Author: Sashko

Хеликоптер на морнарицата на САД се урна во Тихи Океан, во близина на брегот на американската сојузна држава Калифорнија и во тек е потрага по екипажот, соопшти војската. Леталото, во моментот на несреќата, беше на рутински лет на околу 100 метри од брегот на Сан Диего. Армиски извори наведоа дека еден член на екипажот е спасен, без да прецизираат колку луѓе имало во хеликоптерот. „Во тек се операции на потрага и спасување со повеќе воздушни и поморски средства што ги распоредија крајбрежната стража и морнарицата“, се додава во военото соопштение.

Read More

Во Њу Орлеанс синоќа беше воведен полициски час, два дена откако ураганот „Ида“ го погоди брегот на американската држава Луизијана и точно 16 години откако ураганот „Катрина“ однесе над 1.800 човечки животи. Во Луизијана загинаа најмалку четири лица, а спасувачите почнаа да трагаат по луѓе кои останаа изолирани по ураганот. Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел изјави дека воведува „полициски час“ во градот, во кој одредени делови сè уште немаат електрична енергија. „Ида“, која сега е тропска бура, се движи кон долините на Тенеси и Охајо. Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот наречена Ми, која за првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави СЗО. Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот. СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус. Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации…

Read More

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска организира настан по повод две години од своето основање. Настанот се одржа во присуство на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за здравство, Венко Филипче и бројни претставници на владините институции како и на независните тела партнери во соработката на Агенцијата. На настанот се обрати директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски. Денес, со задоволство можам да истакнам дека Агенцијата согласно целта за која е основана, веќе две години успешно ги штити националната безбедност, независноста,…

Read More

Владата на денешната седница ги дополни мерките за борба против ковид-19 со кои од 1 септември и домашните и странски државјани за излез од територијата на Република Северна Македонија на граничните премини ќе мора да приложат: – Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест ковид-19; или – Сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или – Медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред излез од територијата на земјава или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред…

Read More

Ракометарите на Вардар ќе бидат дел од Фајналфор турнирот во регионалната СЕХА лига. Тимот на ППД Загреб вечерва славеше во реванш четвртфиналниот дуел со 25:22 (полувреме 12:10), но скопските залиха од четири гола се покажа како доволна за „црвено-црните“ за место на завршниот турнир. Најзаслужни за успехот на Вардар се голманот Мартин Томовски кој забележа 12 одбрани и Тимур Дибиров со пет голови. Вардарци во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Задар од 3 до 5 септември ќе играат против Мешков Брест додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Веспрем (Унгарија) и Мотор Запорожје (Украина).

Read More

Во последните 24 часа се регистрирани нови 870 случаи на ковид-19 од 5.844 направени тестирања. Починати се 37 пациенти, а најмладиот има 22 години. Најголем број од новозаболените се забележани во Скопје – 368. Во Тетово се регистрирани нови 78 случаи, а во Гостивар и во Куманово по 53. Во Кичево има нови 40 случаи, во Струмица – 39, во Прилеп – 29, во Охрид – 28, во Кавадарци – 22, во Струга – 20, во Битола и во Дебар по 15, во Ресен – 13, во Свети Николе – 12, во Велес и во Радовиш по 11, во Делчево…

Read More

Владата на денешната 103-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн настава во средните училишта во Тетово и Гостивар во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите седум дена. Владата денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и во Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година и за онлајн настава во првите седум дена во Кичево и во Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова…

Read More

Повратникот во македонската фудбалска репрезентација, Адис Јаховиќ очекува добри резултати на претстојните три натпревари во мундијалските квалификации. Секогаш сум сакал да играм за мојата татковина. Повикот од новиот селектор ме радува и многу сум среќен што сум дел од националниот тим. Чувството е како и првиот пат кога бев повикан, кога имав 26 години. Ќе дадам се од себе да направиме добри резултати. Треба да одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар. Ни претстои средбата со Ерменија. Тој натпревар треба да го одиграме како треба, противникот добро е анализиран. Потоа ќе мислиме на Исланд, па на Романија. Трите натпревари…

Read More

Сите државјани од Авганистан кои синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром се негативни на ковид-19, информираат од Владата. Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР тестовите за ковид-19, велат од Владата. Со авион на компанијата „Камаир“ вчера преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.

Read More

Научниците ѝ укажуваат на британската влада за „голема веројатност“ на големи бројки на случаи со коронавирус во училиштата во Англија до крајот на септември, пренесува „Би-Би-Си“. Тие додаваат дека „разумно“ би било владата да планира ова да се случи, се наведува во изјавата на САГЕ (Научна советодавна група за итни случаи) од 11 август. Случаите во Шкотска достигнаа рекордно високо ниво, откако училиштата се отворија за есенскиот дел од новата учебна година. Наскоро се очекува и одлука дали на сите деца на возраст од 12 до 15 години ќе биде понудена имунизација. Додека учиме да живееме со вирусот, мора да…

Read More

Постои можност пожарот на Галичица да се спушти кон пониските делови на планината и да ја загрози високата шума од страната на Преспанското и Охридското езеро, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во моментот се враќаме од хеликоптерско извидување на пожарот кој во текот на денешниот ден се појави на сртот на планината Галичица, а кој сè уште гори во граничниот појас на територијата на Албанија со голема веројатност во текот на ноќта да навлезе и на наша територија, соопшти попладнево ЦУК. Карактеристично за овој пожар, според ЦУК, е силната експлозија што се слушнала попладнево, а за која се…

Read More