Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Српсккиот фудбалски тренер Младен Крстаиќ и официјално е претставен како нов селектор на Бугарија. Легендата на Партизан и на Вердер од фудбалските денови, а до неодамна и тренер на Макаби, потпиша договор за двегодишна соработка со Фудбалскиот сојуз на Бугарија. Тој ќе дебитира на клупата на Бугарија во септември во мечевите против Гибралтар и Македонија во Лигата на нации. Асистенти на Крстаиќ во стручниот штаб на бугарскиот национален тим ќе му бидат сонародниците Немања Миличиќ и Стефан Јанковиќ, а тренер на голманите ќе биде Дарко Божовиќ. Покрај Макаби, Крстаиќ во тренерската кариера беше и селектор на Србија од 2017 до…
Легендарниот германски фудбалер Уве Зелер почина во 85-та година од животот, пренесуваат германските медиуми. Зелер играше за Хамбургер од 1946 до 1972 година и постигна 404 гола во 472 натпревара. Во 1977 година се пензионира, за наредната да се врати на фудбалските терени и да одигра само еден меч за ирски Корк за кој беше двоен стрелец. Со екипата на Хамбургер одвои по една титула во Бундеслигата и во германскиот Куп. Дресот на репрезентацијата на Германија го носеше од 1954 до 1970 година, период во кој одигра 72 меча и постигна 43 гола. Со националниот тим го освои второто место…
Претседателот на САД, Џо Бајден е позитивен на ковид-19, објави денеска Белата куќа. Како што соопшти Белата куќа, 79-годишниот Бајден двапати е вакциниран и примил уште две дополнителни дози. Тој има многу благи симптоми и се лекува со антивирусен лек Паксловид. Бајден ќе продолжи да работи во изолација се до негативен тест на ковид-19. Неговата сопруга Џил Бајден е негативна. Во текот на денот медицинската служба ќе ги извести сите контакти на Бајден, вклучително и претставниците кои вчера патуваа со претседателот.
Железницата на Србија најави проект за реконструкција на пругата Ниш – Прешево – Македонија во должина од 92 километри за возови со голема брзина, како дел од проектот за модернизација на коридорот Белград – Ниш – Прешево. Вредноста на работите на овие делници од пругата изнесува 182,25 милиони евра, а ја финансираат ЕИБ со 90,5 милиони евра и ВИБФ со 4 милиони евра, како и Србија со 14,67 милиони евра. Завршувањето на проектот се очекува до крајот на 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти специјализираната регионална платформа во областа на транспортот и логистиката, порталот Плутонлогистикс,…
Одговорните лица од Клиничката болница „Жан Митрев“ во последните неколку денови се во контакт со инспекциските служби од МАЛМЕД, со ДСЗИ, како и со Основното јавно обвинителство и со МВР, со цел достава на бараната документација, соопштија од приватната од Клиника „Жан Митрев“. Како и досега, посочуваат во соопштението, „во интерес на утврдување на фактичката состојба, остануваме на располагање за соработка со сите официјални државни органи“. „Ги повикуваме медиумите и сите страни од интерес да се воздржат од превремено донесување заклучоци и изнесување разни шпекулации“, наведуваат од Клиниката. Обвинителството во понеделникот оформи предмет по допрен глас, откако ИРЛ објави истражување…
Град Скопје ќе формира Агенција за приватно обезбедување чии вработени ќе имаат задача да обезбедуват 30-тина објекти под надлежност на Градот, меѓу кои 23 се средни училишта и неколку културни институции. Идејата е на градоначалничката Данела Арсовска и ќе биде ставена на дневен ред на првата наредна седница на Советот на Град Скопје што е закажана во понеделник (25 јули). Според предлогот, Друштвото со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ) за обезбедување на објекти треба да се формира со основачки влог од 5.000 евра, средства што ќе бидат обезбедени од буџетот на Град Скопје. „Трговското друштво ќе врши приватно обезбедување…
Патувачкото кино на „МакеДокс“ вечер ќе одржи проекции во Моноспитово, утре во Босилово, а задутре во Габрово. Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот. На 19 јули почна и првиот дел од четвртата генерација на школата за млади документаристи „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На Патувачкото кино тие ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на наредното издание на фестивалот „МакеДокс“ во 2023 година. Вториот дел од Патувачкото кино ќе се одржи по фестивалот „МакеДокс“, односно во септември во преспанскиот регион.
Петнаесет возила со македонски и со странски регистарски ознаки вчера биле исклучени на булевар „Маршал Тито“ во Тетово оти вршеле подготовки за организирање на диви трки на автопатот Тетово – Скопје и обратно, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Кон лицата се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во…
Активен пожар меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Според командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски, гори мешана шума (даб и бука), а дополнителен проблем на неговите колеги претставува ветрот кој е причина за ширењето на огнените јазици. Пожарот е регистриран синоќа на сува трева од вработени во ЈП „Македонски шуми“, но попладнево е раширен поради ветерот. Според Руменковски, во моментов нема опасност по населените места во беровскиот регион, бидејќи огнената стихија е во планинскиот предел. На терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“. „„Потребни се дополнителни сили за да се спречи брзо ширење на пожарот, побарано е…
Европската централна банка (ЕЦБ) денеска, за првпат по 11 години, ги зголеми каматните стапки, откако истото го сторија американската и другите големи централни банки. Потегот на ЕЦБ отвoра нови прашања за тоа дали поскапувањето на кредитите што ќе следува од зголемувањето на каматните стапки, ќе ги турне големите економии во рецесија. Се очекува зголемувањето на каматните стапки за 0,5 отсто да биде проследено со ново зголемување во септември, можеби за дополнителни 0,5 процентни поени. Банката наведе дека зголемувањето на каматната стапка повеќе од очекуваното е последица на „ажурираната проценка на инфлаторните ризици“. Покачувањето на каматната стапка доаѓа во услови на…
Соединетите Американски Држави им препорачуваат на македонските власти да спроведуваат построги истраги за гонење и осуда на осомничените трговци со луѓе, како и да не се изземаат и официјални лица за кои има сомнежи за соучество. „Владата на Северна Македонија докрај не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значајни напори во таа насока“, се вели во годинашниот Извештај за спречување на трговијата со луѓе, што синоќа го објави американскиот Стејт департмент и, исто така, се препорачуваат построги и подолги затворски казни. Според тој извештај, Северна Македонија се наоѓа на второ ниво заедно со осумдесетина…
Владата, на денешната седница, врз основа на известување за одземените лиценци на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, а со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, го задолжи АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на три трговски друштва во негова сопственост. „АД ЕСМ – Скопje треба да основа: Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност…