Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковакс ќе добие 110 милиони дози вакцини од „Синовак“ и „Синофарм“

0
By Sashko on July 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 12, 2021 14:41

Ковакс механизмот ќе добие 110 милиони дози на вакцини против коронавирус од кинеските компании „Синовак“ и „Синофарм“ кои ќе бидат од помош на меѓународниот систем во справување со недостигот поради новиот бран на пандемијата, соопшти денеска Сојузот за вакцини (Гави). Договорот со кинеските фармацевтски групи вклучува и опции за набавка на дополнителни дози во наредните месеци, се вели во соопштението.

– Благодарение на овој договор, можеме веднаш да започнеме со испорака во земјите, рече Сет Беркли, раководител на Гави.

Ковакс механизмот, кој требаше да гарантира еднаков пристап до вакцините и на богатите и на сиромашните земји, досега дистрибуира над 102 милиони дози на вакцини во 135 земји, што е незначително помалку од планираното.

Околу 170 милиони дози од вакцината на „Синофарм“, во зависност од потребите, може да се обезбедат до крајот на првата половина на 2021 година. Во случајот со „Синовак“, вкупниот број на купени дози може да достигне 380 милиони до крајот на јуни во 2022 година. Овие вакцини ќе бидат достапни за сите земји кои плаќаат за вакцините, како и за земјите што ќе ги примаат вакцините како донација.

Ковакс механизмот планира да дистрибуира две милијарди дози до почетокот на 2022 година, вклучително и 1,8 милијарди за 92 најсиромашни земји.

вакцини Ковакс механизам Ковид-19 Свет Синовак синофарм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.