Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осми регионален Форум за владеење на правото во ЈИЕ: Тема независност и непристрасност на судството

0
By Sashko on September 3, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 08:25

Форумот за владеење на правото во Југоисточна Европа што се одржува денеска и утре ќе ги обедини судиите на Европскиот суд за човекови права и претставници на правосудните институции од седум држави на Југоисточна Европа. Темата на овогодинешниот форум е Независност и непристрасност на судството.

Форумот ќе даде можност на европските правни експерти да говорат за примена на праксата на Европскиот суд за човекови права за независноста и непристрасноста на судството и предизвиците со кои тие се соочуваат.

Форумот е организиран од AIRE Центарот и Civil Rights Defenders, поддржан од Владата на Обединетото Кралство, Кралството Шведска и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

На централната конференција која ќе се одржи во Дубровник ќе присуствуваат Роберт Спано, претседател на Европскиот суд за човекови права, актуелни и поранешни судии од овој суд, како и Томас Маркерт, поранешен директор и секретар на Венецијанската комисија при Советот на Европа.

Во исто време, претседатели и судии на врховните и уставните судови, омбудсмани, застапници на државите пред Судот во Стразбур, претставници на судовите, факултетите, невладините организации и правни експерти од седум земји од Југоисточна Европа ќе се обединат во регионалните работни центри во главните градови: Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје, Тирана и Загреб. Тие ќе учествуваат на настанот преку видео врска.

За време на четирите сесии, учесниците ќе разговараат за клучните критериуми за утврдување на независноста и непристрасноста на судството, односот помеѓу независноста и непристрасноста со другите членови од Европската конвенција, улогата на судството, медиумите и другите гранки на власта како и клучните предизвици и добрите практики во регионот на Западен Балкан.

Форумот за владеење на правото во Југоисточна Европа е еден од најважните годишни настани за претставниците на судството, правниците и претставниците на невладините организации од регионот.

Целта на Форумот е да ја промовира имплементацијата на Европската конвенција за човекови права на државно ниво, да ја поттикне регионалната соработка во континуираниот развој на владеењето на правото и човековите права и да обезбеди помош во процесот на интеграција на регионот во Европската унија.

ЈИЕ независност Непристрасност Предизвици регион судство форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.