Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Бугарија е сè поблиску до нови избори, отколку до евентуално надминување на зацементираните позиции меѓу таканаречените „протестни партии“ за состав на нова функционална политичка влада, со силна поддршка во редовите на Народното собрание. Откако пред десетина дена „Има таков народ“ (ИТН) го врати мандатот, вчера истата постапка ја повтори и доскорешната владеачка партија ГЕРБ, второпласираната на последните избори што се одржаа на 11 јули, со која ниту една партија во бугарскиот Парламент не сака да коалицира. Но, проблемот е што не сакаат да коалицираат ниту анти-ГЕРБ партиите, секако, секоја од свои причини. Во ситуација кога ИТН, со своите 65 пратеници,…
Владата најави дека денеска би требало да продолжи печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните барања. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како што информираа од Владата, на вчерашната седница информирал дека подзаконскиот пропис во врска со издавањето на обрасци на новите лични карти ќе биде објавен во „Службен весник“ со што веднаш ќе се овозможи да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања. Стотата владина седница била со единствена точка на дневен ред на која била разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на…
Талибанците соопштија дека наскоро и официјално ќе претстават и воведат нов систем на владеење во Авганистан. Радикалното талибанско движење има намера да го претстави новиот политички систем што ќе управува со Авганистан во блиска иднина, изјави портпаролот на движењето за Ројтерс, пренесува ТАСС. Експертите по право, религија и надворешна политика имаат намера да го претстават новиот систем на владеење на (земјата) во наредните недели, рече тој. Претставникот на талибанците додаде дека новата форма на владеење ќе биде насочена кон заштита на интересите на целото население. Согласно договорите меѓу Кабул и Вашингтон за повлекување на западните сили, Авганистан не смее повторно…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп смета дека актуелниот лидер Џо Бајден треба да се извини на Американците за повлекувањето на војниците од Авганистан. Џо Бајден мора да се извини на Америка што војската да се повлече од земјата пред да заминат цивилите и дека напушти воена опрема во вредност од 85 милијарди долари“, рече Трамп. Тој во вторникот за „Фокс њуз“ изјави дека повлекувањето на САД од Авганистан, под раководство на Бајден, е „најголемото понижување за САД“. Ова е нешто што ќе влијае на нашите (меѓународни) односи со децении, оцени поранешниот американски претседател. Талибанските борци влегоа во Кабул без борби…
На Меѓународниот аеродром во Скопје синоќа пристигнаа 30 наши државјани кои беа евакуирани од Авганистан. Според Министерството за надворешни работи (МНР), сите македонски граѓани се безбедно евакуирани и се очекува многу скоро да пристигнат дома. Во земјава од Авганистан ќе бидат преземени 650 граѓани. Надлежните институции ги разгледуваат сите оперативни аспекти за привременото сместувањето на овие лица во хотели и мотели, до трансферот до нивните крајни дестинации како што се САД или трети земји, за што трошоците ќе бидат покриени од меѓународните организации. Нашите граѓани кои синоќа пристигнаа во Скопје, по евакуацијата од Авганистан беа сместени во воената база на…
По две недели континуиран раст на заразени со ковид-19, кривата се исправа, а значително е зголемен интересот за вакцинација кај граѓаните. Невакцинирани од новозаразените со ковид-19 се 85 отсто и 91 процент од хоспитализираните. Вчера се регистрирани 1.074 нови случаи на ковид-19 од 7.571 тестирање, додека починаа 24 лица. Најлоши 24 часа од почетокот на пандемијата имаше ковид-центарот во Тетово со девет починати и 18 хоспитализирани пациенти, а поради сериозни компликации од повеќе хронични болести, дел од нив биле однесени во Скопје. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, на оздравени пациенти…
Министерството за надворешни работи (МНР) денеска од 11 до 17 часот, организира Отворен ден. Граѓаните ќе можат да ги посетат просториите на Министерството и да поднесат забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и другите вработени. Дипломатијата ги отвора вратите. Министерството за надворешни работи ги отвора вратите за средба со граѓаните резиденти во земјава и претставници на дијаспората, со цел да ги слушне нивните забелешки, предлози и идеи, за подобрување, пред сѐ, на конзуларните услуги, но и за сите други области од директен интерес за граѓаните, а се поврзани со работата на оваа институција, објава министерот за надворешни…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално во форма на невреме со засилен ветар и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветар, особено до пладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен. Од недела до вторник стабилно време со постепен пораст на…
Предупредување за ураган е издадено за американските сојузни држави Конектикат и Њујорк, пред сè за Лонг Ајленд, поради можно засилување на тропската бура „Хенри“ до ниво на ураган, соопшти американскиот Национален центар за набљудување на урагани. Метеоролошки услови слични на ураган се очекуваат в недела во делови од Лонг Ајленд и Конектикат за каде е издадено предупредување за ураган, се вели во соопштението. Бурата „Хенри“ може да предизвика поплави во североисточниот дел на САД, велат од центарот. Брзината на ветрот се зголеми од 18 на 31 метри во секунда и бурата во моментот се наоѓа на неколку стотини километри југоисточно…
Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите почнува денеска и ќе трае до 9 септември. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите. Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици. До 9 септември, граѓаните може да достават барање за запишување, за бришење или за дополнување во Избирачкиот список во писмена форма до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и…
Во сообраќајка што се случи доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, во правец на езерото ,,Младост”, тешко се повредени две женски лица, информира доктор Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом Велес. Едното лице е со повреди на двата долни екстремитета и еден горен , а другото со повреди на десен и лев долен екстремитет информира доктор Пановска ПопСтефанова . Пациентите биле згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.
Авганистанските талибански бунтовници мачеле и убивале припадници на едно национално малцинство, откако неодамна го окупираа нивното село, соопшти меѓународната организација Амнести интернешанл (АИ). Овој извештај дополнително ќе го зголеми стравот на Авганистанците дека талибанците, кои минатата недела ја презедоа власта во речиси целата земја, повторно ќе воспостават брутално владеење, иако тие го тврдат спротивното. Во извештајот на АИ се наведува дека истражувачи на организацијата разговарале со сведоци во провинцијата Газни кои тврдат дека талибанците убиле девет мажи, припадници на малцинството Хазари, во селото Мундаракт, во периодот меѓу 4 и 6 јули. Според сведоците, шест мажи биле убиени со огнено оружје,…