Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Просто жалосно е како стигнавме до 111. место на Индексот на корупција на “Транспаренси интернешл”, досега најниско, безобразно ниско, некако наликува на најново, трагично дно. Но, она што сепак изгледа пожалосно, е што власта изгледа дека не разбира зошто тоа ни се случи. А најжалосен изгледа фактот што Власта е шокирана, онака, со искрено ококорени очи, на двегодишно дете кое не разбира што од него навистина се очекува. Неверојатна е оваа ситуација- овие луѓе не се преправаат, не глумат, нивниот шок е длабоко искрен дека некој им доделил дефиниција за корумпирана држава. Тој шок е чист како солза, бескрајно се…
Водечкото 111 место на земјава во корупција на Транспаренси интернешнл не може да радува, но секако дека изјавата на вице-премиерот за борба против корупција- Љупчо Николовски, е охрабрувачка, инспиративна, во целото дно. Како тој вели- не е пораснот степенот на корупција, таква е само перцепцијата на граѓаните. Тоа е само трик со кој граѓаните жонглираат, некаква нивна необјаснива илузија, расплинати и неповрзани ставови, кои не можат да оформат зрело, разумно мислење, замајувачки погледи, кои не значат ништо, а кога и значеле воопшто? Сосема олеснувачка состојба дека ништо и не се случува- тогаш, кога ќе се стават климавите, несигурни позиции на…
Се разбира дека пописот е политичка, подобро партиска, а не статистичка операција, како се што и досега било кај нас. Арбр Адеми од ДУИ крика дека нема да ги признае резултатите од пописот ако Албанците се помалку од 20 проценти. Заев, како и Пендаровски претходно, веднаш ги смири духовите и порача дека “никој нема право да задира во веќе срекнатите права, малцинските права остануваат, можат само да е развиваат”. Но, интересен е податокот кој го изнесе Адеми- бројот на учениците во 2017/2018 бил 64.22 проценти Македонци, додека ученици- Албанци биле 32.15 проценти. Во исто време, Мицковски повикува на бојкот на…
Секогаш се воодушевуваме кога ќе ја видиме имотната состојба на нашите драги функционери. Сеедно какви титули добивале тие низ сите овие години: големи политичари со надуени стомаци, важни директори со прелеани стомаци, ваши екселенции, мој наклон- намќорести амбасадори, високопочитувани сваровски партиски судии, намргодени шефчиња согласно партиските команди, висококотирачки изгубени партиски потрчкала, покорни, но сепак арогантни партиски полтрончиња, што се нема и кого се нема низ списоците на Антикорупциската комисија. Што се тие не освоиле низ годините, или експресно, за само една година, кладете се дека некогаш може да биде и пола месец, о, какво изненадување, дури и за неполн час…
За да знаете како функционира демократскиот свет, треба да ги тргнете маските во време на светска пандемија, како што тоа го сторија 15 функционери на ДУИ, притоа славејќи му роденден на лидерот, Али Ахмети. Така изгледа развиениот, западен свет насекаде- преполн е со неизживеана господа, провинцијалски умови, восхитени од моќта и сласта која ја носи политиката. Погледнете ги само светските вести- Холандија, Франција, Грција, насекаде околу вас луѓето кои добиле функција само со цел да му служат на народот, слават приватни журки, прослави, имендени, родендени, крштевки и слави во министерства, кои се всушност државни простории, кои имаат само една функција-…
Дружењето, патувањата, гушкањето со другарите и со другарките, концертите, насмевките без маски, а, неверојатноно вистинито, дури и училиштето се дел од нештата кои им недостасуваа не само на јунаците од популарниот детски серијал „Дајте музика“ туку, веројатно, и на сите луѓе на планетава во 2020 година. Во вонредни околности и со почитување на сите здравствени мерки и протоколи, продукцијата „Еден на еден“ со режисерот Зоран Зонде Стојановски спакува видеоспот, во кој главната порака е дека љубовта е најголемиот подарок. Продуцентката на серијалот, Цаци Паковска, истакна дека предизвикот за екипата беше огромен. „Дечињата, пред сѐ, се актери, а требаше да отпеат…
Доколку посакате повторно да влегувате во истражувања за удирањата во гради за големите или мали, македонски или бугарски корени, секако дека ќе налетате на секакви големи и мали документи, од кои со текот на времето ќе ви се сврти свеста. Еден од нив е од 15 јануари, 1971, објавен на сајтот на ЦИА, со наслов “Македонскиот синдром- хроничната криза на југословенско-бугарските односи”. Веројатно ќе прочитате се што и до сега знаевте за таа историја, која, како што пишува во документот, е прастара: “Историски, македонското прашање секогаш било живо само по себе, рефлектирајќи ги традиционалните балкански непријателства на бугарските и југословенски…
Можеби е добро што ќе се создаде барем еден ден, кога министерката Захариева ќе здивне. Ќе се осами, како што тоа мора некогаш да им се случи на политичарите, ќе замолчи за миг и ќе почне да размислува. Од каде прво да се почне. Ќе ги распореди асистентите и потрчковците пред неа, таа војска која се принудила да клима со главата кога се даваат главните команди- овојпат, таа посакала да биде затрупана со знаење. Енциклопедии, веројатно Британика, научни дела, тешки и правливи книги, мувлосани архиви, документи полни со историски сознанија. Тоа се премногу различно и произволно толкувани вистини, за одеднаш…
Да се сакаат политичарите, или да се мразат интензивно, сеедно е, и онака се е многу потешко со нив. Многумина од нив ништо од тоа не заслужуваат, дури и најнепријатната форма, да бидат презрени. Тие ги зголемуваат сите празнини, во нашите уште попразни животи, од нив зависиме, со нив паѓаме и пропаѓаме и ретко кога се издигнуваме. И се е тоа многу важно, тоа е смисолот на сите наши животи полни со дупки, се додека не наидете на некоја вест, навечер. Починал “Tаткото на модерната македонска архитектура”, “Eден од најважните 55 светски архитекти”, “Великанот на светската архитектура”, “Македонија загуби голем…
Апсурдите со бугарското негирање на се што е македонско, продолжуваат во нов жанр- тоа е еден мал, но скапоцен по самата суштина- комичен трилер. Сега на сцена настапуваат Ивица Дачиќ, претседател на српското Собрание, во комбинација со една турбо-фолк ѕвезда, Цеца Ражнатовиќ, еднакво позната како сопруга на Аркан. Седнале тие двајцата на високопрофилната и блескаво влијателна -ТВ Пинк, која замислила дека е седиштето на ОН и ЕУ и во слободно време се разрешуваат светски спорови со пригушени крици на прпелкањата на турбо порнографијата. Така тоа оди кога се води висока политика во царството на гранд ѕвездите- измеѓу две кревелења на…
“Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност”. “Тетовирани души”-Горан Стефановски Зачудувачки се, би рекле неразбирливи, ставовите на претседателот Пендаровски и министерката за култура Стефоска, нивните критики за најновото интервју на премиерот Заев, за бугарската агенција БГНЕС. Тие гледаат на иднината- дека таа е можна само има взаемна почит и зачувување на достоинството, но што знаат тие, кои се тие нешто воопшто да знаат и да посакуваат? Стефоска, светски признаена историчарка, давајќи му поддршка на Заев за досегашните напори и процеси, за кои знаеме дека се неспорни, практично му одговара на Заев- кога тој…
Конечно, колку пати треба да се тресне на масата и да се каже- доста е, никогаш повеќе. Пендаровски, Димитров и Заев постојано ја ставаат точката на сето понижување и небулози кои ги сервира официјална Софија и јасно порачуваат-еднаш засекогаш, да запамети Бугарија- дека разговорите ќе продолжат, но не и за македонскиот јазик и идентитет. Тој пак, премиерот, премногу мек и со кафифено одбрани зборови, се обидува да ја разнежи Бугарија, да ја воспита и преобрати. Дали е можно да е бескрајно наивен или се работи сепак за дипломатски вешт политичар, вистински мајстор на играта, кој трпеливо и педантно ги реди…