Author: Биљана Секуловска

Низ историјата, многу често, лидерите се дефинирани според тоа на кој начин одговарале на  големи кризи, експлозии од кризи, со кои се соочувале самите тие, нивната држава, светот. Стравот со кој се соочени денешните светски лидери не ја намали, барем последнава недела, нивната свесност дека местото во историјата кое тие сега ќе си го запишат самите е запис за добробитот на сите, што е единственото важно- кога мислите и решенијата им се вперени  исклучиво на сопствените граѓани. Постои само еден пат и една цел за политичките лидери во оваа војна во која сме сите заедно- да се мисли на два…

Read More

Секако дека има многу начини за спас од Корона вирусот, но ниту еден спас не е откриен во ниту една лабораторија во светот- спас од големите просветители како извесниот Зоран Витанов, инаку поранешен заменик-министер за економија (неколку месеци, 2001 година) и пратеник, сегашен самопрогласен месија кој чекори по Земјата како вакцина на глупоста, но пред се, разурнувачка бомба на опасноста. Лежерно сликан насред Виена, пред Катедралата, тој во видео обраќање до светското население ја има својата животна шанса да ги едуцира  загрижените луѓе со пресвртот- во кој тој е единствениот повикан кој има што навистина да им соопшти и објасни.…

Read More

Во серијалот на НОВА за лустрацијата, следува сведоштвото на судијата Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставниот суд. Жигосувањата и политичките пресметки преку лустрацијата беа еден од главните печати на владеењето, на режимот на Никола Груевски. За што бевте официјално лустриран Јас бев формално-правно официјално лустриран за дадена изјава дека не сум соработувал со службите за државна безбедност. Тоа е моја изјава дадена пред нотар, по барање на органите, дали сум соработувал со службите за Државна безбедност. За да се спроведе процесот на лустрација е предвидена таква обврска за сите носители на функција – дадат изјава со која ќе потврдат дека…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=FCdPBHTgqcQ Сигурната куќа од нејзиното отворање од Октомври 2017 година до овој момент е првиот безбеден простор наменет за најмаргинализираните припадници на ЛГБТИ 18+, концепиран како програма за резиденција која вклучува услуги за поддршка, најчесто обезбедени по основ на ризик од дискримнинација, семејно и друг вид насилство или ризик од бездомништво. Како функционира Сигурната куќа- говорат менаџерката Зорица Николова негователот Лазар Зафировски.

Read More

Една изјава на Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар ми пролета- како сите награди на манифестацијата Златна бубамара биле дадени на Македонци. Да имаше барем една за Албанец, за маја, напишал тој на Фејсбук. За маја. За маја да има барем еден Албанец. Веројатно има еден во оваа држава. Секогаш за таа оптоварена маја се бараат Албанци. Тие мора да бараат, за Македонците нешто да им даваат. Којзнае, можеби и посакувањето мора да се запише во некакви закони и правила. Да се посака да се биде еднаков, за маја. Мајата е ужасна работа, но, понижувачкиот дел е токму вкусот на сласта.…

Read More

Во серијалот на НОВА за лустрацијата, следува сведоштвото на Ѓунер Исмаил, поранешен министер,  политички аналитичар, активист- сведочење за политичката пресметка со него, во време на владеењето на Груевски. Еден од методите на тие времиња, меѓу што спаѓа и самата лустрација, беше јавно жигосување и организирање линч кон непослушните, критичарите- но, кон оние оставиле силна трага во историјата на оваа земја, кои ги поставиле темелите на државата, но и кои го претставуваат самиот темел. Всушност, нападот кон овие луѓе- беше напад кон самата држава.  За што бевте лустриран, кое беше официјалното образложение Дo крај не можам да се сетам на образложението,…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=JOiUFxHrei8&t=3s Пред неколку дена во македонската јавност излезе писмо, насловен како “Писмо на мајка на геј син”- се работи за семејство од Македонија, кое живее долго време во Австралија. Ова писмо е писмо на љубовта и поддршката кон својот син- кој како припадник на ЛГБТ заедницата им отворил нова перспектива, за која претходно и не знаеле- се станува подобра личност кога се прифаќа љубовта, како формула за среќа во едно семејство, рецепт за среќа воопшто. Затоа и пораката секако дека треба да се слушне- Мојот син е хомосексуалец- и јас го сакам- ова писмо и овие пораки се поттик за…

Read More

Тогаш кога паѓаат фасади од згради, паѓаат и глави, и тоа воопшто не метафорички, за жал, за огромна жал. Но, она што оплеменува во ваквата ситно калкулантска политичка поезија, е користа од струполувањето на фасадите на Скопје 2014 по плочниците за почеток, за главите сепак да останат бистри, по ветарот во Скопје неделава. Корнењето на душата од ваквите немили настани ечеше преку милозливиот баритон на оперскиот пејач, Игор Дурловски, попознат како еден од најважните актери во Крвавиот четврток- кога стапија на сцена уметничките величенствени тонови на насилство и дивјаштво во Собранието, врз опозициските пратеници- од страна на криминалните поддржувачи на…

Read More

НОВА го започнува серијалот кој се однесува на спроведувањето на лустрацијата во време на режимот на Никола Груевски- тоа е време на демонизирање, сатанизирање на неистомислениците и политичките опоненти, на одредени личности кои оставиле силна трага во историјата на оваа држава- како нејзини темели, тие мораа да бидат ископани и целосно уништени. Преку целосно фабрикување на историјата, лустрацијата преку нивното жигосување, имаше само една цел- да се спроведе историски и културен геноцид, кој мораше да биде изведен преку јавен линч и прогон, за да се дојде конечно- како велеше режимот- до прочистување, просветлување, олеснување.  Серијалот го започнуваме со сведоштво за…

Read More

Секогаш убавите вести ги бодат очите- Силвана Бонева, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, веќе цела година добивала пари на сметка од Агенцијата за вработувања во Струмица, по основ “бенефиции за невработени лица”. Само напред Бонева, ти можеш и повеќе, ова е премалку, недоволно изживување, ситен придонес од сите нас, кон тебе. Во Кралството кое ние ти го создадовме минатата деценија, во времето на владеењето на Груевски, таа остана една од пионерите на цицањето крв  од народот. Сетете се само која е таа, Бонева. На крајот на декември, 2017, таа беше осомничена за злоупотреба на службената положба и незаконско прибавување на 100.000…

Read More

Во целата таа лакрдија на случајот Рекет, во исто време и ништо, и се е јасно од самиот почеток, така како што само може да изгледа и крајот. Досега видовме една цела бркотница и гротескна претстава- некои се стромоглаво пропаднати ликови, други одамна сомнителни и докажано криминогени типови – Орце Камчев, Боки 13, Катица Јанева, Зоки Кичевскиот, за да следи понатаму и името на Фросина Ременски, па потоа да протрчаат и мајки и татковци накитени во бунди и Гучи топлинки, фатални жени и вистински љубови, којзнае се што нема во тој подземен арсенал. Она што особено е неверојатно е фактот…

Read More

Сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс е победник во Хемпшир, во внатрепартиската трка за демократски кандидат на претседателските избори на САД, борејќи се со Пит Бутиџиџ, екс градоначалникот на Саут Бенд, Индијана. По победата во Хемпшир во 2016 година, со маргина од повеќе од 20 поени во однос на Хилари Клинтон, се очекуваше Сандерс да однесе победа, како сенатор од соседна држава. Но, трката се заостри откако резултатите дојдоа во вторникот вечерта, уште еднаш произведувајќи изненадувачки тесна трка помеѓу Сандерс и Бутиџиџ, неговиот најголем ривал, но и можен победник за кандидат на демократите, јавува Си-Ен-Ен. ‘Да кажам дека оваа победа е…

Read More