Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Скокање од карпи, качување, спуштање, лизгање, пливање, уживање во природно џакузи, многу смеење, уште повеќе возбуда и адреналин. Вака накусо би се опишала четиричасовната авантура што ја организираат ентузијастите од Mountain Solution – Tours Macedonia на реката Градешка во Мариово. Новата атракција т.н. Кањонинг која се реализира веќе трета сезона, е достапна и за домашните и за странските туристи. Кањонингот подразбира пешачење низ речна клисура (кањон) и совладување на сите попатни природни препреки – водопади, каскади, природни базени (вирови). Притоа, може да се користат различни вештини на движење и техники на качување и спуштање. Се нуди во организирани групи, со…
Околу 100 службеници на ЦИА и членови на нивните семејства се наоѓаат меѓу околу 200-те американски граѓани кои страдаат од мистериозниот „Хавана синдром“, изјави вчера директорот на ЦИА, Вилијам Барнс. Барнс, кого американскиот претседател Џо Бајден како прв дипломат од кариера го постави на челното место на разузнавачката служба, во интервју за Националното радио изјави дека ги засилил напорите на неговата агенција за утврдување на причините за синдромот што се манифестира преку мигрена и вртоглавица. „Хавана синдромот“, со симптоми како вртоглавица, гадење, мигрена и пропусти во меморијата за првпат бил детектиран кај вработените во американската Амбасада на Куба во 2016…
Денеска во 13 часот по македонско време, на Националниот стадион во Токио, ќе бидат отворени 32-те Летни олимписки игри, но без присуство на гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), а најавено е присуство и на 15 шефови на држави и меѓународни организации. Македонија на Игрите во Токио испрати осум спортисти. Во улога на знаменосец за време на свеченото дефиле ќе биде таеквондистот Дејан Георгиевски. Со него требаше да се појави и џудистката Арбреша Реџепи која, сепак, ќе ја пропушти церемонијата поради делумната илозација што по блискиот контакт што…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Регионалниот пат Р-2332 Ресен -…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 степени а УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. Утре ќе биде стабилно и топло, освен во планинските предели, каде ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник температурите ќе бидат во натамошен пораст, а особено топло се очекува во средината на…
Епидемиолошката состојба со ковид-19 во државата засега останува стабилна. Како што вчера соопшти Министерството за здравство (МЗ), во деноноќието меѓу средата и четвртокот биле регистрирани 17 нови случаи на заболени со коронавирусот, а во меѓувреме продолжува и теренската вакцинација, која денеска ќе се одвива во 60 населени места во државата. Според последниот извештај на МЗ, досега се ревакцинирани 305.804 граѓани, додека една доза на вакцина против ковид-19 имаат примено 61 отсто од населението над 70 години, 58 отсто од граѓаните над 65 години, 53 отсто од оние над 60 години и 43 отсто од лицата над 50-годишна возраст. – Процесот…
Расправата за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО се очекува да се најде на дневeн ред на 44-та годишна Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура што ќе се одржи денеска во кинескиот град Фуџоу. Охридскиот регион, како заштитено природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност, е шеста точка на дневниот ред во работата на Комитетот, па одлуката по нацрт-извештајот и идниот статус на заштитеното културно и природно наследство се очекува да биде познат во текот на денот. Што се однесува на нацрт-верзијата на самата одлука, во неа се нотираат слабостите…
Владеачкиот СДСМ е согласен за одржување на локалните избори на 17 октомври, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, ако за тоа се договорат сите партии, порача вчера премиерот Зоран Заев, откако во средата опозициската партија се спротивстави на неговата идеја изборите да се одржат на 31 октомври. – За мене е многу важно што ќе каже опозицијата. Таа треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако се одржат на 17 октомври се поклопува кампањата со пописот, и тоа не е добро, треба да го истуркаме пописот до крајот на септември, по што може да почне кампањата. Но, ако каже опозицијата 17-ти…
Претседателот Стево Пендаровски денеска во резиденцијата на Водно ќе додели „Орден за заслуги за државата“ за претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, а постхумно ќе бидат одликувани и писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими. Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност. Писателот Горан Стефановски постхумно ќе добие Орден за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство, Хаџиманов за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво, а Несими за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска беше домаќин на македонските граѓани кои живеат во странство, а летните одмори ги минуваат во земјава. Како што соопшти МНР, на приемот министерот упати благодарност до дијаспората за нивниот придонес во пренесување на позитивната порака и слика за нашата држава, како и придонесот за целокупниот економски и општествен развој на Северна Македонија. – Се работи за огромен потенцијал на млади и образовани кадри, кои се најдобри во своите професии и за чие знаење и вештини има потреба средината од каде потекнуваат и на која редовно се враќаат, нагласи Османи. На приемот, министерот ги…
Бојан Јовановски алијас Боки 13 попладнево е спроведен од домашен притвор во КПД „Идризово“ на издржување на деветгодишната затворска казна што ја доби во случајот „Рекет“. Веста ја потврди и Јовица Стојановиќ, директор на „Идризово“. Наредбата за трансфер на Јовановски е по одбивање на неговата и жалбата на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева од Апелацискиот суд, со што практично беа потврдени првостепените пресуди. Извори на Нова ТВ брифираат дека Боки 13 во моментот се наоѓа во приемното одделение во „Идризово“, каде ќе остане до моментот додека не се спроведе контролата за тоа каде треба да е сместен – дали во…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го потврди распоредот за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), според кој, македонскиот првак Вардар трипати во серија ќе биде домаќин, откако во воведното коло ќе му гостува на норвешки Елверум. По стартното гостување во Норвешка, Вардар во Скопје ќе ги пречека Мешков Брест, Алборг и Монпелје, а од деветтото до 11 коло ќе гостува три пати во низа, најпрво кај Кил, потоа во Загреб и реваншот со францускиот претставник. Распоред на натпреварите на Вардар во ракометната ЛШ за сезоната 2021/22: 1 коло, 15/16.09, Елверум – Вардар 2 коло, 22/23.09, Вардар – Мешков Брест…