Author: Sashko

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на тема „Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам“. Во него се констатира дека мерките имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата, дека има низок степен на реализација на владините мерки во секторот туризам, како и дека недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на владините мерките во секторот туризам. „Со ревизијата на успешност го опфативме периодот од 2018 до 2021 година,…

Read More

Во изминатото деноноќие се изгаснати 12 пожари и во моментот во земјава нема активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се два пожара во општина Бутел и еден во општина Гази Баба. Десет пожарникари со три противпожарни возила, синоќа од 18:05 до 21 часот, го гаснеле пожарот на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“ – Раштански лозја, каде гореше сува трева. Пет пожарникари со едно противпожарно возило синоќа од 19:20 до 19:40 часот го гаснеле пожарот во општина Бутел, на улица „Ферид Бајрам“, каде горела сува трева. Изгаснат е пожарот во близина на автопат Скопје – Велес, каде гореше сува трева…

Read More

Антониа Гиговска се откажа од настап на т.н. „Мировен фестивал“, со тенденција да стане традиционален, по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Дваесет и едногодишната македонска поп пејачка беше најавена како една од домашните и странски музички ѕвезди кои ќе настапат на 13 август на плоштадот „Скендербег“. Својата одлука ја сподели пред Фејсбук, а во дел од постот наведува дека не сака да биде дел од манифестации кои се поврзани со политика. „За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација, па оттаму бев принудена…

Read More

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил изјави дека НАТО јасно ставил до знаење оти Србија, ако сака, може да стане дел Алијансата, но нагласи дека тоа ќе се случи кога ќе посакаат нејзините граѓани. „Ние имаме голема почит за Србија, нејзината армија и нејзиното раководство и би сакале да ја видиме Србија не само како пријател и партнер, туку и како сојузник“, рече Хил како одговор на едно од прашањата што до него ги поставуваа граѓани преку социјалните мрежи. Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина и опасноста од конфликт, Хил изрази уверување дека „има многу поголема можност за вистински…

Read More

За првпат во Република Северна Македонија ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за реализација на мултимилионската германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша премиерот Димитар Ковачевски попладнево на Фејсбук Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово. „Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Северна Македонија да…

Read More

Неколку сензори за радијација се оштетени по денешното руско бомбардирање на областа во близина на нуклеарниот реактор на електраната Запорожје, соопшти украинскиот оператор „Енергоатом“. „Ситуацијата се влошува, во близина има радиоактивни супстанци, а неколку сензори за радијација се оштетени“, напиша „Енергоатом“ на Телеграм. Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) вечерва ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.

Read More

Ниту има простор за паника, ниту се очекува сериозно ширење на мајмунските сипаници во Македонија, порачуваат од Комисијата за заразни болести (КЗБ). Досега во земјава се пријавени два суспектни случаја на вирусот – мигрантот кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести е негативен, додека пациентот од Кичево одбива да се тестира. Претседателот на КЗБ, Александар Петличковски во изјава за медиумите денеска посочи дека на пациентот од Кичево му било понудено да се тестира, но тој одбил и дека не постои законска можност да го присилат на тестирање. „Здравјето е колективна, но и индивидуална одговорност на сите жители во државата. Овој…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски попладнево го прими премиерот на Шпанија, Педро Санчез кој престојува во официјална посета на Македонија. „Претседателот Пендаровски истакна дека Шпанија, низ годините, се покажа како важен партнер на Северна Македонија на билатерален и мултилатерален план и принципиелен поддржувач на аспирациите за членство во Европската Унија. Притоа, претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на политичките контакти во последните неколку години, истакнувајќи дека истите значително придонесуваат за унапредување на односите меѓу двете држави. Во таа прилика, претседателот Пендаровски го истакна интересот за натамошно проширување на економската соработка, трговската размена и инвестициската соработка во наредниот период“, соопштија од Кабинетот на…

Read More

Српски граѓани поставиле барикади на северот на Косово, по најавата на официјална Приштина дека утре ќе стапи во сила одлуката за пререгистрација на возила и лични карти. Во Косовска Митровица се слушаат сирени од пред 18 часот. Како што јави РТС, граѓаните ги блокираа административните премини „Јариње“ и „Брњак“ каде се распоредени косовски специјалци. Косовската полиција не дозволува пешаци или возила да минуваат низ „Јариње“, а оние кои веќе поминале ги враќа назад. Полицијата во централна Србија ги враќа патничките возила кои тргнале кон административните премини, информира РТС. Во Косовска Митровица се слушаат сирени за тревога, а локалните граѓани излегле на улиците.

Read More

Денешната посета на премиерот Педро Санчез е симбол на, речиси, 30-годишните одлични билатерални односи меѓу двете земји и во оваа прилика би сакал и лично да му се заблагодарам за силната поддршка што ја дава на Шпанија за членство на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), рече македонскиот премиер Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со неговиот шпански колега која попладнево допатува во еднодневна посета на земјава. „Со отпочнувањето на преговорите нашиот идентитет, нашата посебност, она што е карактеристично, македонско, наше, ќе остане автентично македонско и во ЕУ од една страна, а ќе го збогати сложениот европски идентитет од друга страна“,…

Read More

Северна Македонија е во Европа, како географски, така и историски и сега сте еден чекор поблиску до вашата посакувана цел. Можете да сметате на поддршката од Шпанија на вашите следни чекори за членство во Европската Унија (ЕУ). Ве поддржуваме и ќе продолжиме да Ве поддржуваме, изјави премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон. Посетата на регионот, Педро Санчез Перез-Кастехон ја оцени како симболична поради две основни причини – прво дека пред неколку дена се деблокира процесот за отпочнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и второ, како што рече, обединетоста против бруталната агресија на Путин во Украина.…

Read More

Со средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и предложените кандидати во Тетово, партијата ја започна изборната кампања за вонредните локални избори за нови општински советници што се закажани на 20 август. Партискиот лидер Мицкоски посочи дека од граѓаните очекува да кажат гласно „Не“ во кампањата за политиките на Владата на СДСМ и ДУИ. „Листата предводена од Ангел Карапетров, листата на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме да освои апсолутно повеќе советници од бројката што беше до сега. Очекуваме бројот на гласови да биде поголем, иако периодот кој што е сега е навистина предизвикувачки поради годишните одмори кои што ги користат нашите сограѓани. Но,…

Read More