Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Билансот на жртви во вчерашниот руски ракетен напад врз трговски центар во Кременчук се искачи на 18, повредени се 60 лица, додека над 40 се водат како исчезнати, јавуваат светските агенции. Францускиот претседател Емануел Макрон сподели видео на Твитер што е снимено по нападот. Russia’s bombing of a shopping centre in Kremenchuk is an abomination. We share the pain of the victims’ families, and the anger in the face of such an atrocity. The Russian people have to see the truth:pic.twitter.com/7drortbGSE — Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 27, 2022 „Ја споделуваме болката на семејствата на жртвите и гневот поради таквото злосторство.…
Во Мумбаи, финансиска и културна престолнина на Индија, се урна веќе оштетена станбена зграда, пришто три лица ги загубија животите, а 11 се повредени, соопштија официјални лица. https://www.youtube.com/watch?v=Rk_bu0fh9QA Четирикатната зграда се урна вчера вечер во областа Курла во Мумбаи. Десетина спасувачки екипи ги расчистуваа урнатините со цел да пронајдат најмалку четворица станари кои сè уште се заробени, пренесуваат индиските медиуми, повикувајќи се на локални официјални лица. Уривањето на згради е вообичаена појава во Индија во сезоната на монсуни од јуни до септември, во која силните дождови ги ослабуваат темелите на лошо изградените објекти.
Утрово околу 09:40 часот на подрачјето на островот Брач се урна спортски авион од типот цесна и, според првичните информации, сите патници ја преживеале несреќата. Како што пренесува агенцијата Хина од приватни извори, при падот на авионот се повредени неколку лица. На лице место се спасувачки екипи, а за целиот настан се очекува да се произнесат надлежните служби.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ моментно е во Полициска станица Центар каде поднесува пријава против Валмир Азири од ДУИ, државен секретар во Министерството за култура, кој преку социјалните мрежи се закани со физичко насилство. Азири, вчера преку Фејсбук, повика на насилство, а се закани кон сите кои тој ги смета за „антиалбанци“. „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Мина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, напиша Азири на Фејсук во реакцијата по вчерашниот инцидент на собраниската Комисија за европски прашања на која…
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) известува дека денеска (вторник, 28 јуни) почнува етапната исплата на јунските пензии. Подигнувањето на пензиите, преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток); и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на…
Претседателот Стево Пендаровски од денеска е во тридневна посета на Мадрид, Кралството Шпанија, каде што ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО, во чиј дел се и министерката за одбрана, Славјанка Петровска и шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Според агендата, Пендаровски, во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе присуствува на свечена вечера која, во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, ја приредува кралот на Шпанија, Фелипе Шести и неговата сопруга кралицата Летиција. Претседателот Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, утре и задутре ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на…
Три лица загинаа, а десетици се повредени откако воз излета од шините и удри во камион на необележан железнички премин во американската сојузна држава Мисури. Двајца од загинатите биле во возот, а еден во камионот. При несреќата осум вагони излетале од шините. Сè уште не се знае точно колку луѓе се повредени, но болниците соопштија дека примиле повеќе од 50 пациенти. Во возот кој сообраќал на линијата Лос Анџелес – Чикаго имало 243 патници и 12 членови на екипажот. Претседателката на американскиот Национален комитет за безбедност во сообраќајот, Џенифер Хоменди изјави дека е премногу рано да се шпекулира зошто камионот бил на шините и дека денеска ќе бидат…
Вкупно 46 мртви мигранти се пронајдени во камионска приколка во Сан Антонио, Тексас, во еден од најсмртоносните инциденти досега во трговијата со луѓе в долж границата меѓу САД и Мексико. Противпожарната служба на Сан Антонио соопшти дека уште 16 луѓе биле пронајдени во приколката и се пренесени во болница поради топлотен удар и исцрпеност, меѓу кои и четири малолетни лица. По инцидентот три лица се во притвор. Камион, кој превезувал мигранти, бил пронајден во близина на железничка пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот. Температурата на воздухот во Сан Антонио, што се наоѓа на околу 250 километри од…
Вака се однесува претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Мите Лефков на неговиот Фејсбук профил, како дополнување на постираниот видео материјалот од реакцијата на поранешниот министер за образование и наука. Пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за инцидентот на собраниската Комисија за европски прашања, а својот став, преку соопштение, го сподели и претседателот на парламентот, Талат Џафери. Од Кабинетот на Џафери соопштија дека веднаш била свикана координација на која биле поканети сите претставници на политичките партии во Собранието. Но, како што се наведува во дописот, се појавиле само Јован Митревски, координатор на…
Денеска во Мадрид почнува Самитот на НАТО на кој една од главните теми се очекува да биде новиот стратешки концепт што би ја дефинирал Русија како директна безбедносна закана за Алијансата. Самитот, кој ќе трае до 30 јуни, ќе се одржи во клучниот момент за Алијансата по неуспесите во Авганистан и внатрешните несогласувања по ерата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го повлече Вашингтон од НАТО. Во пресрет на Самитот во Мадрид, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ќе го зголеми бројот на војници во состојба на готовност од околу 40.000 на…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 11 до 21 степен, а дневните ќе бидат од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветар од северен правец. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Утринската температура ќе биде до 19, а дневната до…
Во изминатите три дена се направени 2.880 тестови преку кои се регистрирани нови 180 случаи на ковид-19, оздравени се 153 пациенти, а починати нема, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). Во Скопје се евидентирани 118 позитивни случаи, во Охрид – 12, во Кавадарци – осум, во Тетово – шест, во Битола и во Струмица по пет, во Штип и во Неготино по четири, во Прилеп и во Кочани по три, во Куманово, во Велес, во Гостивар и во Кичево по два, во Струга, во Ресен, во Радовиш и во Делчево по еден. Од вкупниот број на позитивни, 29 реинфекции. Евидентирани…