Хеликоптер на морнарицата на САД се урна во Тихи Океан, во близина на брегот на американската сојузна држава Калифорнија и во тек е потрага по екипажот, соопшти војската.

Леталото, во моментот на несреќата, беше на рутински лет на околу 100 метри од брегот на Сан Диего. Армиски извори наведоа дека еден член на екипажот е спасен, без да прецизираат колку луѓе имало во хеликоптерот.

„Во тек се операции на потрага и спасување со повеќе воздушни и поморски средства што ги распоредија крајбрежната стража и морнарицата“, се додава во военото соопштение.