Author: Sashko

Во полициска акција против шверцери на бегалци, во која беа вклучени полициите на Шпанија и на Албанија и надлежните безбедносни служби на Австрија, на Франција, на Италија, на Словенија, на Португалија, на В. Британија, на САД, на Косово и Европол, се уапсени вкупно 46 лица кои се дел од криминална мрежа што овозможувала на бегалците илегално да влегуваат во Британија и САД. – Истрагата, предводена од шпанската полиција со меѓународна полициска поддршка и соработка, резултираше со разбивање на организираната криминална група вклучена во трговија со луѓе и изработка на лажни лични документи и патни исправи, соопшти Европол. Како што е…

Read More

Ковакс механизмот ќе добие 110 милиони дози на вакцини против коронавирус од кинеските компании „Синовак“ и „Синофарм“ кои ќе бидат од помош на меѓународниот систем во справување со недостигот поради новиот бран на пандемијата, соопшти денеска Сојузот за вакцини (Гави). Договорот со кинеските фармацевтски групи вклучува и опции за набавка на дополнителни дози во наредните месеци, се вели во соопштението. – Благодарение на овој договор, можеме веднаш да започнеме со испорака во земјите, рече Сет Беркли, раководител на Гави. Ковакс механизмот, кој требаше да гарантира еднаков пристап до вакцините и на богатите и на сиромашните земји, досега дистрибуира над 102…

Read More

Од петок ќе почне вакцинација со „Фајзер“ на деца над 12 години, чии родители/старатели од денеска до четврток ќе се пријават на веб-страницата vakcinacija.mk. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека откако ќе се види заинтересираноста со регистрирањето на сајтот, ќе се закажуваат термини за вакцина по распоред, бидејќи една вијала содржи шест дози. – Затоа што вакцината на „Фајзер“ кога еднаш ќе се отвори, мора да се вакцинираат шест лица бидејќи во вијалата има шест дози и ако се јави едно или две деца, голем е ризикот одреден број вијали да се фрлат, а тоа не сакаме да…

Read More

Епидемиолошката слика во земјата е подобрена, но треба да се концентрираме на квалитетот, да ги запреме новите случаи, состојбата да ја задржиме стабилна за да дојдат туристи, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. За зголемувањето на бројот на новозаразени случаи, Теохарис истакна дека доколку е потребно, ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се избегне другите земји да воведат рестрикции и карантин по враќањето од Грција. – Во секој случај, зголемувањето на новите случаи е процес што треба да се следи одблиску. Оваа година е…

Read More

Државната полиција на Хаити соопшти дека уапсила осомничен организатор на атентатот врз претседателот Жовенел Моиз. – Уапсен е лекар од Хаити кој живее во американската држава Флорида. Осомничените убијци го повикале по атентатот, изјави на прес-конференција полицискиот командант Леон Чарлс. Лекарот е третиот американски државјанин со потекло од Хаити, и вкупно 21 лице, задржано како осомничено лице во случајот и се смета дека е организатор на операцијата. Другите двајца, исто така, наводно живеат во Флорида. Таа американска држава е оддалечена од Хаити околу 1.000 километри. Другите 18 осомничени кои се притворени се по потекло од Колумбија.

Read More

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ја презеде одговорноста за поразот од Италија на пенали во финалето на Европското фудбалско првенство. Англија синоќа на „Вембли“ во Лондон загуби од Италија на пенали со 3:2, откако натпреварот со двете продолженија заврши нерешено 1:1. – Јас сум одговорен за ова. Ги избрав изведувачите врз основа на она што го правеа на тренинг. Победувавме како тим, а денес сите заедно сме одговорни за неуспехот на овој натпревар. Но, што се однесува до пеналот – тоа беше мој избор, кој целосно лежи во мене. Бевме добро подготвени и имавме одличен почеток, но, за жал, не…

Read More

Репрезентацијата на Италија се искачи на европскиот фудбалски Олимп по победата над Англија, на пенали, на „Вембли“ во финалето на ЕП 2020, а последната одбрана на Џанлуиџи Донарума предизвика вистинска експлозија на радост меѓу навивачите на Апенините. https://www.youtube.com/watch?v=nNCsUp90-O0 „Азурите“ беа во исчекување на континенталната фудбалска титула цели 53 години, поточно од турнирот во 1968 година на кој беа домаќини. https://www.youtube.com/watch?v=OKiBfWDpWDA Голем број на навивачи се собраа ноќеска на улиците на сите италијански градови.

Read More

Новак Ѓоковиќ, вчера попладне, по шести пат во кариерата ја освои титулата на Вимблдон по победата во финалето над Италијанецот Матео Беретини со 3:1 во сетови. Со тоа, српскиот тениски ас се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал, па сега сите тројца имаат по 20 гренд слем трофеи, но веќе на Ју-Ес опен ќе има прилика да ги престигне од најмалку две причини. Првата – бидејќи оваа сезона е во одлична форма, а втората е бетонот во Њујорк што е негова омилена подлога. Мотив ќе бара и во непријатното ланско искуство на турнирот, кога со топче погоди судијка кој,…

Read More

Премиерот Андреј Пленковиќ е најнегативно оценет хрватски политичар во анкетата на „Промоција плус“, а во топ 3 се најде и првиот човек на Саборот, Гордан Јандроковиќ. Истражувањето покажало пораст на популарноста на новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ и политичката платформа „Можеме“, пад на рејтингот на претседателот Зоран Милановиќ и цврсто лидерство на ХДЗ. Една година од последните парламентарни избори во Хрватска, ХДЗ е сè уште водечка политичка партија, а според резултатите од анкетата спроведена овој месец, неа ја поддржуваат 27,4 проценти од испитаниците, што покажува дека оваа партија има голема предност во однос на политичката конкуренција, пренесува загрепски „Јутарњи…

Read More

Парите по сите основи се враќаат назад кон граѓаните. Годишно враќаме во просек по околу 800 милиони евра, тоа се 3,2 милијарди за четири години. Пари што претходно се трошеа за споменици, музеи, во Белизе. Денес тие пари се враќаат кон граѓаните и продолжуваме да ја јакнеме економијата, рече премиерот Зоран Заев на трибината „Најдоборо за нашата општина“ во Валандово. Тој додаде дека во четирите години власт на СДСМ, постојано се намалува и стапката на невработеност. – Стапката на невработеност во 2017 година беше 24 проценти, а сега по пандемијата и кризата таа е 16 проценти. Приходите во буџетот растата…

Read More

Новак Ѓоковиќ по седми пат ќе игра за титула на Вимблдон. Српскиот тенисер попладнево во второто полуфинале на лондонскиот гренд слем го совлада Денис Шаповалов од Канада со 7:6, 7:5, 7:5 и во неделното финале ќе се пресмета со Италијанецот Матео Беретини кој, пак, беше подобар од Хуберт Хуркач. Ѓоковиќ досега има пет титули на Вимблдон (2011 година, 2014 година, 2015 година, 2018 година и 2019 година), а загуби и едно финале (2013 година). Утре во женското финале на Вимблдон ќе играат Австралијката Ешли Барти и Каролина Плишкова од Чешка.

Read More

Горан Сугарески се повлекува од позицијата в.д. директор на Царинска управа и во наредниот период ќе се фокусира на трката за градоначалник на Прилеп. Својата одлука ја сподели во пост на неговиот Фејсбук профил во кој напиша оти „сега е најпотребен меѓу своите“. Заклучокот, како што стои, го извел од секојдневните контакти со прилепчани, нивните сугестии, размислувања и иницијативи. – Денес објавувам дека влегувам во демократска трка за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен сум дека како кандидат на СДСМ, заедно со жителите на нашата Општина Прилеп ќе оствариме…

Read More