќе долго време тврди дека речиси сите инфекции и тешкиот тек на болеста кога лицата се инфицирани со коронавирус се јавуваат речиси само кај невакцинирани луѓе. Со оглед на моменталната квота за…

Read More

Повеќе од 40 полицајци во австралиската држава Викторија се суспендирани, бидејќи одбиле да се вакцинираат против ковид-19 и поради се пред отпуштање од работа. Во таа австралиска сојузна држава е воведена задолжителна вакцинација за многу државни и приватни дејности. Само оние вработени кои не можат да се имунизираат поради здравствени проблеми се изземени од оваа одредба, пишува „Гардијан“. Полициската управа на Викторија денеска потврди дека 34 полицајци и девет чувари не го испочитувале налогот за вакцинација што е издаден од надлежните органи. Тие се суспендирани и им се заканува последователна дисциплинска мерка, односно можат да добијат отказ. Во Викторија денеска…

Read More

Вчерашната порака на граѓаните по првиот круг на локални избори е примена, слушната и разбрана и ќе постапуваме по неа, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев попладнево на Фејсбук. Граѓаните пратија порака и ние таа порака мора да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас, стои во постот на првиот човек на владеачката партија и премиер на во Владата.    Граѓаните, вели Заев, бараат наша мобилизација и ќе ја добијат во функција на правецот по…

Read More

Земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) разговарале за ситуацијата на Западeн Балкан на ниво на министри за надворешни работи и го повториле заклучокот дека само дијалог под медијаторство на ЕУ е решение, јави дописничката на МИА од Брисел. Високиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел на прес-конференцијата на крајот на министерскиот состанок на ЕУ изјави дека Белград и Приштина треба да се вратат на преговарачка маса во Брисел. Тензиите меѓу Белград и Приштина на северот на Косово предизвикаа голема загриженост во ЕУ. Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман утрово предупреди дека ситуацијата во регионот се влошува и дека ЕУ…

Read More

Партијата на слободните демократи (ФДП) денеска даде зелено светло за почеток на коалициски преговори со Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и партијата на Зелените за формирање на федерална влада. Гледаме големи можности, но и големи предизвици. Јас сум полн со оптимизам дека преговорите за коалиција ќе завршат со договор за формирање на влада меѓу социјалдемократите, зелените и либералите, истакна лидерот на ФДП, Кристијан Линднер, по состанокот на претседателството на партијата во Берлин. Тој нагласи дека ФДП ќе биде гаранција дека новата влада нема да биде „левичарска“. Граѓаните на изборите кон крајот на септември не избраа ориентираност кон лево. ФДП е…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа во земјава се регистрирани 107 нови случаи на ковид-19, починале 19 пациенти, а оздравеле 247. Најголем број од новите 107 инфекции со коронавирусот се евидентирани во Скопје – 83, потоа во Прилеп – 6, во Куманово и во Кавадарци – по 4, во Битола – 3, во Неготино – 2, во Штип, во Кичево, во Кочани, во Гевгелија и во Пробиштип – по 1. Дванаесет лица од 19-те починати од ковид-19 се регистрирани во Скопје (возраст 86 год., 84 год., 80 год.,…

Read More

Првиот круг на седмите локални избори минал мирно и со почитување на основните права, меѓутоа неопходни се реформи, е оценка на ОБСЕ/ОДИХР по вчерашното гласање во земјава. Набљудувачите на мисијата нотирале присуство на натпреварувачки дух, но и проблеми со фингерпринтерите, апарати што за првпат се користеа во изборен процес во земјава. Изборниот ден беше мирен, со почитување на основните права и слободи и со натпреварувачки дух. Главните парламентарни партии имаат системски предности во распределување на ресурсите, меѓу другото и за медиумите. Кампањата се водеше слободно, но на моменти беше присутна ки негативна реторика кон жените кои не беа соодветно застапени,…

Read More

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети им се заблагодари на сите граѓани за поддршката на вчерашните локални избори на кои, како што истакна, се докажа дека ДУИ е најголемата албанска политичка сила во земјата. И овојпат заедно остваривме победа и јас сум многу благодарен за придонесот на секој од вас за време на кампањата и изборниот процес. ДУИ е ваша, тоа е национален проект во кој сите имаме удел и ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам, истакнал Ахмети во обраќањето до граѓаните. Одговорноста што ми ја давате со вашата доверба e благослов и поттик да…

Read More