Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Велес-Штип, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ претходно известија дека овој патен правец беше затворен од 17:45 часот, поради намалена видливост од пожар кај Градската депонија. Од 18:15 часот, сообраќајот на патот Велес-Штип се одвиваше по една коловозна лента. Од АМСМ, исто така, информираа дека поради намалена видливост од пожар, од 16 часот во прекин е сообраќајот и на патниот правец Кочани – Виница – Берово. АМСМ, меѓу другото, известува дека на граничниот премин „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30…
Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз на нејзиниот официјален Фејсбук профил изрази благодарност до пожарникарите, до војниците, до волонтерите и до локалното население кои се вклучени во гасење на пожарите што зафатија делови од земјава со порака за будно следење на состојбата и почитување на упатствата од власта. – Тажни од ужасните слики од пожарите низ целата земја. Наша благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници за нивните храбри напори. Тие се вистински херои. Ве молиме, бидете будни и следете ги упатствата од властите, пишува на фејсбук амбасадорката Брнз.
Откако го судеа финалето на Европското првенство во 2020 година, македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија уште едно големо признание да делат правда на машкото ракометно финале на Олимписките игри во Токио. Финалето во кое олимпискиот и светски првак Данска ќе игра против Франција е на програмата в сабота со почеток во 14 часот. Пресметката за златниот медал ќе биде седми натпревар за македонската судиска двојка на Игрите во Токио. Начевски и Николов претходно судеа шест натпревари во групната фаза, а беа главни арбитри и на четвртфиналниот натпревар меѓу Германија и Египет. Најдобрите македонски ракометни судии беа меѓу…
Сите пожари во скопскиот регион на кои се интервенираше вчера се изгаснати. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во текот на вчерашниот ден имала 29 дојави за пожар од кои е интервенирано во 22 случаја, а седум дојави биле лажни. – Не се памети ден како вчерашниот. Досега не сме имале 22 интервенции за помалку од 24 часа. Првата дојава беше околу 10 часот, а последната во 21:45 часот, вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски. Состојбата во поранешната фабрика „ОХИС“ е стабилна, а денеска е изгаснат и пожарот над Сарај кон „Јасен“. Оценките на пожарникарите…
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во врска со настанатите пожари во с. Погулево и с. Дамјан, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш од слобода е лишен И.О. од с. Тополница. Тој откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот. Инаку, на подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост имаше три пожари, од кои тој во с.Погулево е изгаснат, кај с. Парналија и с. Супурге е локализиран, а на влезот од с. Дамјан се преземаат мерки за негово гасење, стои во…
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ги распиша локалните избори што треба да се одржат на 17 октомври. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија (ДИК), како и до Министерството за надворешни работи (МНР) и до Министерството за правда. – Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 17 октомври во 2021 година. Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на…
Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека денеска на Клиниката за детски болести е дистрибуиран лекот „Калидеко“ наменет за пациенти со цистична фиброза кои се носители на III -klasa CFTR „gatting“ мутација. Терапијата што ја набави Министерството за здравство, како што се посочува, е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест, со што им обезбеди лек за цела година. – Министерството за здравство почнувајќи од 2017 година е во редовна комуникација со здруженијата на пациенти со ретки болести, а со таквиот пристап значајно се зголемија буџетите во делот на ретките болести. По три години иницијални состаноци, значајно е зголемен…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, при што се потврдени 325 нови случаи со ковид-19. Регистрирани се 11 оздравени пацеинти, како и едно едно починато лице во болнички услови од Битола (55 год.), соопшти Министерството за здравство (МЗ). Од вкупниот број на новорегистрирани случаи на ковид-19, во Скопје отпаѓаат 101, во Тетово – 95, во Гостивар – 43, во Куманово – 26, во Струга – 10, во Охрид, Дебар и Кичево по седум, во Прилеп, Кочани и Македонски Брод по четири, во Струмица, Радовиш и Пехчево по три, во Кавадарци…
На Граничниот премин „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците…
Во Македонија, заклучно со вчерашниот ден, има 955 случаи на ковид-19 од кои најмногу во Тетово – 285 и во Скопје – 275. Колку за споредба на растот, пред еден месец беа активни 130 во целата држава. Тетово и Скопје вчера имаа ист број новозаразени, по 65, а двоцифрени број на нови случаи имаше и во Куманово (20) и во Гостивар (19). Триесет пациенти се оздравени, а починале четворица на возраст од 61 до 76 години. По Скопје и Тетово, висок број активни случаи имаат и Куманово (90), Гостивар (84), Битола (38), Дебар (29), Струмица (27), Кичево (23). Десет градови…
Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров загуби во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио и драстично ги намали шансите за освојување медал во категоријата 97 килограми слободен стил. Нуров, кој беше последниот седми македонски спортист со настап на Олимписките игри, денеска рано наутро во првата осминафинална борба го совлада Тунижанецот Мохамед Садуи со 5:0. Во четвртфиналето македонскиот борач по голема борба загуби на поени со 6:4 од Кубанецот Раинерис Перез Салас и сега преостанува да се надева на борба за медал преку репесаж. За такво сценарио ќе биде потребно Салас да го совлада најдобриот светски борач Абдулрашид Садулаев во полуфиналето. Нивната борба…
Јапонија денеска одбележува 76 години од атомскиот напад врз Хирошима на 6 август во 1945 година. Комеморацијата. сепак, е во сенка на одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да не повика на минута молк за жртвите оваа година. Преживеани лица, роднини и само мал број на странски лидери присуствуваа на утринската церемонија во Хирошима за да оддадат почит на жртвите и да повикаат на мир во светот. За време на пандемијата на коронавирус, јавноста е исклучена од церемонијата, како и во 2020 година, но може да ја следи преку интернет. Учесниците, со маски на лицата и во црни костуми, во…