Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз на нејзиниот официјален Фејсбук профил изрази благодарност до пожарникарите, до војниците, до волонтерите и до локалното население кои се вклучени во гасење на пожарите што зафатија делови од земјава со порака за будно следење на состојбата и почитување на упатствата од власта.

– Тажни од ужасните слики од пожарите низ целата земја. Наша благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници за нивните храбри напори. Тие се вистински херои. Ве молиме, бидете будни и следете ги упатствата од властите, пишува на фејсбук амбасадорката Брнз.