Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Во земјава расте бројот на заразени со ковид-19. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 164 нови случаи со вирусот од направени 5.276 тестирања. Трицифрена бројка на инфекции на дневно ниво беше регистрирана кон средината на мај. Најголем дел од новите случаи се пријавени од Тетово – 60, од Скопје – 34, од Гостивар – 21, од Куманово и Битола по осум, итн. Регистрирани сe 18 оздравени пациенти и три починати лица во болнички услови. Бројот на активни случаи во моментот изнесува 770, од кои најмногу во Тетово – 229, по што следи Скопје со 221, Куманово со 72, Гостивар…
На граничниот премин „Табановце“, за влез и за излез од државата, се чека околу 30 минути, а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ им препорачува на возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се…
Македонска каратистката Пулексенија Јованоска го освои претпоследното место во кати во својот дебитантски настап на Олимписките игри. Таа ноќеска настапи во првата квалификациска група и освои 23.80 и 24 поени, односно оствари просек од 23.90 што беше недоволно за пласман во наредната рунда. Јовановска на крајот заврши како последна, петта, во својата група или вкупно деветта од десет натпреварувачки. Од македонските претставници на Олимпијадата во Токио останува уште настапот на борачот Магомедгаджи Нуров во дисциплината слободен стил, 97 килограми. Нуров на борилиштето ќе се појави утре (6 август).
Еден од петте хеликоптери замина на извидување во реонот на општина Пехчево, изјави утрово за МИА Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Хеликоптерите се подготвени, еден отиде на извидување. Има многу густ чад над местото на пожарот, кажа Ангелов. Дополни дека по извидничката мисија на хеликоптерот, останатите ќе полетаат од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Според последните податоци што синоќа ги соопшти директорот на ЦУК, во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Македонски Брод како и во регионот на Пехчево и Делчево.
Пожарите не стивнуваат. Во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите расположливи капацитети на локалните самоуправи, на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на војската, на полицијата и на граѓаните. Помош пристигна и од соседството, поточно од Србија и од Бугарија, а денеска се очекува и засилување од Словенија со 16 противпожарни возила и 46 пожарникари. Според последните податоци што вчера ги соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, како и во регионот на Пехчево и Делчево. Поради алармантноста на ситуацијата, Управувачкиот комитет го прифати предлогот на…
Управувачкиот комитет побара воведување на кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите што неколку дена беснеат на територијата на Македонија за што ќе расправа Владата на седницата што е закажана за претпладнево во 08:30 часот. – Управувачкиот комитет се обрати со барање за воведување на кризна состојба во траење од 30 дена за што ќе расправаме на Влада утре сабајле во 08:30 часот и ќе донесеме одлука, изјави Заев за ТВ 21. Центарот за управување со кризи (ЦУК) претходно соопшти дека Управувачкиот комитет на седница го прифатил предлогот на Групата за процена и предлага на Владата да донесе…
Пожарот што избувна вечерва крај регионалниот пат Штип – Кочани зафатил површини со сува трева поради што сообраќајната полиција еден час го регулирала сообраќајот, а пола час бил и затворен за сообраќај. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека станува збор за површина од 10 хектари, а според првичните информации станува збор за пожар предизвикан од запалено стрниште. Насев посочи дека, благодарение на месното население и на пожарникарите, пожарот е локализиран и ниту еден човечки живот не е загрозен, ниту недвижен имот.
Пожарникарски екипи денеска имаа две интервенции во Челопек, во Општина Старо Нагоричане, информираат надлежните од РЦУК Куманово и од противпожарната единица на Старо Нагоричане. Оттаму велат дека првиот пожар бил регистриран од 11 часот, па сè до 12:30 часот, а гореле поранешни бараки. Вториот пожар пак бил регистриран во 15:20 часот и траел сè до 19 часот, при што изгорела и куќа, објект, добиток и стрништа. – Таму сè уште има дежурни екипи, пожарот е локализиран, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски. Во Дренак, на потегот кон Дренак – Жељувино, сè уште е активен пожарот кој е на поголема…
Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето ја спасија од опожарување манастир „Св.Петка“ од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее во Пехчево. Моментално ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на напомош од Бугарија. За време на пожарот, како што информираат жителите кои цел ден учествуваа во гасењето, комбајните жнееле со цел да се спаси житото од пламените јазици. – За среќа манастирот е спасен, изгасен е на време. Не е доцна за помошта што стигна од Бугарија, бидејќи има потреба од помош кај Чифлик, Умлена и Робово оти од таму…
Поради исклучително високите температури, веднаш по пристигнување на петте хеликоптери на местото на големиот шумски пожар во Пехчевско, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој додаде дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени. – Безбедноста на посадата на воздухопловите и безбедноста на луѓето се на прво место, наведува Ангелов. Во попладневното гостување, пак, на ТВ Канал 5, Ангелов соопшти дека во овој момент се активни 10 пожари од кои неколку се исклучително сериозни, а другите се од…
Стојанче Ангелов, кој досега беше в.д., денеска е унапреден во директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Одлуката е донесена на денешната владина седница што воедно беше последна пред годишните одмори. Ангелов во изминатите неколку денови се најде под силен притисок во јавноста поради т.н. „ер трактори“ или попознати како канадери и нивната нефункционалност за големите пожари што ја зафатија Македонија, поради тоа што не се сервисирани. На апелите од јавноста за понесување на одговорност, тој возврати дека прво треба да се изгасат пожарите, па потоа да се утврдува одговорност. На вчерашната прес-конференција, Ангелов нагласи дека ќе поднесе оставка…
Три противпожарни возила од соседна Бугарија се наоѓаат на територијата на Македонија и моментно се движат кон Пехчево на помош на домашните пожарникари, вработени во шумските стопанства, припадници на Армијата и местното население во борба со огнената стихија во Пехчевско.