Лидерот на ЦДУ, Армин Лашет денеска, по седницата на Главниот одбор на партијата, посочи дека ниту една партија не добила јасен мандат за формирање влада по вчерашните парламентарни избори во Германија.

Ни ние не добивме, рече тој.

Лашет ја изрази желбата на ЦДУ да разговара со „Зелените“ и со ФДП, со цел да го сондира мислењето за формирање заедничка влада. Тој нагласи дека ЦДУ е подготвена да преземе одговорност на владеачка партија и дека сака разговори на еднакво ниво.

Лашет е убеден дека гласачите на ЦДУ/ЦСУ гласаа за оваа партија затоа што сакаат таа да ја преземе одговорноста за земјата.