Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава од Рама за 2022 година: Албанија ќе испрати два сателита во орбитата

0
By Sashko on October 15, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 15, 2021 13:43

Албанскиот премиер Еди Рама, кој вчера најави дека Албанија во 2022 година ќе испрати два сателита во орбитата, именувани како „Албанија 1“ и „Албанија 2“, денеска објасни дека тие, како и интелигентните беспилотни летала, ќе помогнат да се има целосна контрола врз целата територија на земјата.

Бидете трпеливи, смејте се затоа што тоа е здраво и ви прави добро. Албанија ќе има сателити и тоа многу скоро за да ја зајакне контролата на целата територија. Не само сателити, туку и интелигентни беспилотни летала за да ја одведат земјата на друго ниво во однос на администрирањето на територијата. Ова се алатки на новата технологија што гарантираат набљудување на територијата, од границите, до изведбата на градби, мониторинг поврзан со информациите потребни од структурите за борба против трговијата со луѓе, со цел целосно да се изолира трговијата со дрога, објасни Рама.

Додаде дека ќе се користат во борбата против организираниот криминал и за да ги „олесни односите што се развиваат на територијата и честопати се компромитирани од корумпирани инспектори и полицајци“.

Другите развиени земји го прават ова, доброто на ова време не треба да се биде развиена земја за да располага со вакви алатки. Албанија наскоро ќе има сателити и беспилотни летала со што ќе ја зголеми контролата на територијата во сите аспекти, за пожари, за цивилни итни случаи. Употребата на овие алатки ќе биде за прашања поврзани со граѓанските работи во земјата и борбата против организираниот криминал, нема да биде за воени дејствија или офанзива, посочи Рама по денешната седница на претседателството на неговата Социјалистичка партија.

Неговата најава за сателити на вчерашната пленарна седница на парламентот наиде на потсмев од опозицијата, но тој продолжи да зборува понатаму, игнорирајќи ги.

Ќе купиме дронови. Ќе испратиме и сателити во орбитата. Смејте се, смејте се. Ќе ги видите сателитите „Албанија“ во орбитата и тоа не во следниот мандат, туку идната година. Тоа ќе бидат „Албанија 1„“ и „Албанија 2“, рече Рама, не наведувајќи други детали.

Доколку ова се реализира, според медиумите, Албанија се очекува да биде прва земја од регионот која ќе испрати сателити во орбитата.

Албанија Еди Рама најава орбита регион Сателити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.