Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Четириесет и пет македонски државјани се сопственици на 55 имоти во Дубаи чија вредност е проценета на 14 милиони долари покажаа последните документи кои протекоа од архивите на Обединетите Арапски Емирати. Податоците, кои датираат од 2020 година, ги доби американскиот Центар за напредни одбранбени студии, непрофитна организација која го истражува меѓународниот криминал и конфликти, а ги објави норвешкиот финансиски центар „Е24“, кој ја координираше истрагата за недвижниот имот. Во протечените документи ги нема имињата на македонските државјани кои се сопственици на имот ниту пак е наведено дали станува збор за вили, станови, згради, деловен објект, или пак хотели хотелски соби…
Министерската конференција во рамки на претседавањето на Република Грција со Процесот за соработка на Југоисточна Европа, е можност за нови перспективи и форми на заедничка соработка за зајакнување на безбедноста не само во регионот на ЈИЕ, туку и низ цела Европа, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на маргините на конференцијата. -Еден од нашите главни приоритети се заложбите за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативната меѓународна соработка на нашето Министерство за внатрешни работи со Министерството за заштита на граѓаните на Република Грција и тоа во повеќе области од заеднички интерес, како што е борбата против трговијата со луѓе…
Претставниците на ЕУ сè уште не постигнаа договор за предложеното ембарго против руската нафта, но се очекува да се приближат до договор на состанокот утре, пренесе пред малку Ројтерс цитирајќи извор од учесници во разговорите. Претставниците од земјите на ЕУ денеска ја имаа првата дискусија за предлогот, според изворот, кој рече дека состанокот завршил без формална поддршка за планот. Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија изразија загриженост за ембаргото за нафта, рече изворот, истакнувајќи дека договор може да се постигне на новиот состанок на пратениците утре. Во меѓувреме, заменик-премиерот на Бугарија, Асен Василев, рече дека неговата земја ќе бара изземање доколку…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Бугарија да и помогне на Украина за поправка на воената опрема оштетена во тековната војна со Русија, објави бугарската национална телевизија (БНТ). Украинскиот амбасадор во Софија, Виталиј Москаленко, поднесе писмо од Зеленски до бугарскиот Парламент, во кое украинскиот претседател вели дека властите во Киев се надеваат дека Бугарија ќе помогне во поправката на украинската воена опрема и ќе продолжи да им помага на Украинците кои бегаат од војната. Зеленски во писмото вели дека се надева оти Бугарија ќе продолжи да обезбедува и хуманитарна помош, вклучувајќи лекови, облека и храна. Тој се осврнува и на…
Отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград, Бугарија, ќе се случи до крајот на годинава, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Овој вид на културен центар го најави премиерот Димитар Ковачевски, како одговор на жестоките реакции што се појавија во јавноста по повод отварањето на бугарскиот културен клуб во Битола што го носи името на Ванчо Михајлов. Арсовски рече и дека се уште се „собираат информации“ за регистрирањето на здружението „Иван Михајлов“ во Македонија, преку кое е отворен бугарскиот културен клуб во Битола. „Владата се уште собира информации за околностите под кои е…
Познато е дека повеќе од две-три години не успеваме да се договориме со колегите од Скопје зошто и како треба да се слави Гоце Делчев во двете земји како обединувачка историска личност. Причината е сложениот и длабоко контрадикторен однос меѓу историјата и политиката. Ова го изјави Ангел Димитров, претседател од бугарска страна на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања, на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, пренесе бугарската агенција БГНЕС. „Историската слика на новиот југословенски комунистички проект, постоењето на македонска нација со вековни државотворни традиции, е целосно политички производ и таа станува задолжителна…
Скопје во претстојниот викенд ќе живее во ритамот на третото издание на Скопскиот Градски Фестивал. Во петок и сабота (6 и 7 мај) публиката ќе има можност да проследи исклучително интересни настапи на врвни музичари од различни музички правци и жанрови. Во петок на 6 мај Фестивалот ќе се одржува во Македонскиот културен центар а во сабота, на 7 мај во Филхармонија. Исто како и минатите две години, и ова трето издание на Скопски Градски Фестивал донесува возбудливо музичко искуство кое на публиката ќе и го овозможат најдобрите балкански и европски музичари. На 6 мај, во МКЦ ќе настапат Мухамед Ибрахими – извонредниот македонски…
Словачка и Унгарија денеска најавија дека нема да поддржат санкции против руските енергенси што Европската унија ги подготвува поради војната во Украина, велејќи дека се премногу зависни од тие испораки и дека нема непосредни алтернативи. Комесарите на ЕУ расправаат за нови предлози за санкции, кои би можеле да вклучуваат постепено ембарго на руската нафта. 27-те земји-членки најверојатно ќе почнат да разговараат за нив утре, но може да поминат неколку дена пред да стапат на сила мерките и не е јасно дали нафтата ќе биде меѓу нив, а и дали Словачка и Унгарија ќе добијат право да се изземат. Словачкиот министер…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше разговор со рускиот колега Владимир Путин, кој траеше повеќе од два часа, соопшти Елисејската палата пред малку. Канцеларијата на францускиот претседател не даде детали за содржината на разговорот, но најавено е и се очекува соопштение. Ова не е прв разговор на францускиот лидер со Путин, тие разговараа во неколку наврати од почетокот на руската офанзива врз Украина, која почна кон крајот на февруари. Разговорите, меѓутоа не се сметаа за успешни бидејќи не влијаеја на текот на војната и чекорите што ги преземаше Русија во досегашниот тек на агресијата.
Најмалку 17 лица се повредени на летот на SpiceJet во Индија, откако авионот влегол во силни турбуленции пред да слета во неделата вечерта. Боингот 737, со околу 200 патници и членови на екипажот, патувал од Мумбаи до Дургапур. Амит Баул, кој бил на летот, раскажува за хоророт што го преживеале патниците, некои од нив и со тешки повреди. „Беше топла неделна вечер во Мумбаи кога полетавме во 17.13 на два часа лет до источниот град Дургапур, каде што живеам и работам како бизнисмен. Немаше ништо невообичаено за време на летот: авионот беше полн според дозволениот капацитет, храната се служеше навреме,…
Со главниот државен ревизор Максим Ацевски разговаравме токму во периодот кога се финализираше ревизијата на потрошените средства за владина помош во пандемијата, со која беше утврдено дека 3,8 од вкупно 17,3 милиони евра од доделените пари не биле употребени за целта за која била наменета помошта. Додека враќањето на овие пари е во тек, разговаравме и за други аспекти на овој важен државен механизам, но и за тоа дали обвинителството реагира на сериозната бројка „сомнителни“ наоди кои ревизијата уредно му ги има испратено во последните пет години. НОВА: На какви неправилности најчесто наидувате во ревизијата на работата на институциите? -Согласно…
Норвешка соопшти дека ќе воведе забрана за рускиот патен транспорт и забрана на руските бродови да се закотвуваат. Во изјавата пред малку Аникен Хуитфелд, норвешка министерка за надворешни работи, рече: „Знаеме дека санкциите најдобро функционираат кога неколку земји ќе се договорат за нив“ и „со ова, го спроведуваме петтиот и последен пакет санкции на ЕУ“. „Санкциите се нашето најважно средство за притисок против рускиот режим“ и „од клучно значење е да застанеме со ЕУ и другите земји да продолжиме да ја ослабуваме способноста на Русија да ја финансира војната во Украина“, рече таа. Норвешката влада во соопштение објави дека почнувајќи од…