Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Нема простор за разочарување, главата горе и одиме натаму, е пораката што селекторот Игор Ангеловски ја испрати и до играчите и до јавноста по поразот на Македонија од Австрија (1:3) во првиот меч во рамки на групата Ц на 16. Европско фудбалско првенство. Како клучна за конечниот исход ја наведе неискористената шанса на Боби Николов при 1:1, по што следуваше казна на спротивната страна. – Имавме моменти на пад на концентрација, но имавме и позитивни сегменти. Сепак, играме на големо натпреварување во кое нема слаби тимови, па нормално е противниците да го…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Отворено и на победа против Украина, оти Македонија повеќе нема што да загуби по денешниот пораз од Австрија во групата Ц на 16. Европско фудбалско првенство. Капитенот ќе остане забележен како стрелец на првиот гол за националниот тим на континенталните смотри, но жали и за себе, соиграчите, стручниот штаб и навивачите, што премиерата не заврши макар со реми. – За жал, загубивме од Австрија, но шансите не се загубени. Сега прво да одмориме, а потоа нè чекаат подготовки за дуелот со Украина во четврток. Ќе биде тешко, секако, меѓутоа во него можеме…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Македонија, сепак, изгоре во желбата за позитивен вовед на 16. Европско фудбалско првенство. Австрија попладнево во Букрешт ги совлада „црвено-жолтите“ со 3:1 во премиерниот меч од групата Ц. Штефан Лајнер во 18 минута им донесе водство на Австријците со 1:0, на 1:1 израмни Пандев во 28 минута по конфузијата во противничката одбрана и со тој резултат се замина на полувреме. Продолжението мина во знакот на Австријците. По враќање од соблекувална, извршија силен притисок што резултира со погодок на Михаел Григорич во 78 минута, а конечните 3:1 ги постави Марко Арнаутовиќ во 89…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Без малку тридеценискиот сон на јавноста во Македонија се претвори во јаве во ноември во минатата година, сон што денеска и официјално ќе почне да се живее во реалноста. Фудбалската репрезентација попладнево (18 ч.) во меч против Австрија на Националната арена во Букурешт ќе дебитира на Европските првенства, подвиг што беше реализиран преку Дивизија Д од Лигата на нации, најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА. Дебито на континенталните турнири за селекторот Игор Ангеловски, како што и самиот порача од романската престолнина, е бајка што ќе ја памети цел живот, ќе ја паметат и…
Пред 23.309 гледачи на „Олимпико“ во Рим, репрезентацијата на Италија вечерва ја совлада Турција со 3:0 (полувреме 0:0) во воведниот натпревар од 16. Европското фудбалско првенство. Италијанската иницијатива во првото полувреме резултира со само една сериозна шанса за гол, но турскиот чувар на мрежата Чакир Угурчан го одбрани ударот со глава на капитенот Џорџо Кјелини во 22. минута. Доминацијата на домаќините вроди со плод набрзо по паузата, кога турскиот дефанзивец Мерих Демирал со автогол во 53. минута и донесе водство на Италија, а 13 минути подоцна Чиро Имобиле го удвои водството со својот 14-ти гол во дресот на азурите. Конечниот…
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека контингентот на вакцини на американскиот производител „Џонсон&Џонсон“, кои се направени за европскиот регион во време кога беше откриена грешка во производството на дози во Балтимор нема да се користи. ЕМА не соопшти за колку дози станува збор, но западните медиуми наведуваат дека станува збор за неколку милиони дози, што ја спречува американската компанија да ја исполни целта од 55 милиони дози испорачани за Европа до крајот на месецот. Европската агенција за лекови соопшти дека се свесни оти контингентот вакцини бил контаминиран во април, со мешање со друга вакцина, која се произведува на…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот фејсбук профил вечерва упати јавна порака до претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика заеднички да го утврдат првиот слободен термин на кој ќе реферира пред пратениците. – Еве и јавна порака до претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија: да го утврдиме заеднички првиот слободен термин на кој ќе реферирам за сите актуелности од доменот на надворешната политика пред пратениците; воедно, паралелно да договориме и термин на Комисијата, на кој избраните амбасадори ќе ги презентираат тезите, со што ќе го ослободиме и процесот за нивно упатување…
Бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, потврди дека меѓу двете земји се одвиваат преговори и дека се надева до 22 јуни тие да финишираат со задоволителен резултат. Тој се спротивстави на притисоците што се прават врз Бугарија, па дури тие да се и од aмериканскиот претседател, изјавил Ангелов за ТВ Сител, пренесува Бугарската агенција Бгнес. Само Бугарија знае што е најдобро за бугарските национални интереси и затоа немало да потклекне под никаков притисок од надвор, изјавил бугарскиот амбасадор во С.Македонија, Ангелов, пренесува бугарската агенција Бгнес.
Македонската фудбалска репрезентација ќе дебитира на Европското првенство што почнува вечерва на „Олимпико“ во Рим со мечот меѓу Италија и Турција. „Црвено-жолтите“ добиваат поддршка од сите страни, кон нив се гледа со симпатии од секоја педа на поранешните југословенски простори. Неколку прославени фудбалски имиња на овие простори, како Предраг Мијатовиќ, отворено порачаа дека ќе навиваат за тимот на Игор Ангеловски во мечевите од групата Ц против Австрија и Украина во Букурешт и против Холандија во Амстердам. Попладнево на социјалните зад најдобрите македонски фудбалери застана и бразилската легенда, Роналдињо кој во видео материјалот од десетина секунди им посака среќа на нашите…
Свесноста за органодарителство кај граѓаните е се поголема и тоа е добро за издигнување на здравствениот систем на повисоко ниво, порачаа министерот за здравство, Венко Филипче и националната координаторка за трансплантација во земјава, Маја Мојсова-Мијовска по синоќешното, четврто, успешно пресадување на срце од починат донор во земјава. – Целиот процес се одвива добро. Ноќеска беше извршена четвртата трансплантација на срце и граѓаните стануваат се посвесни за тоа какво добро дело прават при давање на согласност за донирање на органи од пациенти на кои, за жал, им нема спас. Ова е добар показател, добар знак и упатувам благодарност до сите лекарски…
Легендата на црногорскиот и југословенски фудбал, Предраг Мијатовиќ за српските медиуми изјави дека негови омилени репрезентации на ЕП 2020 ќе бидат македонската и хрватската. – Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач, но би сакал Хрватска да го повтори успехот од последното Светско првенство кога беа вицешампиони, а секако со целото свое срце ќе бидам за Македонија, чиј селектор Игор Ангеловски е мој пријател. Исклучително ми е мило што успеа со својот тим да дојде до историски успех, изјави Мијатовиќ за белградскиот весник „Блиц“. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, со кој во 1998 година ја освои Лигата на шампиони,…
Играчот за врска на италијанскиот фудбалски прволигаш Џенова, Маноло Портанова (21) е сместен во куќен притвор заедно со уште две лица поради обвинение за силување. Неговиот адвокат Габриеле Бодони, италијанската полиција и екипата на Џенова, засега, не го коментираат случајот. Портанова и неговите пријатели се приведени, откако 23-годишна девојка ја известила полицијата дека била силувана од четворица мажи на возраст од 21 до 24 година. Наводниот инцидент се случил на куќна забава во градот Сиена, а соиграчот на капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев е приведен додека бил на одмор во Месина. Портанова дојде во Џенова во јануари од Јувентус…