Полицијата застрела човек кој на Менхетен во Њујорк отвори оган врз група луѓе.

Во инцидентот се ранети четири лица, меѓу кои и напаѓачот кој е приведен од полицијата. Сите повредени се превезени во болница.

Инцидентот се случил во четири часот наутро по локално време во горниот дел на Менхетен, пренесе порталот ny1.com.

Од полицијата соопштија дека напаѓачот е погоден во колк, откако отворил оган врз луѓе. Мотивот на нападот засега е непознат.