Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) постигнаа начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија, пренесуваат француските медиуми.

Според германската телевизија АРД, лидерите на трите партии им препорачале на своите партии официјално да почнат преговори за коалиција, што е чекор поблиску до новата влада, за која се верува дека ќе ја предводи Олаф Шолц.

„Убедени сме дека можеме да склучиме амбициозен и одржлив коалициски договор“, се наведува во заедничката изјава.