Author: Sashko

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, во која загина мотоциклист, државјанин на Северна Македонија, пишува „Вијести“. Во несреќата учествувале два автомобилa и 54-годишниот мотоциклист со иницијали З.П., кој починал на самото место. Според Полициската управа, починатиот, кој живеел во Цетиње, се движел кон Подгорица и не носел заштитна кацига. Поради несреќата, сообраќајот на магистралниот пат бил во прекин нешто повеќе од два и пол часа, поради што се создале колони на возила од Подгорица до Цетиње во двата правца.

Read More

Противпожарните екипи успеаја да го стават под контрола шумскиот пожар што избувна денеска во турската туристичка област Мармарис во западната провинција Мугли, јави агенцијата „Анадолија“. Пожарот, од сè уште непознати причини, избувнал во шумскиот предел во Турунц, а поради ветерот брзо се проширил и стигнал до објектите. Противпожарните единици на Подрачното шумско стопанство во Мугла употребија противпожарни хеликоптери при гаснењето на пожарот. Гувернерот на Мугла, Орган Тавли соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот кој повеќе не се заканува да се прошири. Тавли рече дека во пожарот нема настрадани. Пожарот го зафатил…

Read More

Апелацискиот суд во Киев денеска ја преиначи казната на рускиот војник Вадим Шишимарин од доживотен затвор – на 15 години. „На 23 мај 2022 година, Окружниот суд во Киев го осуди Шишимарин на доживотен затвор под обвинение за убиства на цивили во регионот Суми“, пренесе ТАСС. Тој беше првиот руски војник кој беше осуден во Украина од почетокот на руската специјална воена операција.

Read More

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во денешниот разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров дека анексија на Украина никогаш нема да биде прифатена, јави агенцијата ДПА. Блинкен појасни дека освен за можна размена на затвореници, тој разговарал со Лавров и во конекст на неодамнешните изјави од Кремљ за плановите да се продолжи со понатамошна анексија на украинската територија. Тој ги коментираше зборовите на самиот Лавров за уривање на демократски избраната украинска влада, велејќи: „Тие планови никогаш нема да бидат прифатени“. „Светот нема да признае анексии, ќе и наметнеме дополнителни значителни трошоци на Русија доколку таа продолжи со своите планови“, соопшти…

Read More

Германија е во шок по семејната трагедија што се случила ноќеска во градот Сарбрикен, откако мајка, од тераса на прв спрат, ги фрлила своите деца на возраст од една, односно три години, а потоа и самата скокнала во обид да изврши самоубиство. Тригодишното девојче им подлегнало на повредите во болница, нејзината едногодишна сестричка минала без посериозни повреди, додека нивната мајка е во кома. Од полицијата велат дека е отворена истрага за убиство и обид за убиство против 38-годишната мајка која сè уште не е сослушана порди тешката здравствена состојба во која се наоѓа. Се очекува таа да биде префрлена на…

Read More

Времето утре во земјава ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината…

Read More

Попладнево на граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час за влез во земјава, а времето на чекање на граничниот премин „Богородица“ и за влез и за излез од Македонија е околу 40 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). „На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, додаваат од АМСМ.

Read More

Шумски пожар изби денеска кај одморалиште на југозападот на Турција и набрзо зафати и еден од хотелите во близина. Засега нема информации за повредени лица. Пожарот почна во туристичката зона Ичмелер, во близина на пристаништниот град Мармарис, во провинцијата Мугла. Сите од хотелот и од околните згради се евакуирани, соопшти градоначалникот Мехмет Октај. Прилините за пожарот засега се непознати. Официјални лица соопштија дека во гаснењето учествуваат најмалку седум противпожарни хеликоптери и пет авиони. Минатото лето, ширум Средоземната и Егејската област во Турција, вклучувајќи го и Мармарис, високите температури и силните ветрови предизвикаа големи шумски пожари. Загинаа најмалку осум лица и…

Read More

Еднодневна „Get EXITed“ забава во организација на тимот на „ЕГЗИТ Фестивалот“ и во соработка со Општина Струмица ќе се одржи на 7 септември со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент на влезници. Единствениот концепт на овој музички настан беше претставен на денешната прес-конференција во Струмица, на која се обратија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претставник на ЕГЗИТ. „„Get EXITed“ пристигнува на 7 септември во Струмица! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 855 случаи на ковид-19 од 1.602 направени тестови. Најголем дел од нив отпаѓаат на Скопје – 347, следуваат Битола со 77, Куманово со 55, Тетово со 45, Прилеп со 43, Кавадарци со 38, Велес, Охрид и Штип по 26, Струмица со 25, Кичево со 22, Гостивар со 17, Свети Николе со 14, Кратово со 11, Кочани со 10, Гевгелија со 9, Неготино со 8, Крива Паланка и Демир Хисар по 7, Ресен, Радовиш, Берово и Валандово по 6, Струга со…

Read More

Управата на Хановер го исклучи греењето и дозволува само ладни тушеви за станарите на сите јавни станбени објекти. Тоа е првиот голем град кој го оневозможи пристапот до топла вода, откако Русија драстично ги намали испораките на гас за Германија. На Германците им е кажано да очекуваат радикални мерки за намалување на потрошувачката на гас, како и поскапи сметки за енергија, пренесува „Би-Би-Си“. Членките на Европската Унија (ЕУ) во меѓувреме се договорија дека ќе ја намалат потрошувачката на руски гас з 15 отсто во претстојната зима. Во очајнички обид да ја намалат потрошувачката на енергија, управата на германскиот град Хановер…

Read More

Фудбалерите на Шкендија обезбедија пласман во третото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА, откако вечерва и во реваншот во Скопје ја совладаа Валмиера со 3:1 (2:1) и со вкупен резултат од 5:2 го елиминираа противникот од Летонија. Бејтулаи во 11-та минута, Дориев во 33-та минута и Рамадани во 85-та минута беа стрелци на погодоците за тетовските „црвено-црни“, единствениот за Валмиера беше дело на Мурата во 25-та минута. Нареден ривал на Шкендија во квалификациите за Конференциската лига ќе биде шведски АИК, кој со вкупен резултат 4-3 ја елиминираше Ворскла од Украина. Натпреварите се закажани на 4 и на 11 август.…

Read More