Author: Sashko

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање на прифатливо решение за македонско-бугарскиот спор и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за одблокирање на нашиот европски пат. „Нашата земја е пред историска одлука за отворање на преговорите со Европската унија и за затворање на сите спорни прашања со соседите. Затоа цениме дека ваквите шанси за компромис, кои не го загрозуваат идентитетот, јазикот и националното достоинство на нашите македонски сограѓани не треба да се пропуштаат, заради сигурната и прогресивната иднина на државата и регионот“, се наведува во соопштението…

Read More

Заеднички вежбовни активности на специјалните антитерористички единици на Министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија се реализираа денеска во Софија и оценети се како уште една потврда за добрата практична интеракција од областа на внатрешните работи меѓу двете земји. „Меѓу двете служби се имплементираат форми на прекугранична полициска соработка, содржани во ЕУ Шенген каталогот на препораки и најдобри пракси и во Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ. Токму, согласно таа Конвенција, во 2009 година се воспостави и функционира Заедничкиот контакт центар за полициска и царинска соработка „Деве Баир – Ѓуешево“, кој во тоа време беше единствен таков центар…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски ги собра лидерите на партиите во владеачката коалиција во Владата на разговори за европскиот предлог за евроинтеграциските процеси на Македонија кој вчера пристигна во Министерството за надворешни работи. „Со владината коалиција денеска разговараме за европскиот предлог врзан со евроинтеграциските процеси на Република Северна Макеоднија кој вчера пристигна во МНР и за процесот за консултација кој следи понатаму. Секоја одлука поврзана со предлогот ќе ја носиме заеднички и преку широк консултативен процес“, наведува Ковачевски.

Read More

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски пред почетокот на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата изјави дека не го видел француски предлог, иако било најавено дека утрово ќе биде објавен, но сепак го коментираше претходниот француски предлог и, како што кажа, во основа останува ист. Според Георгиевски, во тој предлог имало и позитивни работи и не требало целосно да се отфрла. „Она што е важно е тоа дека македонскиот јазик во францускиот предлог е дефинитивно без проблем ставен во натамошниот тек во односите со Европската Унија. Она што е уште поважно, а на што многу малку се става акцент во…

Read More

Во координација со министерот за финансии во наредниот период ќе поднесеме предлог за измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица, најави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција. „Мерката „Мој ДДВ“ го слави третиот роденден. Со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од 1 јануари во 2023 година, да се зголеми лимитот на поврат на ДДВ. Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со…

Read More

Офицерскиот дом во Битола, кој е изграден во 1912 година и претставува споменик на културата, се прогласува за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, изјави министерката во Министерството за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. На прес-конференција во Битола, таа нагласи дека Одлука за прогласување на Офицерскиот дом во Битола за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, ја донесе Владата на предлог на Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство. „Со одлуката е обезбеден највисок режим на заштита, кој подразбира трајно зачувување на Офицерскиот дом во изворна состојба, создавање на поволни…

Read More

Чешка денеска го презема претседателство со Советот на Европската Унија (ЕУ) од Франција. Ротацијата доаѓа во време на големи предизвици со кои се соочува Унијата во однос руско-украинската војна и последиците што произлегуваат од неа на пазарот со храна и енергенси, стагнацијата на економиите и вирусот ковид-19 кој, се чини, како полека да зема нов замав. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во текот на денот ќе се сретне со чешкиот премиер Петр Фиала во Прага за официјално предавање на претседателството. Приоритети на Чешка за време на шестмесечното претседателство ќе бидат војната во Украина и последиците од неа,…

Read More

Македонскиот народен театар (МНТ) со две претстави ќе гостува на повеќе сцени во рамки на летната турнеја од 3 јули до 15 август. Турнејата на МНТ ќе почне задутре со гостување на 15. „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија, со претставата „Не се клади на Енглези“. „Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарот на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор од земјава“, соопшти МНТ.Со новата претстава „Народен непријател“, која доби четири награди на МТФ „Војдан Чернодрински“, МНТ на 5 јули ќе гостува на Битолскиот летен фестивал – Битфест, кој покрај театар,…

Read More

„Продолжуваме со промените“ нема да го предложи Кирил Петков за нов бугарски премиер, изјави Атанас Атанасов од „Демократска Бугарија“ за БТВ, пренесувца бгнес.бг. Одлуката била донесена доцна синоќа во Советот. Атанасов додаде дека одлуката ќе биде објавена денеска и „Продолжуваме со промените“ треба веднаш да започне преговори со потенцијалните коалициски партнери за нова влада. Копретседателот на „Демократска Бугарија“ одби да го каже името на новиот кандидат за премиер, но коментираше дека тој е од партијата. „Ако се работи сериозно на создавање на нова влада, Кирил Петков не може да биде на нејзино чело. Гледам дека „Продолжуваме со промените“ реши сериозно…

Read More

Вечерва (20 часот) на камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп официјално започнува 48. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на земјава, вечер и утре, на Рудина кај Долнени, ќе ги разлеат гајдата, кавалот, зурлите, тапаните, ќе ги изведуваат изворните песни што се дел од богатото македонско фолклорно наследство. Годинава ќе настапат и гости од соседна Србија. Денеска од 11 часот во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е и симпозиумот на тема „Фолклорот во минатото и денес“ на кој ќе говорат еминентни етномузиколози. Ќе…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски за 11 часот најави средба со лидерите на партиите во владината коалиција на која ќе се разговара за предлогот на француското претседателство за кревање на бугарското вето и почеток на процесот на Македонија за членство во Европската Унија. „Веднаш по средбата, францускиот предлог ќе го објавиме на официјалната веб страница на Владата во интегрална форма“, соопшти Ковачевски. Тој најави оти во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. „Како што веќе најавив вчера, целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во…

Read More