Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Генералот Кристофер Г. Каволи е нов командант на американските сили во Европа, јави агенцијата ДПА. Тој ќе ја преземе Европската команда на американското Министерство за одбрана (EUCOM) од генералот Тод Волтерс, кој заминува во пензија. Каволи беше претставен на церемонија во Штутгарт, Германија, на која присуствуваше и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Остин го пофали генералот, нарекувајќи го „вистински човек во вистинско време“. „Зборувајќи одлично руски, италијански и француски, Каволи е исклучително добро подготвен за оваа задача по неговата долга воена обука за дополнително зајакнување на позицијата на НАТО на источноевропското крило“, рече министерот за одбрана. Со околу 64.000…
Асен Василев од бугарската владеачка партија „Промените продолжуваат“, кој е номиниран за премиер, изјави дека прво мора да се најде политичка поддршка, а потоа ќе се разговара за нејзиниот состав, јавува дописникот на МИА од Софија. „Исклучително важно е работите кои се вклучени во програмата на идната бугарска Влада за наредните шест месеци да се случат токму во овој период“, додаде Василев. Тој посочи дека „Промените продолжуваат“ сака да има 121 народен претставник кои јасно ќе стојат зад програмата, како и против големите бизнис интереси кои се обидоа да се протнат низ претходната влада на Бугарија и кои доведоа до…
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 219 мерки, меѓу кои 55 за возење над дозволената брзина, 16 за возење без возачка дозвола, 30 за возачите на мотоцикл, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за неносење на сигурносен појас, итн.
Во првите шест месеци од годинава се приведени 210 криминалци на територијата на Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Предмет на потрага, по наредби на суд, на Обвинителство и на казнено поправни установи, биле лица за кои се распишувани национални и меѓународни потерници: осудени лица со казна затвор, лица под истрага и со определена мерка притвор, лица оддалечени или лица кои избегале од казнено-поправни установи. Приведените 210 лица се осудени на вкупна казна затвор од 322 години и 9 месеци, а за доиздржување уште 228 години и 4 месеци. „СВР Скопје изготви План за оперативна акција „Кафез“, во кој…
Во градските подрачја во земјава во минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), живородени биле 11.224 деца, што е 60.2 отсто од вкупниот број на живородени деца, додека 7.424 или 39.8 отсто во руралните подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.9 отсто, а најмало Источниот регион со 6.3 отсто. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на породувања во градските подрачја е 29.9 години, а во руралните подрачја 28.4 години. Просечната возраст кај првите породувања во градските подрачја е 28.3 години, а во руралните подрачја 26 години. Во градските…
На територијата на Македонија во текот на 2021 година се регистрирани 739 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според видот на објектот, бесправно се изградени 210 објекти за домување (28,4 отсто), 102 доградби, надградби и адаптации (13,8 отсто), 73 деловни објекти (9,9 отсто), 29 гаражи (3,9 отсто), 128 огради (17,3 отсто), 6 скалила (0,8 отсто), 6 тераси (0,8 отсто), 6 летни тераси (0,8 отсто), 71 натстрешник (9,6 отсто), 23 времени објекти (3,1 отсто) и 85 помошни објекти (11,5 отсто). Најголем број од бесправно изградените објекти (95,7 отсто) се во приватна сопственост.
Владата вчера започна со широки консултации за францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на земјава и, според неа, тој е солидна основа за градење на став и во него се инкорпорирани сите наши барања и забелешки. Спротивно на тоа, опозицијата смета дека предлогот ги содржи сите бугарски барања и се приклучи на иницијативата за протест кој ќе се одржи вечерва во 19 часот на платото пред Владата. Во текот на вчерашниот ден, покрај средбата со коалицијата, Владата одржа консултации и разговори со експертската и со стручната јавност, како и со медиумите. Премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека пред нас имаме европски…
Прес-конференција на Христијан Мицкоски
Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 193 нови случаи на ковид-19 од 894 направени тестови и 97 оздравени пациенти. Нови случаи на коронавирусот се регистрирани во Скопје – 109, во Битола – 17, во Куманово – 15, во Кавадарци – 11, во Велес – седум, во Гостивар и во Штип – по шест, во Кичево – пет, во Прилеп – четири, во Тетово, во Струмица и во Радовиш – по три, во Кочани, во Гевгелија, во Неготино и во Демир Хисар – по еден. Регистрирани сe…
„Добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски“, пред малку твитна претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. „Добри вести дека Северна Македонија и Бугарија, со поддршка на Франција, се блиску до договор кој ги зема во предвид интересите и грижите на двете страни“, напиша шефицата на ЕК на Твитер. Таа додава дека ЕК е спремна да го почне скринингот за Македонија и Албанија на нивниот европски пат.
Од денеска до 3 јули во Дојран ќе се одржува 12. издание на „Д Фестивал“ на кој ќе настапат над 150 музички изведувачи и уметници. Програмата ќе се одвива на 15 различни сцени и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за фестивалските посетители. Првите посетители на „Д Фестивал“ пристигнале вчера во Дојран и ги поставиле своите шатори во Д Кампот, кој по две години ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма. Програмата на фестивалот денеска ќе ја предводат изведувачите чии настапи се закажани на Главната бина, односно Крудер и Дорфмаистер, Џулијан Марли, Кошин, Рундек…
„Блумберг Адриа“, првата пан-регионална, мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа денеска и официјално почнува со работа. Содржината најпрво ќе биде достапна на дигиталната платформа, додека телевизијата ќе почне со работа од наредната недела. Новата информативна мрежа, фокусирана на деловни и финансиски вести, ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија. Повеќе од 130 локални новинари, коментатори, аналитичари и финансиски професионалци ќе создаваат оригинална содржина на сите пет регионални јазици. Преку својата соработка со Bloomberg Media, Блумберг Адриа ќе го искористи известувањето на 2.700 новинари и аналитичари…