Неколку патници се повредени во денешната сообраќајна несреќа во југоисточна Австрија во која се преврте автобус.

Во автобуската несреќа што се случила на рурален пат во Тифенба, Штаерска, имало околу 30 патници, изјави портпаролот на полицијата за агенцијата ДПА.

Властите се сомневаат дека автобусот се судрил со камион. Полицијата сè уште не објавила од каде доаѓаат патниците. Портпаролот рече дека станува збор за повозрасни лица.