Косовската полиција упадна во Северна Митровица поради што голем број на Срби се собраа на улиците. Според косовските медиуми, во тек е акција за апсење од единици од Приштина при што едно лице е тешко повредено и запален е еден автомобил. 

Како што претходно извести известувачот на порталот „Косово онлајн“, косовската полиција во акцијата во Северна Митровица користи шок бомби и солзавец, а неколку стотици граѓани блокираа неколку улици и се слушаат сирени за тревога. Според неофицијални информации, слична рација во моментот се случува и во Звечани.


Инаку, откако припадниците на косовската полиција интервенираа против насобраните граѓани со солзавец и шок бомби, припадници на РОСУ пристигнаа и во Северна Митровица од јужниот дел на градот. Ситуацијата е напната и како што може да се види на некои снимки, еден автомобил е опожарен на раскрсницата помеѓу Средното техничко училиште „Михаило Петровиќ Алас“ и бошњачката населба во Косовска Митровица.

(Видео) Акција на косовската полиција во Митровица: Солзавец и шок бомби од мостот над Ибар

Претходно медиумите објавија дека еден Србин е ранет и дека лекарите се борат за неговиот живот. Засега не е познато под кои околности се случил нападот. Некои медиуми претходно објавија дека припадниците на косовската полиција почнале да се повлекуваат од Звечани, а на патот имало забележливи чаури направени од боева муниција, пренесува „Косово онлајн“.