Author: Sashko

Германија е подготвена да продолжи со дипломатското присуство во Авганистан, доколку талибанците ги исполнат условите, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас, пренесува „Дојче веле“. Сакаме да видиме инклузивна влада во Кабул, да ги почитува основните човекови права, правата на жените и Авганистан не смее да стане база за меѓународен тероризам, рече Мас. Тој потенцира дека доколку се исполнат овие услови и ако дозволат безбедносните услови, тогаш Германија е подготвена да го продолжи дипломатското присуство во таа земја. Претходно и канцеларката Ангела Меркел изрази надеж дека талибанците ќе бидат подготвени да соработуваат. Наша цел мора да биде зачувување на што…

Read More

Полицијата во Нов Зеланд утрово уби напаѓач кој со нож повреди најмалку шест лица во супермаркет во Оукленд. Премиерката Џасинда Ардерн го оквалификува нападот како терористички акт. Напаѓачот, според неа, бил државјанин на Шри Ланка кој бил под надзор поради врски со т.н. Исламска држава, пренесува „Би-Би-Си“. Нападот врз супермаркет е „терористички напад“ на „насилен екстремист“ кој е следбеник на идеологијата на Исламска држава и кој беше под силен надзор на полицијата, изјави премиерката Ардерн.

Read More

Куќата на југот на американската сојузна држава Флорида, којашто речиси 20 години му припаѓаше на познатиот гангстер Ал Капоне, најверојатно ќе се урива. Според „Мајами хералд“, новите сопственици на куќата со девет соби во градот Мајами Бич имаат намера да ја урнат, откако летово ја купиле за 10,75 милиони долари. Еден од сопствениците, Тод Глејзер, изјави дека куќата, која се наоѓа на околу еден метар под морското ниво, била оштетена од поплави и подземни води. Тие сакаат да изградат нова двокатна куќа, со осум соби, осум бањи, џакузи, спа-просторија и сауна. Оваа куќа е обично ѓубре. Срамно е тоа за…

Read More

Најмалку 46 луѓе ги загубија животите во поплавите на североисток во САД, по што американскиот претседaтел Џо Бајден прогласи вонредна состојба во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси. Најмалку 23 лица загинаа во Њу Џерси, изјави гувернерот на таа американска сојузна држава, Фил Марфи, додека, според полициски извори, најмалку 13 жртви има во Њујорк. Пријави за загинати лица има и во Пенсилванија, во Конектикат и во Мериленд. Синоќа не знаевме дека небото буквално ќе се отвори и ќе предизвика ниво на вода како на Нијагарините водопади на улиците во Њујорк, рече гувернерката на Њујорк, Кејти Хочул. Националниот центар за урагани…

Read More

Портпаролот на Талибанците синоќа соопшти дека Кина ветила оти ќе ја задржи својата амбасада во Авганистан и ќе ја зголеми помошта за земјата која е разурната од деценискиот конфликт, пренесува агенцијата Бета. Абдул Салам Ханафи, член на политичкото биро на исламистичката група во Доха, „имаше разговор со Ву Јианг, заменик -министер за надворешни работи на Народна Република Кина“, напиша портпаролот Сухаил Шахин на Твитер. Кинескиот заменик министер нè увери дека неговата земја ќе ја задржи амбасада во Кабул, додавајќи дека нашите односи ќе растат. Кина, исто така, ќе ја зголеми и хуманитарната помош, особено за лекување на ковид-19, додаде тој.…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе одржи тематска дискусија со членовите на Стратешкиот совет на МНР, поврзана со случувањата во Авганистан, комплексноста и далекусежноста на импликациите предизвикани од оваа криза, кои би се рефлектирале и врз нашата земја. Состанокот, како што информираат од МНР, е продолжение на серијата настани во рамки на проектот на Министерството за надворешни работи, „Рефлексија 2030”, чија крајна цел е изработка на долгорочна Стратегија за надворешна политика.

Read More

Форумот за владеење на правото во Југоисточна Европа што се одржува денеска и утре ќе ги обедини судиите на Европскиот суд за човекови права и претставници на правосудните институции од седум држави на Југоисточна Европа. Темата на овогодинешниот форум е Независност и непристрасност на судството. Форумот ќе даде можност на европските правни експерти да говорат за примена на праксата на Европскиот суд за човекови права за независноста и непристрасноста на судството и предизвиците со кои тие се соочуваат. Форумот е организиран од AIRE Центарот и Civil Rights Defenders, поддржан од Владата на Обединетото Кралство, Кралството Шведска и Фондацијата „Конрад Аденауер“.…

Read More

Италија би можела да воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за сите од одредена возраст, изјави синоќа италијанскиот премиер Марио Драги. Покрај тоа, засилувачките дози на вакцини против ковид за ранливите луѓе треба да почнат да се администрираат во Италија во текот на овој месец, рече Драги. Италијанската влада воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници, но Драги е на мислење дека секој треба да биде обврзан да биде вакциниран, откако европските здравствени власти ќе дадат целосно одобрување за вакцините.

Read More

Преостануваат уште седум дена за јавен увид во Избирачкиот список (9 септември на полноќ), а девет дена (11 септември на полноќ) за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници до Општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 17 октомври. Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК. До 1 септември се провериле вкупно 10.724 лица во Избирачкиот список. Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за…

Read More

Не стивнува бројот на новодијагностицирани ковид случаи во земјата, а преку 20 починати донесе и вчерашниот дневен биланс. Во меѓувреме се одвива вакцинацијата на сите пунктови низ државатам како и теренската имунизација. Во земјава заклучно со 1 септември се вакцинирани вкупно 733.226 граѓани. Во државата се аплицирани вкупно 1.280.332 милиони дози на вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани. Согласно последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години и 28 отсто од населението меѓу 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Кај нас досега се направени вкупно 1.169.901 милиони тестови за ковид-19. Од почетокот на пандемијата се дијагностицирани…

Read More

Скопски пазар АД Скопје ќе започне со целосна реконструкција на Бит-пазар. Со новиот изглед и зголемениот капацитет, реновираниот Бит-пазар, како што се најавува, треба да прераснува во најголемиот пазар во државата. На настанот се најавени обраќања на премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претежно, северен ветaр. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени. Според УХМР, и во сабота ќе се задржи стабилно, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места…

Read More