Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Сопранот Весна Ѓиновска – Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски. во пијано придружба на Кристина Светиева. вечерва ќе настапат во црквата „Света Софија“ во рамките 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Весна Ѓиновска – Илкова дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорката Милка Ефтимова, а магистeрските студии ги завршила во Белград во класа на професорката Радмила Бакочевиќ. Во нејзината богата оперска продукција, остварила над дваесет насловни улоги. Дебитира како Микаела во „Кармен“ со прославениот руски тенор Сергеј Дубровин во 1996 година, а меѓународното деби го има во Софија во улогата на Елизабета во „Дон Карло“, во…
Сообраќајна несреќа се случила претпладнево на автопатот Градско – Неготино, кога возило излетало од коловозот при што има и повредени лица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Утрово во СВР Велес околу 9:34 часот е пријавено дека на автопатот А1, Градско-Неготино, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило, со српски национални ознаки, излетало од коловозот. Според првичната пријава, во несреќата има повредени лица кои се пренесени за укажување на лекарска помош. Полициски службеници се упатени на местото на несреќата“, велат од МВР. Детали за сообрачајката се најавени во текот на денот.
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска потврди дека е на пат за Азија, без да спомене можна посета на Тајван, што може дополнително да ги заостри односите меѓу Кина и САД. „Водам делегација на Конгресот во регионот на Индопацификот за да ја потврдам непоколебливата посветеност на Америка кон сојузниците и пријателите во регионот“, вели Пелоси во соопштението. „Во Сингапур, во Малезија, во Јужна Кореја и во Јапонија, ќе имаме состаноци на високо ниво за да разговараме за тоа како можеме да ги промовираме нашите заеднички вредности и интереси, поврзани со мирот и безбедноста, економскиот раст и…
Маж (52) од САД е обвинет за убиство на тинејџер и повредување на четири возрасни лица додека се спуштале по река во Висконсин. Осомничениот, кој е од Минесота, со нож избодел пет лица додека пливале по реката Епл, при што убил 17-годишник, а четворица се здобиле со тешки повреди, објави „Ен-Би-Си њуз“. „Една жена и тројца мажи на возраст од 20-тина години го преживеаја инцидентот. Најмалку тројца се хоспитализирани во критична состојба, додека четвртата жртва претрпе сериозни повреди“, изјави шерифот од Висконсин, Скот Кнадсон. Инспекторите сè уште не го утврдиле мотивот за нападот. Инцидентот се случил околу 15.45 часот во…
Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји. Ако не ги направите уставните измени, веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа. „Со начинот на којшто е направен договорот, преговорите се отворени. Скринингот започна и имавме нешто што е наречено меѓувладина конференција со која започна целиот процес. Кога скринингот ќе биде завршен во оваа фаза, да одите на наредната точка е потребно да има друга меѓувладина конференција“, рече Гир. Како што нагласува Гир,…
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека продолжува да испорачува гас за Европа преку Украина. Компанијата посочи дека испорачаната количина преку Украина на мерната станица „Суџа“ е на одржливо ниво од околу 42,2 милиони кубни метри. За денеска изнесува 42,2 милиони кубни метри наспроти 42,1 милион вчера, што е благ пораст. „Газпром“ додаде дека Украина го одбила барањето за снабдување со сино гориво преку мерната гасна станица „Сохрановка“.
Приходите од наплата на патарина на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал од оваа година изнесуваат 581.137.560 милиони денари, што е 16,37 проценти од вкупно планираниот приход во тој основ за 2022 година. Во споредба со истиот период лани, приходот од патарини е поголем за 6,81 процент, односно за 37.070.841 милиони денари, покажува Извештајот за финансиското работење на ЈПДП за првиот квартал годинава. Од делот од акцизата од нафтени деривати, приходите на ЈПДП во првиот квартал годинава изнесуваат 992.499.126 милиони денари, односно 21,34 проценти од планираните за 2022 година. Приходот по тој основ во првите три месеци…
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, претпладнево во 08:28 часот, е почувствуван во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот, како што се посочува, бил на 26 километри североисточно од Скопје во соседно Косово.
По кратко боледување, во Скопје на 86-годишна возраст почина познатиот македонски бизнисмен Никола Палигора. Палигора е роден во 1935 година во Маловиште, Битолско и еден од личностите кој оставил силен белег во период на обновување на Битола. Беше директор на „Металец“, а потоа и на важни функции во „Технометал Вардар“. Во периодот од 1980 година до 1984 година беше претставник на компанијата во Лондон, а од 1984 година до 1989 година во Москва. По пензионирањето започна сопствен бизнис што прерасна во семеен koj успешно го водеше до неговата смрт. Погребот на Никола Палигора е закажан за утре (1 август) на…
Во Црна Гора е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај црногорски државјанин кој е во добра општа состојба, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Подгорица. „Лабораторијата на Одделението за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во соработка со Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, го откри и го потврди првиот случај на мајмунски сипаници“, соопшти ИЈЗ. Во соопштението се наведува дека се спроведени сите неопходни мерки за пациентот и неговите контакти, со цел да се спречи ширењето на болеста. Со тоа, Црна Гора е додадена на списокот од 79 земји каде што…
Супституција, солидарност и заштеда се водечките принципи на итниот план за зачувување на гас на Европската Унија (ЕУ). И покрај отпорот на некои земји членки, министрите за енергија се усогласија околу предлог, разводнет со исклучоци. Министрите за енергија на ЕУ во вторникот официјално го потпишаа планот за заштеда на гас, со Унгарија како единствен противник. Планот предвидува доброволно намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто во периодот меѓу 1 август во 2022 година и 31 март во 2023 година, како и механизам за вклучување на аларм на ниво на целата Унија, преку кој се применуваат задолжителни таргети на заштеда…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе биде во интервал од 13 до 22 степена, а дневните ќе достигнат од 28 до 36 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветар од северозападен правец. Во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде до 18 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен. Од понеделник следува период на стабилно време. Од денеска до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветар што ќе придонесе за…