Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, при средба со публика за време на турнејата низ земјата, доби шлаканица од еден посетител, јави дописникот на МИА. По инцидентот, уапсени се две лица. https://www.youtube.com/watch?v=PbgvWZ5965s Настанот се случи во регионот Дром, во југоисточна Франција. Сакајќи да се поздрави со присутните, едно лице извикувајќи „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, му удри шлаканица на претседателот. Набрзо обезбедувањето реагираше и го неутрализира напаѓачот. Емануел Макрон потоа ја продолжи својата посета, но видеото од инцидентот веќе се рашири на интернет.
Европската Унија (ЕУ) мора да го исполни даденото ветување за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, порача денеска германскиот министер за надворешни Хајко Мас, нагласувајќи дека го разбира разочарувањето во регионот поради малиот напредок на процесот на проширување во текот на минатата година и се заложи за негово повторно придвижување. – Иднината на сите шест држави од Западниот Балкан е во ЕУ. Германија е целосно посветена на оваа цел. Ако испорачате вие, ние исто така испорачуваме. Тоа мора и во иднина да биде нашиот пристап кон проширувањето на ЕУ, рече Мас на онлајн средба со неговите…
Собранието изгласа Одлука за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на државата за шест месеци, заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од ковид-19. Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни во 2021 година, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021. Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба, зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври. Пратеникот Бојан Стојановски во излагањето пред да се гласа побара…
Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 2.853 тестови при што се регистрирани 23 нови случаи со ковид-19, четворица починати пациенти и 32 оздравени. Од вкупниот број на новорегистрирани заболени, во Скопје се девет, во Куманово и во Прилеп по тројца, во Струмица и во Кичево по двајца и во Битола, во Гостивар, во Гевгелија и во Радовиш по еден. Од четворицата починати, тројца се од Скопје (76 г., 76 г. и 77 г.) и еден е од Куманово (71 г.), соопшти Министерството за здравство. Од регистрираните 32 оздравени пациенти од Скопје се…
Собранието ја почна 43-та седница со задоцнување од најавениот термин. Пратениците денеска се вратија во салата „Македонија“ по неколкумесечна работа во Големата сала (купола). Пленарните седници ќе се одржуваат според протокол одобрен од Комисијата за заразни болести. Сега повторно ќе има можност за електронско гласање наместо гласовите да се бројат рачно. Протоколот прецизира насоки и за следење на седниците од акредитираните новинари во однос на дозволен број седишта и задолжително растојание. Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за претставници на медиумите кои ќе приложат доказ дека се целосно имунизирани против ковид-19. Прес-конференциите и изјавите за медиуми ќе се одржуваат…
Централен одбор на СДСМ попладнево во 18 часот ќе одржи седница во хотел „Александар Палас“ во Скопје. Како што соопштија од партијата, медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти непосредно пред почетокот на седницата. – Седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни. По завршување на седницата, за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе следува изјава за медиумите за што медиумите ќе бидат дополнително информирани, се вели во соопштението.
Алијансата за Албанците (АА) на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Алтернатива, но останува отворена за соработка и со други политички партии. Како што наведуваат извори во партијата на брифинг со новинарите, раководството на АА нема да го скрати правото на нивните кандидати за градоначалници да коалицираат и да соработуваат со сите граѓани и политички партии. Тие велат дека да се соработува во политиката не е лоша работа и нудат соработка, но останува на останатите партии да одговорат на таквата понуда и подадена рака. Сепак од партијата брифираат дека нема да дозволат да бидат вовлечени во „некакви каши“,…
Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Романија. Чартерот на „Кроација Ерлајнс“ што ги превезуваше „црвено-жолтите“ пред малку слета на аеродромот во Букурешт. Националната арена во Букурешт ќе остане засекогаш во аналите на македонскиот репрезентативен фудбал. Во неа на 13 јуни (18 часот), националниот тим ќе дебитира на континенталните турнири во натпревар против Австрија, а на 17 јуни од 15 часот и против Украина во рамки на групата Ц. Последниот настап на ЕП 2020, Македонија ќе го има на 21 јуни (18 часот) против селекцијата на Холандија на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.
Драмата пред зградата во околина на ТЦ „Мавровка“ во која лице се закануваше дека ќе се самоубие со скок од седми спрат заврши со хепиенд по неколкучасовни преговори со полиција. Лицето на крајот беше обезбедено од полицијата по што е внесено во полициско возило. Просторот околу зградата и влезот во паркиралиштата беше затворен за возила и минувачи за сето време на преговорите. На теренот, покрај полициски екипи, имаше и противпожарни и амбулантни возила. Мотивите за обидот за самоубиство засега се непознати.
Обвинетите Фарук Бути, Весна Колевска и Бранислава Мишиќ да се прогласат виновни во случајот „Двојник”, побара денеска обвинителката Спасенка Андонова, како застапник на обвинителниот предлог во случајот со фалсификување на патните исправи. Јавниот обвинител Андонова, во завршните зборови наведе дека отсуството на документи за идентификација не можело да помине незабележано од страна на обвинетиот Фарук Бути, кој имал долгогодишно работно искуство. Воедно, обвинителката истакна дека обвинетиот Бути, имал честа комуникација со сега осудените Денис и Раиф. Од друга страна одбраната на обвинетиот Бути, побара ослободителна пресуда и додаде дека во време кога довербата во судството е на најниско ниво, судот…
Во тек е спасувачка акција на полицијата и Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои се обидуваат да спасат маж кој сака да скокне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Во моментот, како што јавија известувачите на МИА од терен, полицијата преговара веќе два часа со човекот во обид да го разубеди во неговата намера. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека нивни екипи се испратени на терен, а поставен е и душек во близина на зградата. На терен е и екипа на Брза помош.
Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ) претпладнево од Меѓународниот аеродром во Скопје отпатува за Букурешт каде ќе одигра два од трите меча во групата Ц на Европското првенство. Прв ривал на „црвено-жолтите“ на Националната арена во романската престолнина ќе биде Австрија на 13 јуни (18 ч.), четири дена подоцна ќе следува и дуелот со Украина (15 ч.). Репрезентативците потоа ќе се преселат во Амстердам каде на арената „Јохан Кројф“ на 21 јуни (18 ч.) ќе играат против Холандија. Дебитантскиот пласман на континенталните турнири беше обезбеден преку Лигата на нации. Македонија беше победник во групата со Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, во полуфиналето…