Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Повеќе од пола Британци се негативно засегнати од Брегзит, покажуваат податоците од новото истражување, кое исто така укажува дека бројот на луѓе со вакво мислење се зголемува, пренесува „Политико“. YouGov ги праша луѓето како излегувањето на земјата од Европската Унија влијаело на нив, при што дури 53 отсто одговориле дека Брегзит ги влоши работите, што е за 15 процентни поени повеќе од јуни кога беше поставено истото прашање. Испитаниците со негативна оценка може да се поделат на два: оние што мислат дека Брегзит влијае „прилично лошо“ (21 процент) и оние кои мислат дека е „многу лошо“ (32 проценти). Бројот на…
Топло го поздравувам постигнатиот договор меѓу Србија и Косово во Брисел, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер по завршување на дводневната посета на Србија и отпатува за Сараево, јави дописникот на МИА од Белград. Ова е многу позитивен развој на ситуацијата по моите средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти. Ова е добра вест за целиот регион. Дијалогот сега мора да продолжи, порача Лајен на Твитер. Таа, исто така, сподели твит од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак за постигнување на договорот и фотографија од самиот договор.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска оцени дека постигнатиот договор во Брисел за регистраските таблички е „апсолутно најмногу што можеше да се постигне“ и дека тоа е добар резултат за Србија, иако дефинираше и одредени негативни аспекти од договореното, јави дописникот на МИА од Белград. Мислам дека постигнавме еден вид компромисно решение од кое сум задоволен и мислам дека е важно за нашата страна, изјави Вучиќ на прес-конференција во Ниш, каде што претходно присуствуваше на почетокот на два проекти со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. Тој кажа дека КФОР ќе ги постави своите сили на Јариње и на…
Косово и Србија денеска постигнаа договор со посредништво на Европската Унија (ЕУ) за спорот околу регистарските таблички. Деталите ќе бидат објавени во текот на денот, јави дописничката на МИА од Брисел. Главните преговарачи од српска и од косовска страна го минаа целиот вчерашен ден и дел од денешниот во билатерални преговори со специјалниот претставник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Претседателката Урсула фон дер Лајен го поздравува договорот постигнат по преговорите што се одржуваат од вчераутро. Овој договор доаѓа додека претседателката ја финализира својата турнеја низ Западниот Балкан. Таа вчера се сретна со властите во Косово, а денеска во Србија и…
Поранешниот француски претседател Никола Саркози во четвртокот беше осуден од судот во Париз на една година затвор за илегално финансирање на неуспешната кандидатура за реизбор во 2012 година. Сепак, 66-годишниот Саркози најверојатно нема да оди во затвор. Се очекува тој да поднесе жалба, потег со кој всушност ќе ја суспендира казната, а судијата рече дека санкцијата може да ја отслужи и во домашни услови со електронска нараквица. Ова е второ осудување во оваа година за Саркози, кој ја предводеше Франција од 2007 до 2012 година и го задржа влијанието меѓу конзервативците и покрај тоа што не беше во корист поради…
Талибанците со истрели во воздух го прекинаа денешниот протест на шест млади Авганистанки кои бараа да им се почитува правото на образование. Утрово пред авганистанското Министерство за образование, девојките истакнаа транспарент на кој пишуваше „Не го политизирајте образованието!“. Десетина вооружени талибанци интервенира и го прекинаа протестот, а се обидоа да ги одземат камерите од снимателите и камерманите. Девојките се засолнија во едно училиште. Талибанците на 8 септември ги забранија сите демонстрации во Авганистан.
Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји во кои спаѓа и Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, во исто време, и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и кои можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање. Инаку, според…
Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во Тетовско и Битолско, пренесува МИА, повикувајќи се на извори во истрагата. Според МИА, досега се уапсени осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.
Во Љубљана паднаа 88 литри на метар квадратен, што, според проценките, е нешто што се случува еднаш во 250 години. Според метеорологот Рок Носан, на некои места за кратко време паднало повеќе дожд отколку за вкупно два месеца. Силно невреме синоќа ја зафати Словенија и поплави повеќе од 500 згради во Љубљана. Дежурните служби примиле над 2.700 повици од граѓани помеѓу 20 часот и полноќ, но според досегашните податоци нема повредени, јавуваат словенечките медиуми. Поплавени се патишта, станови, подземни гаражи, училишта, градинки, индустриски погони, магацини, а бројни автомобили се уништени по синоќешните обилни врнежи од дожд за краток временски период.…
Од утре започнува пријавувањето за остварување на право на студентска стипендија, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври. Од МОН посочуваат дека од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава – евидентен лист и ја доставуваат потребната документација во Министерството. МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање на студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади,…
Основното јавно обвинителство (OJO) во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 23-годишна девојка од Велес за кривично дело – убиство, соопштија од ОЈО Велес. На 29 септември, како што информираат од велешкото обвинителство, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење на семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого била во вонбрачна заедница. По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош што резултирала со смртен исход,…
Македонската Информативна Агенција (МИА) својата прва вест ја лиферуваше на денешен ден (30 септември) во 1998 година и оттогаш што почна со редовна продукција на информации за медиумите и граѓаните во Македонија, во прво време со фотографии и текст, а денес и со видео преноси во живо, целосен мултимедијален израз и присутност на социјалните медиуми. МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година. Својата работа ја почна со дваесетина новинари, а денес има 102 ангажирани лица, новинари, дописници, сниматели, фоторепортери, стручни служби и логистика, хонорарни соработници од државава и од странство. Согласно мултимедијалната…