Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Небото се отвори над Букурешт: По дождот доаѓа сонце, Македонија по бод(ови) со Австрија

0
By Sashko on June 13, 2021 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 13, 2021 13:28

За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски

Без малку тридеценискиот сон на јавноста во Македонија се претвори во јаве во ноември во минатата година, сон што денеска и официјално ќе почне да се живее во реалноста. Фудбалската репрезентација попладнево (18 ч.) во меч против Австрија на Националната арена во Букурешт  ќе дебитира на Европските првенства, подвиг што беше реализиран преку Дивизија Д од Лигата на нации, најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА.

Дебито на континенталните турнири за селекторот Игор Ангеловски, како што и самиот порача од романската престолнина, е бајка што ќе ја памети цел живот, ќе ја паметат и фудбалерите, навивачите кои ќе пулсираат со „црвено-жолтите“ херои преку малите екрани, но и оние среќници кои стигнаа до билет во живо да уживаат и бидат сведоци на 90-те минути за анали на македонскиот фудбал.

Мачката Кес типува на Македонија

Мачката Кес, која ќе биде „консултирана“ за прогноза на исходот на мечевите на 16 фудбалски евросамит, се истакна уште во првото предвидување за македонската репрезентација. За победник во мечот со Австрија ги одбра македонските фудбалери, па ако филингот не ја излаже, тогаш првата рунда на ЕП ќе мине во знакот на дебитантите по вчерашната победа на Финска над Данска со 1:0.

Небото над Букурешт „се отвори“ на нецели четири часа до натпреварот со групата Ц што македонските симпатизери го чекаат со нетрпение. Дел од нив го толкуваат како позитивен сигнал, како предвесник на радост и „лепат“ на народната дека Господ плаче од среќа за самото присуство на македонските репрезентативци на ЕП 2020, но и како најава за „грмење“ од песна на трибините и надвор од нив околу 20 часот.

Ангеловски со ист состав како против Словенија, со Пандев и Трајковски во напад

Селекторот Ангеловски, се чини, нема да експериментира со составот и против Австрија на терен ќе ги испрати единаесетте што почнаа во пријателскиот меч со Словенија во формација 3-5-2. Тоа, секако, значи со Пандев во нападот кому друштво ќе прави Александар Трајковски, со Аријан Адеми, Енис Барди и Елиф Елмас во средината што ќе биде засилена со Езџан Алиоски и Боби Николов по страничните позиции, со Висар Муслиу, Кире Ристевски и Стефан Ристовски во одбраната и Столе Димитриевски на голот. Останатите ќе чекаат шанса од клупата, за евентуалони корекции ако нештата тргнат во непосакуван правец или за „бетонирање“ на позитивниот вовед во шампионат што е надеж на секој еден во „црвено-жолто“ овде во Букурешт.

Првото коло во групата Ц ќе биде комплетирано вечерва во Амстердам со мечот меѓу Холандија и Украина, а во увертира на третиот натпреварувачки ден на ЕП ќе играат Англија и Хрватска.

Австрија Букурешт ЕП 2020 Македонија репрезентација спорт фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.