Author: Sashko

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во разговор за француската телевизија „Франс 5“ изјави дека „поделена Европа не е во интерес на Москва“. Поделена Европа не е во интерес на Москва. Ние сме заинтересирани за постоење на просперитетни европски земји, независни една од друга. Европа сега го бара својот пат, поставувајќи нови прашања во врска со воведување на сопствениот одбранбен систем, како и неопходноста да се има суверена доктрина за одбрана. На Европејците им е потребна сопствена армија, истакна Песков. Тој посочи дека моментно не е јасно дали Американците ќе останат во Европа и ќе продолжат да ги бранат Европејците од…

Read More

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски утре ќе престојува во работна посета на Софија каде што ќе потпише Меморандум за трилатерлна соработка за развој на одржлива патна и железничка инфраструктура на Коридорот 8. Потписници на меморандумот се, покрај Северна Македонија, и Бугарија и Албанија. Целта на меморандумот е да се потврди подготвеноста на трите страни за долгорочно планирање и координиран развој на Коридорот 8 со фокус на проекти кои се од најголемо значење за регионот, информираат од Министерството за транспорт и врски. Исто така, со меморандумот ќе се потврди подготвеноста на земјите потписнички за спроведување на мерките за брз…

Read More

Британскиот пратеник од редовите на конзервативците, Дејвид Ејмс повеќепати е прободен со нож во Методистичка црква во Велика Британија. Во веста што ја објави „Скај“ се вели дека непознат маж влегол во неговата канцеларија, сместена во црква, и му задал неколку убодни рани. Полицијата веднаш излезе на терен и ја затвори областа, како и неколку улици во неа. е улици се затворени. Засега не е позната здравствената состојба на Ејмс, како и природата на повредите, но полицијата на Есекс објави дека напаѓачот е уапсен. Ејсм, се вели во веста на „Скај“, бил на средба со гласачи кога напаѓачот влетал во…

Read More

Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) постигнаа начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија, пренесуваат француските медиуми. Според германската телевизија АРД, лидерите на трите партии им препорачале на своите партии официјално да почнат преговори за коалиција, што е чекор поблиску до новата влада, за која се верува дека ќе ја предводи Олаф Шолц. „Убедени сме дека можеме да склучиме амбициозен и одржлив коалициски договор“, се наведува во заедничката изјава.

Read More

Во една лабораторија во Англија било прекинато тестирањето на коронавирус, откако дошло до сомнеж дека 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати на тестовите. Покрената е истрага веднаш штом се појавиле информациите за луѓе кои добиле негативни резултати од ПЦР тестот во лабораторија во Вулверхемптон, откако претходно биле позитивни на уредот со кој се спроведува тестирање. Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 тестирања и дека околу 43.000 луѓе добиле неточни резултати во периодот од 8 септември до 12 октомври. Како резултат на нашата истрага, работиме со компанијата NHS Test and Trace за да ги утврдиме лабораториските технички проблеми…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама, кој вчера најави дека Албанија во 2022 година ќе испрати два сателита во орбитата, именувани како „Албанија 1“ и „Албанија 2“, денеска објасни дека тие, како и интелигентните беспилотни летала, ќе помогнат да се има целосна контрола врз целата територија на земјата. Бидете трпеливи, смејте се затоа што тоа е здраво и ви прави добро. Албанија ќе има сателити и тоа многу скоро за да ја зајакне контролата на целата територија. Не само сателити, туку и интелигентни беспилотни летала за да ја одведат земјата на друго ниво во однос на администрирањето на територијата. Ова се алатки…

Read More

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, телефонски разговарал со српскиот претседател и со косовскиот премиер и побарал да се одржи нова рунда преговори во рамките на бриселскиот дијалог за да се надминат тензиите. Ова денеска го потврди портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, кој прецизираше дека Борел разговарал со двајцата лидери за време на неговиот престој во САД. Шефот на ЕУ дипломатијата во Вашингтон се сретна со државниот секретар, Ентони Блинкен, со кого разговарале за тензиите на северот на Косово. Борел со Блинкен разговараше за Западниот Балкан и за Косово, ЕУ и САД соработуваат одблиску и имаат…

Read More

Засега не се знае бројот на жртвите во силната експлозија што денеска одекна во џамија во авганистанскиот град Кандахар, пренесуваат француските медиуми, иако британски „Би-Би-Си“ јавува за многу загинати. GRAPHIC: Large explosion just reported at Shiite mosque in #Kandahar province during Friday prayers. ISIS-K suicide bomber likely behind it. Death toll is unknown but is expected to be high. #BreakingNews #Afghanistan pic.twitter.com/pqEXmslupC — Panjshir Observer (@PanjshirObserv) October 15, 2021 Експлозијата се случи за време на петочната молитва. Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како во паника бегаат по експлозијата. 🚨🚨***GRAPHIC VISUALS* VIDEO from inside the Shi’ite mosque…

Read More

Данскиот државјанин, кој вчера беше уапсен како осомничен за нападот со лак и стрела во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг при што уби пет лица, а двајца тешко повреди, денеска е предаден на здравствените служби. Тој беше предаден на здравствените служби за проценка на неговата здравствена состојба, изјави обвинителката, Ана Ајрин Свејн Матијасен. Според неа, се појавиле сомнежи за менталното здравје на човекот, идентификуван како Еспен Андерсен Братхен, како и за тоа дали може законски да биде одговорен за нападот. Тој призна дека ги извршил убиствата. Судија треба да одлучи дали ќе го задржи Братхен во притвор. Обвинителството побара тој…

Read More

Над 70 борбени авиони од петтата генерација на Су-57 ќе бидат испорачани на руската армија до 2027 година, вклучително и неколку авиони во оваа година, соопшти руската државна технолошка корпорација „Ростек“.„Ростек“ коментираше статија во американското списание „Нешнал Интерест“ (National Interest), во која се тврди дека е малку веројатно оти Су-57 ќе биде оперативен пред 2027 година, објави агенцијата ТАСС. Руските авиони од петтата генерација прават Западот да не се чувствува удобно. Су-57 и новиот руски ловец често стануваат цел на лажни вести. Станува збор за неточни факти кои немаат никаква врска со реалноста. Авионот веќе се произведува и испорачува. До…

Read More

Изборите секогаш претставуваат демократски испит за зрелоста на една држава. Така ќе биде и со седмите, по ред, Локални избори 2021, на чиј праг сме. Наша заедничка задача e не само успешно да го положиме тој испит, туку и да ја поставиме нашата држава на едно ново, повисоко квалитативно ниво, што впрочем се очекува да претставува основна цел на сите политички субјекти, порачува во обраќање министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки. Тој потенцира дека мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава и повикува во празничен изборен дух да ги избереме идните преставници на локалната власт, како што…

Read More

Австриското Обвинителство за економски криминал и корупција се обрати со барање до парламентот за укинување на пратеничкиот имунитет на доскорешниот канцелар Себестијан Курц, кој вчера положи заклетва како пратеник. Обвинителството упатило барање за укинување на пратеничкиот имунитет на Курц за да може да продолжи со истрагата против него по обвинувањата за проневера и поткуп. Од пратеничкиот клуб на Нардоната партија (ОВП), чиј нов шеф е Курц, порачаа дека не само што ќе го поддржат ваквото барање, туку дека се радуваат што тоа е испратено толку брзо, во оваа фаза од истрагата. Со тоа ќе се овозможи брзо да се отфрлат…

Read More