Author: Sashko

Вардар експресно ја пополни празнината на левата крилна позиција по заминувањето на Тимур Дибиров и во своите редови го врати македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков кој во „црвено-црниот“ дрес настапуваше и пред шест сезони. Манасков е четврто ново име во вардаровиот ростер во летниот преоден рок, откако на двократниот европски првак веќе му пристапија средниот бек Андреј Добрковиќ и пикерите Милан Лазаревски и Стефан Атанасовски. Ракометарот со потекло од Велес се враќа во домашното првенство од унгарската екипа Веспрем со која не ја продолжи соработката. Претходно во кариерата настапуваше и за екипите на Борец Велес, Металург, Вецлар и Рајн Некар.

Read More

„Гаспром“ од денеска ја прекина испораката на гас за соседна Летонија, поради кршење на условите за повлекување на гас, соопшти руската компанија. Овој потег следува по еден ден откако летонската енергетска компанија „Летонски Гас“ (Latvijas Gaze) соопшти дека купува гас од Русија за што плаќа во евра наместо во рубљи, како што бара Москва. Русија веќе ја прекина испораката на гас за Полска, за Бугарија, за Финска, за Холандија и за Данска кои одбија да платат за гасот според наредбата на рускиот претседател Владимир Путин кој бараше да отворат сметки во рубљи во руска банка, како дел од новото решение за…

Read More

Музичко-сценскиот перформанс „Немаме резервна планета“ и француска вечер со Квартетот „Агат“ од Франција се содржините за денешната програма на фестивалот „Охридско лето“. Најмладата пубика, во рамките на фестивалското издание, ќе има можност да ужива со „5+ бендот“ и јунаците од „5+ фамилија“ на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 19 часот. Настанот е во продукција на ОХО, во режија на Сандра Ѓоргиева. Играат: Игор Ангелов, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Марија Кондовска, Чедомир Митевски, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска, Изабела Јакимова, Стефан Николовски. Музичко-сценскиот перформанс „Немаме резервна планета“, како што информира националната установа „Охридско лето“, на децата и нивните родители ќе им…

Read More

Со концерт на канадскиот џез вокалист, Ори Даган, кој ќе го промовира својот албум „Click right here“ на платото пред Ист гејт мол“, вечерва ќе биде затворена манифестацијата „Скопско лето“. На концертот во Скопје тој ќе настапи со врвни џез музичари од државава: Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон, Иван Иванов – тенорсаксофон, Сашко Николовски – тромбон, Гордан Спасовски – пијано, Зоран Костадиновски – гитара, Кирил Туфекчиевски – контрабас, Виктор Филиповски – тапани. Даган е победник на натпреварот за текстописци и композитори „The Great American Song Contest “. Тој настапува со многубројни северно американски ансамбли, изведувајќи џез…

Read More

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул синоќа прогласи вонредна состојба во државата поради ширење на мајмунски сипаници. „Прогласувам вонредна состојба во државата за да ги зајакнеме нашите напори во борбата против мајмуните сипаници“, напиша Хочул на Твитер. Таа додаде дека повеќе од еден од четири случаи на мајмунски сипаници во САД се регистрирани во Њујорк, што исто така има непропорционално влијание врз ризичните групи. Заклучно со 29 јули, државата Њујорк имаше вкупно 1.383 потврдени случаи на мајмунски сипаници, според веб-страницата на Одделот за здравство на градот. Бразил и Шпанија претходно ги пријавија првите смртни случаи предизвикани од мајмунски сипаници надвор од Африка, а Светската здравствена организација минатата недела…

Read More

Хеликоптер на грузиската гранична полиција загуби контрола и се урна за време на спасувачка операција во зимско одморалиште на северот на земјата. Во него се превезувале спасувачи на Службата за итни ситуации кои биле повикани да помогнат на параглајдеристи кои претходно паднале во провалија, објави грузискиот портал Агенда. Subscribe👉TELEGRAM: https://t.co/Uw6hADCvaz A helicopter of the Ministry of Internal Affairs crashed in Georgia, there were 5 people on board. Mi-8 took off in search of missing paragliders near the resort of Gudauri pic.twitter.com/L7AVyUM52B — BRAVE SPIRIT (@Brave_spirit81) July 29, 2022 Министерството за внатрешни работи објави дека во леталото имало осум лица, а…

Read More

Времето на чекање за влез во Македонија на граничниот премин „Табановце“ е околу 40 минути, а на граничниот премин „Богородица“ се чека до 30 минути за излез . На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ).   Од АМСМ препорачуваат прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница…

Read More

Во пресрет на престојната зима за која предвидувањата се оти ќе биде најтешка во последните децении, надлежните институции уверуваат дека ќе има доволни количини на јаглен и на мазут за домашните енергетски капацитети да можат да ја произведат потребната електрична енергија. Навреме се очекува да почне и грејната сезона во Скопје, за каде треба да се избере и нов економски оператор по одземањето на лиценцата на БЕГ. Сметките за парно греење ќе бидат поскапи за 14,18 отсто од август. Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека веќе се набавуваат потребните енергенси и компанијата го зголемува сопствениот ископ на јаглен,…

Read More

Македонија моментно брои над 5.000 случаи со ковид-19 и се наоѓа во т.н. „жолта зона“, а Комисијата за заразни болести (КЗБ) засега не препорачува нови мерки. Според министерот за здравство Беким Сали, ако се имаат предвид моментните бројки во сите инфективни одделенија во државава и искуствата од минатото, ситуацијата со коронавирусот во државава е сè уште „оптимистичка“. „Ние секојдневно забележуваме благо зголемување на новоинфицирани во државата, Скопје сè уште е жариште, односно „црвена зона“. Меѓутоа, од аспект на оптоварување на системот, сè уште сме во жолта зона“, појасни Сали. Тој апелира до граѓаните со хронични болести да се вакцинираат со…

Read More

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветар од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови, во северните и источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, со силен ветар и електрични празнења. Утринските температури ќе биде во интервал од 13 до 22 степена, дневните од 32 до 38 степени, а УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има пороен дожд и грмежи, а во делови од…

Read More

Шпанија го пријави првиот смртен случај кој е поврзан со мајмунски сипаници во Европа, соопшти тамошното Министерство за здравство. Во Шпанија досега се потврдени 4.298 случаи на тој вирус. Претходно денеска и Бразил го потврди првиот случај, кој е поврзан со тој вирус, кај 41-годишен маж.

Read More

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска му порача на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Вашингтон не го почитува ветувањето дека испораките на храна од Русија ќе бидат ослободени од санкции. Руското Министерство за надворешни работи наведува и дека во денешниот телефонски разговор Лавров му рекол на Блинкен дека Русија ќе ги постигне сите цели од својата „специјална воена операција“ во Украина и дека испораката на оружје од Запад само ќе го продолжи конфликтот.

Read More