Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Песков: Поделена Европа не е во интерес на Русија

0
By Sashko on October 18, 2021 СВЕТ
Фото: tass.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 18, 2021 16:47
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во разговор за француската телевизија „Франс 5“ изјави дека „поделена Европа не е во интерес на Москва“.
Поделена Европа не е во интерес на Москва. Ние сме заинтересирани за постоење на просперитетни европски земји, независни една од друга. Европа сега го бара својот пат, поставувајќи нови прашања во врска со воведување на сопствениот одбранбен систем, како и неопходноста да се има суверена доктрина за одбрана. На Европејците им е потребна сопствена армија, истакна Песков.
Тој посочи дека моментно не е јасно дали Американците ќе останат во Европа и ќе продолжат да ги бранат Европејците од „страшните Руси“.
Сакаме да нè слушнат: не се закануваме никому, не сме извор на опасност. Ние сме многу голема и многу моќна земја која бара партнери, нагласи портпаролот на Кремљ.
Коментирајќи ја констатацијата на францускиот новинар за распоредување на руски војници долж границата со Украина, што е перцепирано како закана за Западот, Песков нагласи дека „Русија може да ја разбере загриженоста на западните земји“.
Сепак, ние би претпочитале вие ​​Европејците да бидете подобро информирани. Масивните маневри на НАТО во близина на руските граници му претходеа на распоредувањето на руските вооружени сили во тој регион“, потсети Пасков, додавајќи дека „премногу се зборува за концентрација на руски трупи, но, сепак, сите замижуваат пред разместувањето на НАТО сили во близина на границите на Русија“.
Одговарајќи на прашањето за членството на Киев во НАТО, Песков предупреди дека членството на Украина во Алијансата ќе биде „најлош можен развој“.

„Ваквото сценарио ги преминува црвените линии на националните интереси на Русија. Тоа е сценарио што може да ја принуди Москва да преземе активни мерки за да ја гарантира својата безбедност, изјави Песков.

Дмитриј Песков Европа НАТО Русија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.