Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 16 часот на територијата на земјава има шест активни пожари од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола. Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај, близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница. Како што информираат од ЦУК, пожарот над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај е активен на неколку правци на непристапен терен и се гасне со хеликоптер. Во Националниот…
Централната свеченост по повод 20 години од потпишување на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи во присуство на околу 200 гости во сала со капацитет за 1.500, со мерење на температура на влез, со задолжително носење на заштитни маски и со одржување на физичка дистанца од 1,5 метар, но откажан е планираниот концерт на плоштад „Македонија“ во рамки на јубилејот. Ова го потврди Артан Груби, прв вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Се надевам дека хистеријата што е присутна по социјалните мрежи, не се однесува на Охридскиот рамковен договор и негова имплементација. Согласно програмата…
Каналите за комуникацијата за надминување на спорот остануваат отворени, иако вестите од политичката сцена во Бугарија не се охрабрувачки, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи за ќор-сокакот во кој западна источниот сосед околу формирање на новата влада. Со тоа се надвисна и неопходноста за дополнително време за македонската Влада да добие партнер во Софија во разговорите за „дигање“ на ветото што ќе значи и деблокада на евроинтеграцискиот процес на земјава со Европската Унија (ЕУ). Од Бугарија, за жал, не добиваме охрабрувачки сигнали за формирање на новата влада, но и институции што се покажаа како фактор за надминување на…
Белорусија им нареди на САД да го намалат своето дипломатско присуство во државата, како одговор на новите санкции на Вашингтон, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи. Ние и предложивме на американската страна да го намали бројот на вработените во амбасадата во Минск на петмина до 1 септември, рече портпаролот на министерството, Анатолиј Глаз. Тој ги осуди „отворените непријателски“ акции на САД. Оваа недела, САД воведоа нови санкции против Белорусија, како и против институции и компании поврзани со владата на претседателот Александар Лукашенко, зголемувајќи го притисокот врз белоруската влада.
Сабина Ајрула Тозија, една од нашите најпознати актерки и доајен на театарската уметност во Македонија, почина на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување. Меѓу позначајните нејзини улоги се Олга во „Чехов“, потоа Гертруда во „Хамлет“ и Фатима во „Солунски патрдии“, а во последните години беше позната и со свое учество во позната турска серија „Величествениот“. Потоа ја играше Лисијен во „Болва во уво“, Костадинка во „Јане Задрогаз“, Џеси во „Добра ноќ мајко“, Лаура во „Татко“, Лени во „Злостори на срцето“ и многу други, а како гостин учествуваше во проекти на Турската драма и на Драмата при МНТ. Ајрула Тозија…
Во Полска вечерва се одржуваат протести против законот со кој, според критичарите, владејачката партија се обидува да ги задуши независните медиуми. Незадоволството на граѓаните беше предизвикано од обидите на полските власти да замолчат независна американска телевизија, која инаку ја критикува владата, но сигурно е дека овој закон, технички, ќе ги спречи неевропските сопственици да имаат удел во полските медиумски куќи. Практично, тој закон ќе ја присили американската медиумска куќа „Дискавери инк.“ да го продаде својот удел во мрежата ТВН, која емитува голем број на канали, но и каналот за вести ТВН24, кој има најголема гледаност на информативна програма. Усвојувањето на…
Одлуката дојде сосема природно, по сe што се случи. Се чувствувам разочаран за сите други луѓе, за гласачите, изјави Пламен Николов за БНТ, кој попладнево најави дека ја повлекува кандидатурата за премиер. „Ги разочаравме луѓето што не успеавме да ја спроведеме идејата да се обединиме, токму кога е најпотребно на нашата земја. Планот за закрепнување од кризата со ковид-19 најверојатно ќе биде одложен, како и усвојување на новата буџетска рамка без која нема да може да се зголемат пензиите. Не сум разочаран лично за мене, разочаран сум за нашата земја“, рече Пламен Николов. Според него, „Има таков народ“ ги одржа…
Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо соопшти дека поднесува оставка. Неговата функција во преостанатиот период од мандатот ќе ја презеде Кети Хочул, потполковник од редовите на демократите, и ќе биде првата жена гувернер на државата. Оставката доаѓа откако јавната обвинителка Летиција Џејмс ги истражи обвинувањата за сексуално вознемирување против гувернерот што ги поднесоа 11 жени. Тоа вклучува девет сегашни или поранешни државни службенички. Во извештајот што беше објавен на 3 август, Џејмс наведе дека сите обвинувања се веродостојни. По извештајот ќе следува постапка за отповикување, поради што и Куомо одлучи да се повлече од функцијата. – Mислам дека, со…
Зголемен е бројот како на нови случаи на ковид-19, на пациенти кои се приклучени на апарати, така и на направени тестови во Грција, согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. По речиси четири месеци, регистрирани се над 4.000 новозаразени, односно вкупно 4.181 случај, починаа 19 лица, а 219 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници. Доколку се анализираат податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција за новите случаи на дневно ниво, од почетокот на пандемијата во земјата, само три пати биле регистрирани над 4.000…
Талибанските сили во моментот контролираат 65 отсто од територијата на Авганистан и се закануваат дека ќе заземат 11 провинциски главни градови, изјави денеска висок претставник на Европската Унија (ЕУ). Тој додаде дека Талибанците се обидуваат да го отсечат Кабул на северот од поддршка на националните сили, пренесува Ал Џезира. Европскиот претставник додаде дека Талибанците не го исполниле ветувањето за постигнување на политички договор за мир што ќе овозможи некакво преодно управување со државата.
Мандатарот за состав на новата влада на Бугарија, Пламен Николов од партијата „Има таков народ“, утре ќе ја повлече кандидатурата. Николов за агенцијата БТА изјави дека тоа ќе го стори од лични причини и за тоа нема законски пречки. Претходно денеска, водачот на „Има таков народ“, Слави Трифонов изјави дека предлог-кабинетот со премиер Пламен Николов нема да го достави на гласање. Од „Демократска Бугарија” и „Стани БГ! Доаѓаме!” објавија дека нема да го поддржат предлог-кабинетот.
Кампањата за примање на трета доза на вакцина против ковид-19 во Австрија ќе започне на 17 октомври. Ова го најави министерот за здравство, Волфганг Мукштаjн во интервју за австриското радио. Третата доза се однесува на оние кои примиле втора доза пред девет месеци – период во кој важи потврдата за вакцинација. Владата очекува во наредните недели да добие дозвола од Европската агенција за лекови (ЕМА) за да почне да вакцинира со трета доза.