Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, ден по земјотресот во кој едно лице загина, а неколку беа повредени. Геодинамичкиот институт во Атина соопшти дека земјотресот во вторникот наутро, најсилен од десетиците што го погодиле островот, бил со епицентар на 22 километри југоисточно од Ираклион, главен град на Крит и четврти по големина во Грција. Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит во понеделникот. Едно лице загина кога се урна црква во село во близина на епицентарот. Грчкото министерство за климатска криза и цивилна заштита соопшти дека…
Околу 25 лица рано утрово се пренесени в болница по експлозија во станбена зграда во шведскиот град Гетеборг, објавија локалните медиуми. Полицијата соопшти дека отворила истрага за инцидентот, иако засега нема осомничени. Службите за итна помош соопштија дека работат на евакуација на станарите и гаснење на пожарот во зградата. „Зафатени се неколку станови и скалите во зградата. Во моментов не е познато што ја предизвикало експлозијата“, соопштија итните служби за пошироката област на Гетеборг.
Европскиот Парламент (ЕП) ги презентира кандидатите за годинашната награда „Сахаров“ што секоја година се доделува за слобода на мислење, јави дописничката на МИА од Брисел. Номинирани оваа година се авганистанските жени, рускиот опозиционер Алексеј Навални, поранешната претседателка на Боливија, Жанин Ањез, и активистката Султана Каја од Западна Сахара која се наоѓа во домашен притвор. Европскиот Парламент секоја година ја доделува наградата на лице или организација кои се борат за слобода на мислење и човекови права. Минатата година добитник беше опозицијата во Белорусија. Наградата се доделува од 1988 година. Резултатите ќе бидат соопштени кон средината на декември.
Лидерот на ЦДУ, Армин Лашет денеска, по седницата на Главниот одбор на партијата, посочи дека ниту една партија не добила јасен мандат за формирање влада по вчерашните парламентарни избори во Германија. Ни ние не добивме, рече тој. Лашет ја изрази желбата на ЦДУ да разговара со „Зелените“ и со ФДП, со цел да го сондира мислењето за формирање заедничка влада. Тој нагласи дека ЦДУ е подготвена да преземе одговорност на владеачка партија и дека сака разговори на еднакво ниво. Лашет е убеден дека гласачите на ЦДУ/ЦСУ гласаа за оваа партија затоа што сакаат таа да ја преземе одговорноста за земјата.
Талибанците им забранија на берберите во авганистанската провинција Хелманд да бричат или шишаат бради на нивните клиенти, заканувајќи се со казни, пренесува „Би-Би-Си“. Талибанската верска полиција во Хелманд тврди дека бричењето или сечењето на брадата го крши она што тие го сметаат за исламски закон. Некои сопственици на фризерски салони во главниот град Кабул потврдија дека добиле слични нарачки кои сугерираат на враќање на строгите правила што беа воспоставени за време на претходното владеење на Талибанците, и покрај нивните ветувања дека ќе спроведат поблага форма на државна контрола. Од преземање на власта во минатиот месец, Талибанците спроведоа остри санкции против…
Полицијата застрела човек кој на Менхетен во Њујорк отвори оган врз група луѓе. Во инцидентот се ранети четири лица, меѓу кои и напаѓачот кој е приведен од полицијата. Сите повредени се превезени во болница. NYC Shoots Fired By Police , Inwood , Manhattan. 🎥#live https://t.co/nv4F7BEf81 — Freedomnews.tv FNTV (@FreedomNTV) September 27, 2021 Инцидентот се случил во четири часот наутро по локално време во горниот дел на Менхетен, пренесе порталот ny1.com. Од полицијата соопштија дека напаѓачот е погоден во колк, откако отворил оган врз луѓе. Мотивот на нападот засега е непознат.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му соопштил на својот белоруски колега Александар Лукашенко дека проширувањето на НАТО кон Украина за Москва ќе значи дека е помината црвената линија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претседателот Путин претходно кажа дека тоа е крајната црвена линија, рече Песков, пренесе агенцијата ТАСС. Белорускиот претседател претходно посочи дека цел корпус на странски војници се распоредени во Полска, на границата со Белорусија. „Јасно е дека каде и да распоредите војници во Полска, тие нема да бидат насочени против Германија. Тоа се странски војници, пред се американски“, објави белоруската новинска агенција Белта.
Од денеска доцна попладне до четврток подрачјето на земјава ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе донесе променливо облачно и значително посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти УХМР. На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2). Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.
Неколку патници се повредени во денешната сообраќајна несреќа во југоисточна Австрија во која се преврте автобус. Во автобуската несреќа што се случила на рурален пат во Тифенба, Штаерска, имало околу 30 патници, изјави портпаролот на полицијата за агенцијата ДПА. Властите се сомневаат дека автобусот се судрил со камион. Полицијата сè уште не објавила од каде доаѓаат патниците. Портпаролот рече дека станува збор за повозрасни лица.
Војници на КФОР пред еден час се појавија во близина на административниот премин Јариње каде осум дена се стационирани припадници на специјалните полициски единици на Косово, пишува порталот „Косово онлајн“. Како што наведува медиумот, во прашање се американски, канадски и полски војници во рамки на мисијата на КФОР на Косово. Од КФОР за „Косово онлајн“ порачуваат дека „внимателно ја следат ситуацијата во цело Косово и дека го зголемиле бројот и времетраењето на рутинските патроли ширум земјата“. КФОР внимателно ја следи состојбата во цело Косово и останува фокусиран на секојдневна примена на својот мандат кој е произлезен од Резолуцијата 1244 на…
Имајте малку трпение, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на натписите во медиумите дека Грција и Франција се пред нов одбранбен договор за набавка на француски фрегати, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во Париз, каде што заедно со францускиоот претседател Емануел Макрон свечено ќе ја отворат изложбата во Лувр „Париз – Атина раѓањето на модерна Грција 1675-1919“, посветена на 200-годишнината од грчката револуција, а веднаш потоа ќе имаат и работна вечера. Според медиумите во Грција, Мицотакис и Макрон ќе разговараат за новиот одбранбен…
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин денеска изјави оти има потреба за забрана на потрошувачката на кучешко месо, како што и расте свеста за правата на животните во оваа далекуисточна земја. Имено, иако веќе не е вообичаено како порано, месото од куче во Јужна Кореја најчесто го јадат постарите луѓе. Претседателот Мун рече дека премиерот Ким Бук-кум го информирал за напорите во врска со подобрување на третманот на напуштените животни и задолжителниот систем за регистрација на кучиња. По брифингот, тој рече дека е време внимателно да се разгледа воведувањето на забрана за потрошувачка на кучешко месо, рече портпаролката на Мун. Ова е…