Author: Соња Крамарска

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешната традиционална Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“ им ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција. На манифестацијата беше промовирана заедничката книга „Бесконечното“ од Гордана Михаилова Бошнакоска и поезија од Аднан Озер. Како што посочија од ДПМ, преку оваа награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици. Во својата беседа за добитиците, Ерол Туфан на денешната манифестација посочи дека поетот Аднан најмногу зборува за мигрантите и за вредностите на помалите градови. -Темата на мигрирање од село во град е…

Read More

Потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес го свика денес вториот состанок на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 Д. Комитетот на денешната седница одлучи да и предложи на Владата формирање на екипите за експропријација, преговори и за спроведување на најголемиот инфраструктурен проект на нашата земја, кој ќе го реализира конзорциумот Бехтел Енка. Коридорот 8 предвидува изградба на автопатот според современи стандарди на патната инфраструктура во три правци: Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево,  Ќафасан – Струга-Требениште. Коридорот 10 Д предвидува изградба на автопатот Битола – Прилеп. Со изградбата…

Read More

Две девојки, едната од Македонија, а другата од Русија од јули до октомври минатата година биле „заробенички“ во угостителски објект во гостиварско, и биле експлоатирани сексуално и работно, за што Обвинителството по втор пат му го продолжи денес притворот на сопственикот на објектот. Девојките работеле едната на шанк и како келнерка, додека другата како танчерка. Искористувајќи ја состојбата на ранливост на дваесет и двегодишната Македонка обвинетиот и понудил заштита и времено засолнување од лице што наводно нудело пари за нејзино пронаоѓање, ја сместил во просториите на неговиот угостителски објект и и понудил работа. По одредено време, газдата побарал за неговата…

Read More

Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер” отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони (ТИРЗ). Во новата фабрика на фармацевтскиот гигант „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини и сл. Планирано е отворање на над 180 нови работни места со просечна плата двојно над државниот просек. Почетокот на градбата се планира во третиот квартал од 2022 година, додека сериското производство треба да започне во 2024 година. „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2 веќе го реализира првиот…

Read More

Бугарскиот главен град Софија влезе во жолтата зона на картата на двонеделната инциденца на Ковид-19 во Бугарија, објави Националниот центар за заразни и паразитски болести. Заклучно со 28 јуни, двонеделната стапка на смртни случаи за земјата е 51,17 на 100 илјади жители. Во изминатата недела (20-26 јуни) се регистрирани 1933 случаи на Ковид-19. Во претходната недела тие беа 1176. За периодот 20 – 26 јуни направени се 21.150 тестови, од кои 18.277 антиген и 2.873 PCR. Извршени се 23855 тестови во претходната недела. Минатата недела, потврдените нови случаи сочинуваа 9,14 проценти од статистичките показатели. За претходната недела тие претставуваа 4,93…

Read More

Русија воведе санкции за сопругата и ќерката на американскиот претседател Џо Бајден, јавува Ројтерс. Д-р Џил Бајден и Ешли Бајден се меѓу 25-те американски државјани на проширената листа на санкции, според руската новинска агенција РИА Новости. Повеќе детали се најавени за подоцна.

Read More

Нема нови моменти во однос на предлогот на француското претседателство со ЕУ за тргање на бугарското вето за евроинтегративниот процес. Разговорите продолжуваат на ниво на експертски тимови на МНР на Северна Македонија и Бугарија, изјави денеска на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски. Тој повтори дека Владата останува на ставот за францускиот предлог изнесен на прес-конференцијата во Брисел минатата недела и дека штом се дојде до прифатлив предлог од двете страни тој ќе биде процесуиран во институциите на државава. Ќе ве упатам на мојата прес-конференција што ја имав во Брисел и ставовите кои таму ги кажав се истите. Во моментов нема ништо…

Read More

Најмалку 18 лица загинаа, а 59 се ранети во руски ракетен напад врз преполн трговски центар во украинскиот град Кременчук вчера доцна попладнето, соопшти шефот на украинската Државна служба за вонредни состојби, Серхиј Крук. Службата за итни случаи сè уште трага по жртвите, изјави за „Киев индипендент“ Максим Коваљев, службеник за печат на администрацијата на регионот Полтава. https://www.youtube.com/watch?v=GU_OzvPwSHQ Се очекува бројот на загинати да се зголеми додека спасувачите продолжуваат со потрагата, рече Ковалев. https://www.youtube.com/watch?v=nPFixPsLf4Q Гувернерот на регионот Полтава изјави дека 36 лица се уште се водат како исчезнати по вчерашниот напад на трговскиот центар Кременчук, додека спасувачите продолжуваат да пребаруваат…

Read More

„Мислев дека ќе можам да ја задржам дипломатската пристојност, и да не говорам за отстранувањето на документите од архивата на МНР пред моето доаѓање во куќата, но кога ќе се поминат црвените линии на пристојност, сите треба да ги отвориме картите до крај“, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во подолгиот одговор на обвинувањата од неговиот претходник Никола Димитров, за начинот на кој МНР и Владата се справуваат со бугарското вето и францускиот предлог. Жестокоста на двете реакции ја шокира јавноста бидејќи судирот меѓу сегашниот и поранешниот министер се одвива без вообичаените дипломатски ракавици кога се работи за…

Read More

Кога Рама прави драма, тој е вест во целиот регион – вели еден истакнат албански политичар од македонскиот политички камп, осврнувајќи се на бурната недела што измина зачинета со досетките на албанскиот премиер Еди Рама кои со својот шарм и острина му дадоа белег на состанокот на лидерите од Западен Балкан со ЕУ. Така тој стана личност на неделата не само во регионот туку и во Брисел каде на оригинален начин и без заобиколување порача дека се прави неправда на Западен Балкан, а не се воздржа ниту на бугарските новинари да им викне алудирајќи на ветото кон Македонија: „Вие сте…

Read More

Владата врши консултации за најновата изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека во наредните денови може да се одржи меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, гласи одговорот што пред малку го добивме во „Илинденска“. Вархеји денес како што јави дописничката на МИА од Брисел изјавил дека веќе нема пречки Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ бидејќи Бугарија го прифатила решението, а Македонија и Албанија испорачале се што се барало од нив. „Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните…

Read More

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека првата меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија може да се одржи во наредните денови, јави дописничката на МИА од Брисел. „Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните чекор. Имам големи надежи дека меѓувладината конференција со Албанија и Северна Македонија може да се одржи за неколку дена. Овие земји испорачаа сѐ е што е побарано од нив. Тие се подготвени, треба и ние да бидеме. Имаме решение на маса кое е одобрено од бугарскиот парламент.…

Read More