Author: Sashko

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово, јавија српските медиуми. Реакцијата на Борел доаѓа по денешните упади на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население и до десетици повредени од кои едно лице е во животно загрозувачка ситуација. Српското државно раководство во првичната реакција ја осуди оваа, како што ја нарече „налудничава политика на Приштина“ и од меѓународната заедница, КФОР и ЕУ побара да го „заузда Албин Курти“, бидејќи ситуацијата била „на раб на хаос“.

Read More

Српската премиерка, Ана Брнабиќ ја повика меѓународната заедница да реагира на, како што наведе, новите провокации од Приштина. Како што е објавено на веб-страницата на српската Влада, Брнабиќ ја повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР итно да реагираат „и да го зауздаат Албин Курти“. https://novatv.mk/video-kosovskata-politsija-upadna-vo-severna-mitrovitsa-edno-litse-teshko-povredeno-eden-avtomobil-zapalen/ Таа посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека „ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре налудничавата политика што ја води Приштина“. Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и нè носи на работ на хаос, предупреди Брнабиќ. Претходно, балканските медиуми јавија дека едно лице од српска националност…

Read More

Германскиот демохристијанин Манфред Вебер денеска по третпат е избран за шеф на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент. Горд сум и благодарен на моите колеги што ме избраа повторно да претседавам со групата на ЕПП. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата работа за зајакнување на христијанската демократија и десниот центар низ Европа, рече Вебер по изборот, на кој освои огромно мнозинство гласови. Тој најави дека ќе се бори против оние кои сакаат да ја загрозат и уништат ЕУ. Христијанската демократија беше принцип на создавање на ЕУ и ЕПП е водечка сила за силна и стабилна Европа блиска…

Read More

Потенцијалните партии во идната германска коалициска влада, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално -демократската партија (ФДП), се согласуваат по прашањето за легализација на канабисот. Со години го одбивав легализирањето на канабисот, но сега како лекар имам поинакво мислење, изјави портпаролот на СПД за здравствени прашања Карл Лотербах, за весникот „Рајнише пост“. Тој објасни дека во последно време е забележано дека илегалните трговци се повеќе мешаат хероин во канабисот, со што корисниците се навлекуваат на уште полоша зависност. Со легализација на продажбата на канабис, можно е да се реши проблемот со контаминирана марихуана, рече Лотербах. Тој се залага во…

Read More

Директорот на Централната банка на Словачка и член на Управниот одбор на Европска централна банка Петер Казимир е обвинет за корупција. На 8 октомври 2021 година обвинител од Специјалното обвинителство подигна обвинение против П.К. поради корупциски криминал, изјави портпаролката на Обвинителството, Јана Токолова, без да го наведе името. Казимир изјави дека „не се чувствува виновен за никаков престап“. Според неофицијални извори, Казимир, кој е поранешен вицепремиер и министер за финансии, обвинет е за давање поткуп. Во Словачка, од март 2020 година до денес, десетици високи функционери се обвинети за корупција.

Read More

Косовската полиција упадна во Северна Митровица поради што голем број на Срби се собраа на улиците. Според косовските медиуми, во тек е акција за апсење од единици од Приштина при што едно лице е тешко повредено и запален е еден автомобил.  Како што претходно извести известувачот на порталот „Косово онлајн“, косовската полиција во акцијата во Северна Митровица користи шок бомби и солзавец, а неколку стотици граѓани блокираа неколку улици и се слушаат сирени за тревога. Според неофицијални информации, слична рација во моментот се случува и во Звечани. Trenutna dešavanja u Kosovskoj Mitrovici. Kako saznajemo, u toku je akcija hapšenja koje…

Read More

Утрово во Косовска Митровица се огласија сирени, а во тек е операција на единиците на косовската полиција чии претставници порачаа дека „спречуваат шверц на стока“. Сирените набрзо престанаа, но тензиите, сепак, останаа, пренесува ТВ Н1. Особено се изразени на мостот над Ибар во општина Звечан, каде косовската полиција се обидува да мине кон центарот на градот, а граѓаните се обидуваат да ги спречат. Полицијата во еден момент употреби солзавец за да ја растера толпата. Како што пишува „Коссев“ се слушнале и шок бомби. Граѓаните кои се најдоа на лице место пријавуваат дека станува збор за специјални полициски единици и дека…

Read More

Полскиот заменик министер за надворешни работи, Марцин Пшидач ги отфрли наводите дека неговата земја насилно ги прогонува барателите на азил во Белорусија. Ситуацијата со бегалците од Блискиот Исток, кои се обидуваат илегално да ја минат полско-белоруската граница за да влезат во ЕУ, предизвикува се пожестоки дискусии. Според Варшава, минатиот викенд полската погранична служба спречила два обида за преминување на границата од територијата на Белорусија. Истовремено, католичката хуманитарна организација „Каритас“ и меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешнл“ ги обвинуваат полските погранични власти за кршење на правата на мигрантите и насилно враќање во Белорусија. Пшидач во интервју за „Дојче веле“ истакна…

Read More

Министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан денеска најави дека ќе се сретне со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов со цел да ги продолжат преговорите за решавање на конфликтот во регионот Нагорно-Карабах. Планирани се преговори. Барем постигнавме договор за продолжување на процесот и организирање нова средба со азербејџанскиот министер за надворешни работи, истакна шефот на ерменската дипломатија. Тој додаде дека прашањето за Нагорно-Карабах не може да се реши со сила, туку бара политичко решение преку преговори во рамки на Минск групата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Мирзојан тоа го изјави на заедничката прес-конференција со индискиот…

Read More

Холандската принцеза Катарина-Амалија може да се омажи за лице од кој било пол, без да го загуби правото на круната, изјави холандскиот премиер Марк Руте. Таа е ќерка на кралот Вилем-Александар. Руте одговараше на пратенички прашања по повод неодамна објавената книга „Амалија, должноста повикува“, во која се наведува дека, според старите закони, холандски монарх не може да биде во истополов брак, иако тој е легализиран во Холандија во 2001 година. Во одговор на парламентот, Руте напиша дека „владата верува оти престолонаследничката може да се омажи за личност од ист пол и затоа не верува дека принцезата или кралот треба да…

Read More

Севернокорејските државни медиуми објавија снимка на која се прикажуваат тамошни војници како кршат бетонски блокови со глава, виткаат челични шипки, итн. Снимката е направена на презентација на дефанзивните способности на војската што се одржа во Пјонгјанг, а меѓу гледачите беше и лидерот Ким Јонг-ун, пренесува „Би-Би-Си“. https://www.youtube.com/watch?v=FkEV4CRuDMw На видео материјалот се гледа како севернокорејски војници уништуваат цигли и плочки со глава и раце, како лежат на парчиња стакло и ексери додека други војници разбиваат бетонски плочи со делови од телото. Големото финале на презентацијата прикажува два војника кои со врат превиткуваат железни шипки и со силата на мускулите кршат ланци…

Read More