Британскиот пратеник од редовите на конзервативците, Дејвид Ејмс повеќепати е прободен со нож во Методистичка црква во Велика Британија.

Во веста што ја објави „Скај“ се вели дека непознат маж влегол во неговата канцеларија, сместена во црква, и му задал неколку убодни рани. Полицијата веднаш излезе на терен и ја затвори областа, како и неколку улици во неа. е улици се затворени.

Засега не е позната здравствената состојба на Ејмс, како и природата на повредите, но полицијата на Есекс објави дека напаѓачот е уапсен.

Ејсм, се вели во веста на „Скај“, бил на средба со гласачи кога напаѓачот влетал во црквата и го нападнал.