Топло го поздравувам постигнатиот договор меѓу Србија и Косово во Брисел, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер по завршување на дводневната посета на Србија и отпатува за Сараево, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова е многу позитивен развој на ситуацијата по моите средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти. Ова е добра вест за целиот регион. Дијалогот сега мора да продолжи, порача Лајен на Твитер.

Таа, исто така, сподели твит од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак за постигнување на договорот и фотографија од самиот договор.